Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во НАТКАСТ на КУРИР открива каква состојба затекнал – три плати немаа земено вработените во „Комунална хигиена“, како во некои претпријатија немаа земено и по 4 плати, 16 функционални камиони и ниту еден контејнер оставен вишок за да може да го промениме на одредена микро локација. Вели дека во Скопје проблемот е од два аспекти. -Првиот аспект на проблемот беше предизвикан поради немање на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен. „Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту да помага во планирањето операции ...
Владата на Тајван денеска го прогласи островот за „независна“ нација, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во која ја предупреди за евентуална декларација за независност што би можела да предизвика војна со Пекинг. „Тајван е демократска, суверена и независна нација која не е подредена на Народна Република Кина“, соопшти Министерството за надворешни работи на Тајван, додавајќи дека политиката на Вашингтон останува ...
Незаштитени косини, непредвидени клучки и натпатници при изградбата на патот Кичево-Охрид, незавршена експропријација, дисклокација на објекти и водови на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани … се само дел од проблемите со кои се соочила Владата по преземањето на надлежностите. Оттогаш, велат надлежните, напорно и интензивно се работи на решавање на проблемите со косините и свлечиштата за што ќе се градат 14 галерии. Рокот за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА. Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција. „Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. ...
По однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, мазут вреден 167 милиони евра, може да констатираме дека таму функционира еден тандем. Тандемот се обвинителите Абази и Коларевиќ коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДС, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција, рече на денешната прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски. – Дури и во прибирањето на ...
Кога станува збор за случката со волкот, сакам да им се заблагодарам на припадниците на МВР, од каде што ја добивме дојавата. Да им се заблагодарам на граѓаните кои совесно реагираа и пријавија и особено да се заблагодарам на вработените во Зоолошка градина кои реагираа веднаш со успивање на животното, носење до ЗОО и соодветен третман таму на кој подоцна се вклучи Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна градоначалникот на Град Скопје, ...
Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата. Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група ...
Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДС и ДУИ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДС и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал ...
По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Сиљановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што донираше подароци за децата. Градоначалникот порача дека ваквите гестови имаат за цел да внесат радост и дополнителна поддршка во нивното секојдневие. Тој посочи дека најсилен впечаток оставиле животните приказни, талентот и упорноста на младите. -Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има стипендисти на американски ...
Во услови кога природниот прираст во Македонија е во значително опаѓање, многу е важно да се зголеми грижата кон жените и целокупната поддршка на женското репродуктивно и семејно здравје, беше кажано денеска на прес-конфренцијата на која Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) говорше за Неделата на женското здравје која се организира по петти пат. Според најновите демографски податоци од 2025 година, во Македонија се ...
Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола, при што 65 луѓе веќе починале, а 246 се заразени. Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста поврзана со рударските ...
Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС во Њу Делхи заврши без заедничко соопштение поради „различните ставови помеѓу некои членки“ за ситуацијата на Блиски Исток. Во соопштението на индиското МНР се наведува дека земјите-членки ги изразила „своите национални ставови и поделиле низа перспективи“ за суверенитетот, поморската безбедност и заштита на цивилната инфраструктура и животот на цивилите на ...
На 13.05.2026 година во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 22-годишниот С.С.С. од Кралството Холандија. Според информациите од полицијата, тој бил приведен по претходна пријава дека околу 23:35 часот на подрачјето на Центар се однесувал непристојно и го нарушил јавниот ред и мир. Дополнително, во пријавата било наведено дека лицето наводно носело пиштол. Од МВР информираат дека по целосно документирање на ...
Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски информира дека проектот е во завршна фаза. -Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски. Тој додава дека се работи ...
За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Како што велат од партијата, новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското семејство и на секој ...
Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ѝ гостува на Турција во контролен натпревар во Истанбул, официјално потврди денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време. Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. Претходно, македонската ...
Директорката на Одделот за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денеска изјави дека во САД е потврдено дека лицето кое имало нејасен резултат на тестот, подоцна било негативно на хантавирус, со што вкупниот број на случаи во светот е намален од 11 на 10. Ван Керхове рече дека претходниот извештај на агенцијата вклучувал едно лице со неодреден резултат на тестот, а ...
На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 13.05.2026 во ...
Во три одделни полициски операции во окрузите Истанбул и Ескишехир, во текот на изминатите 24 часа, приведени се вкупно 42 службеници од општини управувани од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) под обвинение за корупција. Во Истанбул се спроведени две одделни операции – една против Големата општина Истанбул, при што се приведени 12 лица под обвинение за местење тендери, и една против истанбулскиот округ Ускудар, во која ...
Утврдивме дека мора да соработуваме бидејќи се работи за енергетика, се работи за стабилноста на снабдувањето за нашите граѓани, затоа оваа соработка мора да продолжи и да се продлабочи“, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во разговор со дописничката на МИА од Атина по завршувањето на првиот квадрилатерален министерски состанок, на кој, освен нашата земја и домаќинот Грција, учествуваа и ...
Јапонската премиерка Санае Такаичи соопшти дека за време на телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, двајцата го потврдиле непоколебливиот сојуз меѓу Јапонија и САД. Трамп разговарал со Такаичи додека бил во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ само неколку часа по завршувањето на неговата дводневна посета на Кина. Разменивме мислења за прашања поврзани со Кина, вклучително економијата и безбедноста, и ја потврдивме ...
Завршен е повикот за избор на компанија што ќе ги финансира трите капитални проекти во сферата на здравство и тоа во Штип, Кичево и Тетово. Владата наредната недела ќе ги анализира доставените понуди, најави денеска од Кичево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Што се однесува до проектите поврзани со здравството, знаете дека тие се дел од стратешкото партнерство со Обединетот Кралство. Министерството за финансии веќе имаше ...
Брод за поддршка во сопственост на малезиската компанија „Вантрис Енерџи“, порано позната како „Сапура Енерџи“, помина низ Ормуската Теснина. Тоа е четвртиот брод поврзан со Малезија што поминува низ Ормуска Теснина од почетокот на војната помеѓу САД и Иран, што почна на 28 февруари. „Сапура 1200“ е еден од седумте бродови за кои малезиската влада побара дозвола од Иран да поминат низ мореузот, што во голема мера останува затворен по ...
На 14.05.2026 во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.С.(70). -Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а сопственикот Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 14.05.2026 во 11:05 часот вo СВР ...
Се поизвесно е дека и оваа и следните години што ќе следат, безбедноста ќе биде примарна цел на правниот и политичкиот поредок на меѓународната сцена. Високо на агендата во скоро сите држави ќе биде носењето на одлуки поврзани со безбедносни и одбранбени, развој на научно истражувачки центри и засилување на воено индустрискиот капацитет на државите. НАТО во својата стратегија предвидува дека во следната деценија светот ќе биде исполнет со ...
Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските ...
Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на новинарско прашање за исплатата на ...