Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот 33-годишен сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. „Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода ...

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди Доналд Трамп против лошото справување со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател на Пекинг велејќи дека тоа може да доведе до тензии или дури и конфликт меѓу двете земји, според кинеските државни медиуми. Ако прашањето за Тајван се решава лошо, тоа би можело да ги доведе односите меѓу САД и Кина во „многу опасна ситуација“, рече Шји за време на разговорите во ...

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување. Тој беше уапсен, а потоа и осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија, како и за објавување на дел од материјалите на ТикТок. Според подоцнежниот тек на судските ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, учествуваше на 29-тиот Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата „Мармара“, кој од 11 до 13 мај 2026 година се одржа во Истанбул, Турција. Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, се обрати на сесијата „Глобален дијалог на лидери“, на тема „Европската Унија во пресрет на променливите глобални и економски вредности: Поствоен свет со војни, терор, конфликти и присилни ...

Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али ...

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ги посети општините Крушево и Битола. Посетата на Крушево е дел од иницијатива за информирање на јавноста со цел да се приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Битола е во рамки на прославата на Денот на Европа низ целата земја. Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, посетата на Крушево ќе почне со средби меѓу амбасадорот ...

– Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна во Пекинг, каде што беше пречекан со високи државни почести пред самитот со неговиот кинески колега Си Џинпинг, на кој се очекува да се решаваат клучни прашања за глобалната економија и безбедност. За време на дводневната посета, лидерите на светските суперсили ќе разговараат за трговските тарифи, технолошката конкуренција, војната во Иран и односите на Америка со Тајван. Трамп се ...

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. – Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со ...

Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е ситемтски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. -Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од ...

Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата. Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена ...

Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...

Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за над 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Според него, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција. Како што рече Трипуновски во гостување на Алфа телевизија, како функционер по промената на ...

Кој и да дојде на власт во Бугарија, се држи до утврден концепт за Македонија, односно до студијата која е специјално изработен документ уште во 2008 година, со потпис од дваесетина научници, меѓу нив и актуелниот претседател на Бугарската комисија за историја, Ангел Димитров, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Таа во интервјуто за емисијата „Актуелно“ со Снежана Димовска на Македонското радио, нагласува дека во однос на тоа ...

Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство на чело на Љупчо Николовски, без никаков законски основ биле доделени на микро земјоделски производители на вино, објави Алфа. Јавниот повик за фиансиска поддршка бил распишан во 2023 година кога министер за земјоделство беше Николовски, и според наводите 50 милиони денари или околу 820 илјади евра биле доделени на мали семејни винарии. Парите, според информациите ...

Дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов, се дел од изложбата насловена „Визии – глава полна со луѓе“, што денеска беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Настанот беше реализиран од Здружението за архитектура, дизајн и култура АРХИФАКТ, неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк, како патувачки концепт во организација на Јасминка Намичева, во соработка со Марина Убавкова, стручен соработник за ...

Британскиот крал Чарлс III денеска во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот Парламент, ја претстави програмата на владата за следната година. Тој во говорот на отворање на нова парламентарна седница ги изнесе владините планови за усвојување на низа закони од областа на економијата, безбедноста, миграцијата, енергетиката и судството. Меѓу клучните економски мерки е и предлог-законот за национализација на челичната индустрија, со кој ...

Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...

На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите, согласно медицинските протоколи и стандарди, соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со наслов ...

Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија ...

Кремљ ја исклучи можноста за одржување мировни преговори со Киев сè додека украинската армија не се повлече од источниот регион Донбас, што делумно е контролиран од Москва. – За да се воспостави прекин на огнот и да се отворат вистински мировни преговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да им нареди на украинските сили да го положат оружјето и да се повлечат од Донбас, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ...

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека македонската машка сениорска репрезентација денеска заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027. Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на РФМ предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар. Од ...

Руската армија денеска презеде долготраен и комбиниран напад врз критичната и цивилната инфраструктура во Украина – јавија украинските медиуми. Според првичните информации, во нападите се лансирани повеќе од 200 дрона камикаѕе „Шахед“, а регистрирани се експлозии и дејствување на противвоздушната одбрана во централниот, западниот и во јужниот дел на Украина. При руските напади има повредени луѓе во Одеса, Хмељницк и во Киев. Главната ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејства врз три девојчиња што не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел можност во која на девојчињата на ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија ...

Дајте, еднаш засекогаш, сите да сфатиме дека: И УТРЕ ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ, ОД ЗАДУТРЕ ТОА ДА ВАЖИ, И ПО ТРИ ДЕНА ДА ГИ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО БРИСЕЛ, И БЕЗ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ – МАКЕДОНИЈА НЕМА НИКАДЕ ДА СТИГНЕ! НЕМА НИШТО ДА ПОСТИГНЕ, ОСВЕН ШТО ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПОТЦЕНИ И ПОСРАМОТИ, БИДЕЈЌИ ДОГОВОРОТ СО БРИСЕЛ ЌЕ МОРА ДА БИДЕ РАТИФИКУВАН ОД СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ. ИМА ЛИ НЕКОЈ ВО ОВАА НАША МАКЕДОНИЈА ШТО ВЕРУВА, ОЧЕКУВА, СЕ ...

Нашата одбрана е главното средство за одвраќање на Русија и во овој поглед сметаме на заем од 90 милијарди евра од ЕУ, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски на самитот „Букурештка деветка“ (Б9) во Букурешт. Тој додаде дека задачата на Украина е да обезбеди никогаш повеќе Русија да не може да поставува ултиматуми, да доминира над своите соседи или да започнува војни без последици. – Веќе направивме многу за да ја запреме војната ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.04
29%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.56
44%
1009
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.23
42%
1008
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
37%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.02
32%
1011
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
51%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
52%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.94
47%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.43
41%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.92
38%
1010
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
77%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.08
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Калај

53.60