САД поставија пет главни услови во својот одговор на предлогот на Иран, поврзани со нуклеарната програма на Иран и замрзнатите средства, објави денеска иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извори. Според агенцијата, американската страна го отфрлила барањето за исплата на какви било компензации кон Иран и побарала предавање на залихите со високо збогатен ураниум. Вашингтон, исто така, барал само една нуклеарна централа да остане ...

Израелската влада ја чека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Се вели дека има сè повеќе индикации дека Трамп заклучил дека Техеран не е подготвен да ги прифати неговите услови за прекин на војната. Њујорк Тајмс во петокот објави дека Пентагон се подготвува за продолжување на војната бидејќи првичните цели на Вашингтон не се исполнети, особено во врска со нуклеарната програма на Техеран. Според Тајмс, кој се повикува на двајца ...

Денеска (17.05.2026) во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оддаде почит на загинатите припадници на Единицата кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните. Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за ...

Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни ...

Денес, по повод Светскиот ден на семејството, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше хепенинг во паркот Авионче во општина Аеродром, настан посветен на дружење, семејни вредности и активности за најмладите заедно со нивните семејства. Во рамки на настанот, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, даде изјава за медиумите, истакнувајќи го значењето на семејството како темел на општеството и важноста од негување ...

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дозволи да заврши контроверзното ослободување од санкциите врз руската нафта што се испорачува по море, што привремено им дозволи на земјите како Индија да продолжат да купуваат руска сурова нафта и покрај напорите на Западот да ги намалат приходите на Москва од воениот период, објави денеска Радио Слободна Европа. Овој потег, кој стапи на сила вчера откако Министерството за ...

Фотографијата објавена на Truth Social го прикажува Трамп во воен амбиент, со бродови, молњи и порака што многумина ја протолкуваа како предупредување. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со објава на AI-генерирана фотографија на Truth Social, овојпат со предупредувачка порака: „Тоа беше затишје пред бура“. Со оглед на зголемени тензии околу Иран, фотографијата ги оправдува стравувања дека САД би можеле ...

Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со ...

Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти“ влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори. Овие не се гласот на студентите. Овие се гласот на ДУИ. Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се ...

Како иден премиер, прв закон што ќе го потпишам е законот за нулта толеранција на корупцијата, веднаш по победата на СДСМ на следните парламентарни избори, истакна денеска на прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче нагласувајќи дека борбата против корупцијата ќе се води во соработка со Европското јавно обвинителство. – Борбата против корупцијата мора да биде системска и ефикасна, со директна вклученост на Европското ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека работите за ставање во употреба на граничниот премин Клепало на македонско-бугарската граница од наша страна се завршени, како и дека од бугарска страна проектот почнал да се реализира и дека очекува тоа да продолжи по изборот на новиот министер за транспорт во Софија. -Во однос на Клепало, од наша страна целосно се завршени работите. Во координација со релеватните ...

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека навозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. -Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект – експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение. – Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за ...

По половина година интензивна работа граѓаните на Виница конечно добија нов затворен градски пазар на површина од 1.810 квадратни метри со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 тезги. За негова изградба беа потрошени 24 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Виница. Покрај тоа извршено е и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар за што се ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска ја посети Виница, каде беше пуштен во употреба нов градски пазар, во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека се става ред и дисциплина во во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас. Смета дека нема да има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места. -Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој ...

Имиграциската служба на Венецуела соопшти дека во САД е екстрадиран бизнисменот Алекс Саб, близок соработник на поранешниот претседател Николас Мадуро. Саб е уапсен во февруари во Каракас во рамките на заедничка операција на на венецуелските и американските власти. Саб би можел да им обезбеди на американските власти информации поврзани со обвиненијата против Мадуро. Поранешниот венецуелски претседател и неговата сопруга Силија Флорес во ...

Авион на австралиската авиокомпанија Квантас, кој летал за САД, бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот. Авионот во петокот полетал од Мелбурн за Далас, но бил принуден да слета во главниот град на Француска Полинезија, Папете, поради патник под дејство на алкохол. Проблематичниот патник откако каснал член на екипажот бил совладан од патниците. По слетувањето во Папете мажот е приведен и му е изречена забрана за летање со сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...

Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите. Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек. Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди ...

Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува во Атина од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански земји се согласија да ја ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со ...

Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДС и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони ја откажа денешната посета на Кипар поради инцидентот во Модена, при што се повредени седум луѓе, од кои двајца се во критична состојба. Инцидентот се случи вчера откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, а потоа со нож ги нападна лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне. Напаѓачот е приведен и е идентификуван како 31-годишен италијански државјанин со ...

Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до ...

Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет. Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името. Филипче не гледа проблем во тоа да сме држава од 1945 ...

Единствена причина на СДСМ да дојдат на власт се лукративни причини, нема Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, граѓанин во нашата држава Република Македонија на кој што не му е јасно нивното делување, изјави во своето гостување во поткастот „Наткаст“ со Љупчо Цветановски градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски запрашан околу последните инфантилни дисквалификации и навреди кон Гоце Делчев и апсурдното приклонување кон бугарската ...

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ, соопштија од МВР. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на ...

Речиси да нема место во Македонија, кое нема назив поврзан со епскиот јунак Крале или Крали Марко, кој е најопеан во народното творештво и кој загинал на 17 мај 1395 година во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирче. Често месности добивале назив Марков таму каде што има големи камења, со вдлабнати стапки од неговиот коњ Шарец или без нив, познати како Марков камен. Народот величејќи ја неговата јунаштина, во преданија, пренесувал ...

Швајцарската федерална разузнавачка служба соопшти дека ќе ги отвори запечатените досиеја за озлогласениот нацистички воен злосторник Јозеф Менгеле, но без наведување на рокот. Тој избегал од Европа по Втората светска војна, но со години постоеле гласини дека некое време престојувал во Швајцарија, иако имало меѓународен налог за негово апсење. Историчарите постојано бараа пристап до досиејата, но швајцарските власти одбиваа. Менгеле бил лекар ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.13
31%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.49
43%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
3.64
44%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.34
38%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.88
34%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
55%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.58
44%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.97
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.32
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
3.13
74%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 23ᴼ
0.59
54%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54