Во седиштето на партијата Демократи 66 (Д66) во Хаг, на премиерот на Холандија, Роб Јетен вчера експлодирала бомба поставена во поштенско сандаче, соопшти денеска полицијата. Во инцидентот никој не е повреден, а еден 37-годишен маж, осомничен за нападот, е приведен. Јетен изјави дека нема да биде заплашен од чинот. Во моментот на експлозијата во штабот на Д66 се одржувало состанок со подмладокот на партијата, при што имало околу 30 луѓе. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија ...

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани. Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските ...

Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12% од вкупниот број ...

Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници од возило VW Голф 5, коешто изгубило контрола помеѓ 24-ти и 25-ти километар од магистралниот пат од Тузла, пришто излетало од коловозот и удрило во дрвја покрај каналот. Автомобилот останал искосен и заглавен во каналот, а двајцата патници во возилото, маж и жена, биле делумно потопени во водата од каналот. ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката Варнс со ангажманот на ...

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. -Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината. Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјава на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. – Не ...

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија,“ порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да го поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во различни спортски дисциплини ...

„Лидерот“ на СДС које е единствениот Македонец кој не гледа бугарски атак врз македонскиот идентитет „искрши нозе“ прв да му честита на Румен Радев за владата во Бугарија. Во честитката, пак, има две личности. Венко, па Филипче, пишува Курир. Ни половина час по изборот во парламентот, Венко во име на СДС прв во светот му го честиташе мандатот на Румен. Во честитката се однесува како познатиот волшебник Тарара, кој 5 минути е добар, а 5 минути ...

СДС и Филипче немаат црвени линии, тие за власт веднаш би направиле нови предавства, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка. Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го продолжи, со ...

Од денеска привремено ги гасиме коментарите на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи.Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 отсто од медиумскиот простор во Македонија (Петер Шац, Агнеш Адамик и компанија), против која веќе започнаа истражни дејствија од страна на унгарската полиција, а наскоро се очекува и вклучување на Европското јавно обвинителство, криминална група ВМРО користи и платформи и трол-фарми на ...

На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го преенсува ...

Бугарското Народно собрание, по бурна расправа, денеска ја избра новата влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно гласаа 230 пратеници. Во ...

Северна Кореја планира до крајот на годината да распореди нова артилерија, односно самоодни хаубици, долж границата со Јужна Кореја, објави денеска севернокорејската агенција КЦНА. Според агенцијата, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун посети фабрика за муниција и изврши увид во производството на нов тип самоодна хаубица од 155 милиметри, наменета за единиците на далекуметната артилерија распоредени долж јужната граница на земјата, пренесе ...

Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Љупчо Пренџов. Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата: Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите ...

Ученик од седмо одделение од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил список за ликвидација на негови сооученици и на нивните родители. На списокот имало имиња и презимиња на соучениците и датум за извршување на заканата. Родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во Подрачното одделение ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал, посочувајќи истовремено дека прашањата за нерезидентно државјанството, односите со Бугарија и енергетските политики се комплексни и мора да се решаваат преку уставни принципи, јавна дебата и почитување на човековите и еколошките стандарди. Во изјава за медиуми по отворањето на „Генералка Викенд“, ...

Новинарката Ирена Радовановиќ почина денеска, по долго боледување, на 53-годишна возраст. -Пријатели, познаници, колеги, роднини! На 8 мај 2026 од овој земен свет замина нашата светлина, Ирена Радовановиќ! Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на ден 9 мај 2026 г. (сабота) во 11 часот. Ве замолуваме, ако некогаш ве носи патот до некој храм, запалете по една свеќа и помолете се за нејзината душа. Го сакаше Господ, ги сакаше луѓето, го ...

Институтот за јавно здравје ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 потврдени како ...

Американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон. Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. Судот оцени дека воведувањето на царините согласно членот 122 од Трговскиот закон од 1974 година било неправилно. ...

Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 ...

Министерот за правда на Србија, Ненад Вујиќ синоќа соопшти дека првата верзија од измените на пакетот судски закони ќе биде испратена денеска до известителите на Венецијанската комисија, по што одредени делови ќе им бидат објаснети за време на онлајн состанок. На втората јавна расправа одржана вчера, за можни решенија за измена на пакетот судски закони во согласност со Уставот, законите и препораките на експертите на Венецијанската комисија, ...

Американскиот сојузник Обединетите Арапски Емирати соопшти дека нивната противвоздушна одбрана рано утрово одговорила на нови ракетни и беспилотни напади од Иран, што претставува нов тест за кревкото едномесечно примирје меѓу САД и Иран, пренесува Хина. За најновиот напад врз ОАЕ, кој следуваше еден ден по размената на оган меѓу САД и Иран околу Ормуската Теснина, додека Вашингтон го очекуваше одговорот на Техеран на американскиот предлог за ...

Глобалната перцепција за САД се влошува втора година по ред и сега е полоша дури и од ставовите за Русија, покажува годишното истражување за демократијата објавено денеска, додека политиките на американскиот претседател Доналд Трамп продолжуваат сериозно да го оптоваруваат НАТО-сојузот, пренесува Хина. Фондацијата „Алијанса на демократиите“, со седиште во Данска, која го нарачала истражувањето, соопшти дека САД најчесто биле посочувани како ...

СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги ...

Иранската агенција Фарс соопшти дека биле слушнати неколку експлозии во близина на градот Бандар Абас, додавајќи дека потеклото и точната локација на детонациите засега не се познати, пренесе Ројтерс. Во меѓувреме, агенцијата Мехр јави дека одекнале експлозии и на островот Кешм, кој се наоѓа наспроти Бандар Абас во Ормуската Теснина. Американските вооружени сили денеска ги нападнаа иранското пристаниште Кешм и Бандар Абас, објави на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази” на Коха, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си ...

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат ...

Колегите од културата го обвинуваат дека делува против интересите на културните работници и неговото делување го оценуваат како предавство. Ова не е обично недоразбирање меѓу политичар и вработени во било кој сектор, тежината е многу поголема бидејќи тој не е само министер, туку и актер со децениска кариера. Во „Меѓу редови“ на КУРИР со Зоран Љутков разговаравме за протестите на СКРМ и за тоа што се крие зад нечие избегнување да биде потпишан ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
6.71
79%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.01
50%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
54%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.58
66%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
48%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
59%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01