Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Заместник-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, синоќа изјави дека разговарал со боливискиот претседател Родриго Пас, при што изразил загриженост поради ескалирачките немири во јужноамериканската држава. Демонстрациите во Боливија започнаа како штрајкови во почетокот на мај, но прераснаа во национално движење по вклучувањето на синдикати, рудари, транспортни работници и рурални групи. Протестирачите бараат Владата да ги укине мерките ...
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај 2026 година, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Вучиќ ќе престојува во посета на Кина на покана на претседателот на земјата, Си Џинпинг. Претседателот на Србија неодамна изјави дека дека оваа посета ќе биде за него најзначајната досега. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ...
Бугарскиот премиер Румен Радев очекува американската страна да побара продолжување на престојот на воените авиони и цистерни на Военовоздухопловните сили на САД на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Како што истакна на почетокот на денешната владина седница, оваа воена техника е стационирана на софискиот аеродром врз основа на одлука на Министерскиот совет на кабинетот на Росен Жељазков, со рок на престој до крајот на мај, пренесува БТА. ...
Глобалната продажба на електрични возила веројатно ќе добие дополнителен поттик поради војната во Иран, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), со појаснување дека постојано високите цени на нафтата го поттикнуваат преминот од мотори со внатрешно согорување. МАЕ, чие седиште е во Париз, објави дека глобалната продажба на електрични возила веќе пораснала за 20 проценти во 2025 година, достигнувајќи над 20 милиони единици, што значи ...
Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански, туку организирани и предводени од страна на левичарската ДУИ, партија на марксисти – ленинисти, која по нарачка на Белград, за нивни потреби, отвара или затвора етнички прашања и тензии во Македонија и регионот, стои во соопштението од партијата кое МИА го објавува интегрално. Овие настани беа чин на примитивен шовинизам, кој има за цел да ...
Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче и СДСМ. Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел – да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси – изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој соопшти дека испратиле писма до претседателот на Собранието, Африм ...
Владите на Европската унија расправаат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел би можеле да ја претставуваат Унијата во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот весник во денешниот извештај посочува дека министрите за надворешни работи на ЕУ за можните кандидати ќе разговараат на состанокот ...
Силекс од Кратово и Шкендија од Тетово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. – За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските ...
Направете домашни лепчиња по ваш избор и послужете го овој вкусен намаз со нив.. Состојки: 2 големи модри патлиџани 500 грама зелени пиперки 2 домати 1 лажица рен 4-5 чешниња лук 1/2 чаша(за црно кафе) маслиново масло 1/2 чаша (за црно кафе) вински оцет сол по вкус малку пченкарно масло за пржење сок од лимон Подготовка: Испечете ги модрите патлиџани и пиперките во тавче и излупете ги. Модрите патлиџани исецкајте ги и веднаш наросете ги со ...
Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. – Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува ...
Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...
На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува ...
Врв на лицемерие и лажење: Во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може. Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, ...
Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија. Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност, се наведува во соопштението ...
Јованка КЕПЕСКА Секоја вистинска и голема филозофија во основа посакува меѓусебно сретнување и разбирање со политиката. Станува збор, пред се’, за онаа „политичка мисла“, што како критика на општествената стварност е дијагноза на современата духовна ситуација, врвот на мислењето, еднакво релевантна во светски размери за техничката епоха и соответната на тоа организација. Бидејќи за политичкото дејствување пресудни се одговорите за можностите ...
Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...
Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, Дробњак ќе оствари средби со пратеничката Иванка Василевска и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче. Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази уверување дека може да се постигне дипломатски договор со Куба. На прашање од новинарите во Белата куќа за можноста за договор со Хавана, американскиот претседател одговори потврдно. – Мислам дека да. Куба нè повикува. Ним им е потребна помош. Сепак, Куба е пропадната држава. На Куба ѝ треба помош и ние ќе ѝ помогнеме – истакна Трамп пред медиумите. Трамп претходно ги оцени комунистичките ...
На 18 мај 2026 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во селото Јурумлери, на крстосницата меѓу регионалниот пат Скопје–Велес и општинскиот пат Јурумлери–Долно Лисиче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (44) од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П. (33) од селото Идризово. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров, информираат од прес службата на владата. -Ве известуваме дека утре 20.05.2026 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место ...
Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за Изборниот законик, поконкретно за работната група која во моментов работи во Министерството за правда под покровителство на министерот. Тој вели дека СДС е единствената политичка партија која ги напушти преговорите, и според него, тоа е една од недржавотворните одлуки кои опозициската партија ги носи ...
Бројот на заболени од рак на кожа, односно меланом е во постојан пораст и е еден од туморите со најголема експанзија во последно време. Годишното зголемување на бројот на заболени е за 4-5%, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува на секои 10-15 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје кој во мај ја спроведува кампањата за превенција на канцерот на кожа. Во Македонија во 2023 година вкупниот бројот на ...
Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија. -Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој ...
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДС. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДС. „Во 2017 година кога вашиот поранешен лидер ја презема власта, ...
Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Како што јави агенцијата ДПА, со природната непогода се погодени неколку покраини во земјата. Здравствените власти во главниот град Багдад и во другите региони се ставени во состојба на висока тревога за да обезбедат ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на ...
Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Македонската влада го прави токму тоа – образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. ...