Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, денеска обвини дека случајот „Мазут“ доживеал „тивка амнестија“ по одлуката на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да ја прекине истрагата. Милошоски на прес-конференција изјави дека главниот обвинител во ЈО ГОКК, Ислам Абази, има „лична и политичка концесија“ кон лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ Венко Филипче, ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го напушти Пекинг и е на пат кон САД по дводневните серија средби со кинескиот претседател Шји Џинпинг, насочени кон решавање на отворените несогласувања меѓу двете најголеми економии во светот. Авионот „Ер Форс Уан“ на американскиот претседател полета од меѓународниот аеродром во Пекинг, по церемонијата на испраќање на пистата, објави Си-ен-ен. За време на тридневната посета на Кина, Трамп ...

Кинеските власти денеска повикаа на целосен прекин на огнот на Блискиот Исток и повторно отворање на Ормуската Теснина, по самитот меѓу претседателите на Кина и САД, Шји Џинпинг, и Доналд Трамп. „Морските патишта треба да се отворат што е можно поскоро, како што бара меѓународната заедница… Мора да се воспостави сеопфатен и траен прекин на огнот што е можно поскоро“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, објави ...

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат- рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и ако е потребно уште ...

Да се биде прв човек на градот е чест, но уште поголема одговорност. Одговорност пред граѓаните. Пред мојот народ. Пред секој човек кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и резултати, посочува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните. Дојден сум граѓаните да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, она што со години, со децении ...

Полската влада денеска соопшти дека нема индикации за промена во бројноста на американските војници стационирани во земјата, по медиумските извештаи во кои беше посочено за откажување на претходно планирано распоредување американски сили. Портпаролот на полската влада, Адам Шлапка, изјави дека присуството на американските трупи во Полска е уредено врз ротациска основа и оти нема потврда за измени на таквиот модел. „Нема потврда дека тоа се ...

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостувања во „Ноќно студио“ на „4ТВ“ дискутира и за можноста од евентуални предвремени избори, при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив кога и да се одржат во согласност со анкетите што укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, а државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на кои е посветена Владата, се вели во соопштението од ...

Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ...

Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега е ред да се извинат на граѓаните на Македонија, се наведува во ...

Една недела по капитулацијата на фашистичка Германија, на 15 мај 1945 година, поранешна СФРЈ дефинитивно се ослободила од окупаторот, а за тие 6-7 дена загинале голем број Македонци во завршните операции на Сремскиот фронт. Како што е познато, 9 мај се смета за Ден на победата над фашизмот или по ново Ден на Европа, а во некои европски држави како официјален датум за крај на Втората светска војна се смета 8 мај 1945 г. кога капитулирала ...

Германскиот судија Даниел Зиберт е назначен за финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал на 30 мај во Будимпешта. Германецот не е вклучен во широкиот список на судии одобрени да судат на овогодинешното Светско првенство во Америка. Германската фудбалска асоцијација е претставена само од еден судија, Феликс Цвајер. Покрај тоа, поканет е и германскиот видео-асистент судија Бастијан Данкерт. Од некоја причина, Зиберт не беше сметан ...

Ракометната репрезентација на Македонија си ја заврши задачата и убедливо славеше на гостувањето кај Словачка со (31-24) во рамки на првиот дуел од баражите за (СП) кое во 2027 година ќе се игра во Германија. Со овој убедлив триумф, екипата на Лазаров е со едната нога на уште еден ракометен Мундијал, десетти во низа за нашиот национален тим. Најдобар стрелец во нашиот табор беше Филип Кузмановски со десет гола, пред Милан Лазаревски со седум ...

Меѓународниот трибунал на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија ја одби молбата за предвремено ослободување на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и злосторства против човештвото. Трибуналот соопшти дека ја отфрлил молбата на 84-годишниот Младиќ, кој бараше предвремено пуштање на слобода од хуманитарни причини поради влошена здравствена состојба. Во јуни 2021 година, Младиќ беше правосилно ...

Возач попладнево прегазил дете на возраст од околу 8 години со автомобилот „Мерцедес“ во скопската населба Драчево, соопшти полицијата. Детето е веднаш префрлено во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. -Денеска (14.05.2026) во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во ...

