Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ што го пренесуваме интегрално. -Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, ...

Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижностите за периодот јануари – март годинава според кој бројот ...

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, во која го употребила терминот „северномакедонски“ при означување на македонскиот народ. Во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ‘северномакедонски’“. Од партијата оценуваат дека употребата на ...

Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, скопскиот и охридскиот, кои ...

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...

Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија. Со овој успех, PMG CONSTRUCTION уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната архитектура и современото градежништво. Ова беше четврто учество на македонската компанија на овој ...

На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?- праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси. Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на ...

Венко Филипче со закани за затворање медиуми кога ќе дошол на власт, но сега и новинари кои според него ќе му се извинувале, ако ја има моќта во раце. Директно му порача на новинарот на ТВ Алфа дека лично ќе му се извинувал. Покрај тоа повторно говореше и за некакво ослободување. -И вие ќе се извинувате што ме клеветевте дека имам куќа во Нерези, вие лично и ќе ве ослободам, му порача Филипче на новинарот Матеја Петровски. Уште на почеток на ...

Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал ...

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. -Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот ...

Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. – Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето која е предноста на државата – единствената компаративна предност што ние ја имаме ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса, соопшти дека нема да поднесе оставка, независно донесената одлука за формирање одбор за импичмент што повторно ќе ги истражува обвинувањата дека сторил сериозен прекршок со прикривање кражба на повеќе од половина милион долари во готовина од неговиот имот. Парите наводно биле скриени во кауч на неговиот ранч за одгледување диви животни. Во телевизиско обраќање до нацијата Рамафоса ...

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп на 26 мај ќе има годишен преглед во воената болница „Волтер Рид“. Трамп ќе биде подложен на „рутински годишни стоматолошки и медицински процени како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“. Американската јавност со внимание ја следи здравствената состојба на 79-годишниот Трамп. Неодамна тој се појави со модринки или промена на бојата на кожата на рацете. Белата ...

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот се соочува со криза од масовен глад доколку Ормуската Теснина набргу не биде отворена за сообраќај. Според нивните процени, речиси 45 милиони луѓе би можеле да останат без храна поради недостиг на ѓубрива, чии транспортни патишта во моментот се блокирани. Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека во нормални околности една ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија нема намера да ја заврши војната и дека Киев се подготвува за понатамошни напади. Зеленски ги даде овие коментари додека прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, поврзан со 81-годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија, се ближи кон крајот. „Денеска немаше молк на линијата на фронтот. Русија нема намера да ја заврши оваа војна и, за жал, се ...

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека разговорите во Европа за потребата од дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал, но и дека процесот се уште е во почетна фаза. „Важно е да се напомене дека Европа се повеќе почнува да зборува за потребата од дијалог со Русија. Тоа го поздравуваме. Тоа е позитивен развој на настаните, но се уште сме на почеток. Ќе видиме како ќе се развиваат работите“, рече Песков. ...

Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во ...

Кога повеќето луѓе почнуваат да планираат одмор, брзо сфаќаат колку се зголемуваат трошоците. Летовите, сместувањето, храната, превозот и екскурзиите можат да го претворат патувањето во значителен финансиски товар. Но, во последниве години, сè повеќе меѓународни патници посочуваат дестинација каде што искуството е спротивно на скапите туристички дестинации – Узбекистан. Оваа централноазиска земја, некогаш важен дел од Патот на свилата, стана ...

„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научното истражување. Во Центарот за иновации по роботиката се сместени 10 роботи, меѓу кои и хуманоидниот модел наречен Махоло Лабдроид (Maholo LabDroid), без човечко присуство“, пренесоа јапонските медиуми. Универзитетот има намера долготрајно да го ...

Маскирана група од неколку лица, вооружени со тешко оружје претпладнево извршиле грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во централна Грција и процените се дека одзеле околу 200.000 евра, по што побегнале, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, групата била добро организирана, најверојатно во филијалата влегле тројца, маскирани со капи, перики и маски, а четвртиот ги чекал во возилото со кое ...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила денеска во 18:55 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп, во Росоман. Имано, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ.(45) од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ.(89) од Росоман. -Од повредите на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, информира МВР. Известен е јавен обвинител ...

Во денешната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој истакна дека во изминатите скоро две години, актуелниот пратенички состав покажал конзистентност во работењето, истовремено упатувајќи остри критики кон политиките на претходната власт предводена од СДС. „Сметам дека се работи во последните две години, односно поминуваат и се навршуваат 2 години од мандатот на новиот ...

Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на Јутјуб (YouTube). Цртаниот филм, како што велат од Министерството, има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување. Видеото е достапно на ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на ...

Македонската ракометна репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за бараж дуелите од Светското првенство против Словачка. Во претходниот бараж дуел Словачка ја елиминира Украина со победа (27:24) како гостин (натпреварот се играше во Германија) и пораз на домашен терен (31:32). Но, селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, покрај за противникот зборуваше и за нашиот последен бараж со Фарски острови. – Имаме почит кон ...

Голем шумски пожар што гори во западниот округ Бровард предизвика густ чад над областа Холи Лејк во Пембрук Пајнс, Флорида, САД. Пожари горат во и во близина на областа на Националниот парк Еверглејдс, а повеќе од сто се активни во моментов. Полицијата во Пембрук Пајнс соопшти дека противпожарните и спасувачките екипи се распоредени по периметарот на заедницата Холи Лејк во близина на американскиот автопат 27 и булеварот Пајнс, додека ...

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската Унија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката на државата за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, ...

Шефот на македонската дипломатија Тимччо Муцунски реагира на денешната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека денеска двајцата не оствариле официјална билатерална средба. -Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам ...

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го одбележува 10 Мај – Светскиот ден на лупус, со цел подигнување на свеста за ова комплексно автоимуно заболување кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години. Годинава, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен акцент на една од најчувствителните теми – интеракцијата помеѓу лупус и бременоста. Токму во ...

Цезар салата

27 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
47%
1007
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.21
56%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
39%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
70%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
55%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59