Иако анкетите покажуваат огромна доверба за владејачката партија, Владата останува на ставот дека на Македонија и е потребен период на стабилност и реализација на ветеното, наместо нови изборни циклуси. Ова го потврди портпаролката Марија Митева во гостувањето на 4ТВ, одговарајќи на прашањето дали се планираат предвремени парламентарни избори. Митева појасни дека доколку ВМРО-ДПМНЕ се води исклучиво од математики и висок рејтинг, изборите би ...

Започна исплатата на парите од МојДДВ за скенирани фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година, информираа од УЈП. Исплатата се реализира етапно, согласно обработката на налозите. Според објавените податоци, парите ќе добијат 528.447 корисници, а вкупно бидат исплатени близу 836 милиони денари (13,6 милиони евра). Од УЈП информираат дека кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата засега ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко ...

Во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека оваа Влада за разлика од претходната и покрај наследените проблеми и предизвици и покрај ограничените ресурси, со голем труд и посветеност напорно работи за подобрување на работите во државата. „Се уште се санираат штетите, не се завршени оние процеси коишто навистина од ден за ден се појавуваат низ институциите како наследени проблеми и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва истакна дека лично верува оти премиерот Христијан Мицкоски никогаш не би влегувал во какви било незаконски комуникации или пак би влијаел врз некој обвинител за да постапува на одреден начин. Тошковски ова го истакна во „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето за телефонскиот разговор на Мицкоски со јавниот обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут“, за што опозициската СДСМ обвини дека ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството. Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази. – Јас сум шокиран и разочаран од ...

Индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њу Делхи разговараа за состојбата во Украина, Блискиот Исток и за зајакнувањето на билатералната соработка. Средбата се одржа по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на БРИКС, при што индиската страна повторно го истакна ставот дека дијалогот и дипломатијата се неопходни за решавање на конфликтите. Во соопштението од ...

Поранешниот директор на ЦИА и ексминистер за одбрана на САД, Леон Панета, оцени дека Иран со контролата врз Ормуската Теснина ѝ држи „пиштол на чело“ на Америка и предупреди дека војната би можела да трае уште неколку месеци. Панета, кој беше директор на ЦИА од 2009 до 2011 година и министер за одбрана од 2011 до 2013 година во администрацијата на Барак Обама, изнесе песимистична проценка за шансите на актуелниот претседател Доналд Трамп да ...

Холивудската ѕвезда Вин Дизел и дел од оригиналната екипа на култниот акционен филм „The Fast And The Furious“ се претставија пред светските медиуми во Кан, одбележувајќи ја големата годишнина – 25 години од почетокот на оваа глобално популарна сага. Канскиот филмски фестивал послужи како ретроспектива на четврт век успех што го виде „The Fast And The Furious“ како прераснува во една од најпрофитабилните филмски франшизи на сите времиња. ...

Селекторот на македонката машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров очекува исцрпувачки и тензичен натпревар вечерва против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027. Лазаров посочи дека македонските ракометари се свесни за важноста на дуелот против неатрактивен, но квалитетен противник. „Влогот е огромен. Изминатата деценија постојано сме присутни на светските и европските првенства и тоа е дополнителен притисок за нас. ...

Д-р Тина Пирс ја изградила својата лекарска кариера како специјалист за менопауза, но во ковид-пандемијата се соочила со нови и неизвесни ситуации, кои ја натерале да го прошири својот фокус и да се бори за пациентите со долготрајни симптоми. Не постојат какви било контроверзии за нејзината стручност, напротив, освен разликите со официјалната медицина во врска со ковидот, мНРА-вакцините и начинот на лекување. Не е антиваксер, далеку од тоа, ...

Предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле ...

УЈП информира дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година. Исплатата се врши етапно, согласно обработката на налозите. – Кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари. Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира се додека податоците не се коригираат. Кај 7.560 корисници износот за поврат е ...

Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се ...

Предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле ...

Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија. И при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните, рече Михаил Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија при денешната посета на историско и туристичко Крушево. -Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.04
29%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.56
44%
1009
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
5.23
42%
1008
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
37%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.02
32%
1011
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
51%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
52%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.94
47%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.43
41%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.92
38%
1010
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
77%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.08
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28