Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025 година, е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...
Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа. Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се ...
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора година на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. . Според неофицијалните информации, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удрил директно во нив, без кочење, по возилото „БМВ“ ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...
На 21.05.2026 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријави дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. -По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу ...
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Тажната вест ја потврдија од Националната опера и балет. „ЗАГИНА НАШИОТ ОПЕРСКИ ПРВЕНЕЦ, РИСТЕ ВЕЛКОВ, БАРИТОН (1975–2026)“ -Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна ...
Идентификувана е и четвртата жртва во страшната сообраќајна несреќа што ноќеска ја потресе македонската јавност, а се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје, кој бил сопатник во автомобилот „БМВ“ заедно со Ристе Велков, неговиот син Адам Велков и уште едно 20-годишно момче. Трагедијата се случила околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки ...
Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина. Во период кога Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет, Македонија не смее да остане настрана. Доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска, што МИА ...
Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива соработка на Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ кои ја промовираат песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости. Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО, што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот министерот Муцунски истакнал дека средбата претставува важна можност, речиси една година по самитот во Хаг, „да се види она што е постигнато од Хаг, но и во пресрет на претстојниот многу важен самит во Анкара“, соопшти МНРиНТ. Тој нагласил ...
Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јаневска нагласи дека очекува ...
Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да биде ...
Стотици жители на Гренланд денеска излегоа на масовни протести пред новоотворениот американски конзулат во главниот град Нук изразувајќи незадоволство против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за зајакнување на влијанието врз овој остров, јави Би-би-си. Протестот претставува кулминација на револтот по тридневната посета на Џеф Ландри, специјален пратеник на американскиот претседател за Гренланд, која е полуавтономна ...
Европската комисија го поздрави усвојувањето на измените на четири закони во српскиот Парламент што се однесуваат на изборниот процес и побара да се продолжи со препораките на ОДИХР и законите да почнат да се спроведуваат. „Четирите закони усвоени од Народното собрание претставуваат добредојден чекор напред кон спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за подобрување на изборната рамка на Србија, со цел да се поддржи одржувањето на слободни ...
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на денешната седница го потврди избирачкиот список за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни. Според избирачкиот список право на глас имаат 2.092.174 граѓани, што е за 15.884 повеќе во однос на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември минатата година. Во Косово право на глас имаат 1.959.962 граѓани, додека 132.212 граѓани се регистрирани за гласање во ...
Бројот на американските војници во Полска ќе се задржи главно на досегашното ниво – изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изразувајќи му благодарност на претседателот на САД, Доналд Трамп, за најавата за испраќање дополнителни 5.000 војници во земјата. – Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за изјавата дека ротацијата и присуството на американските сили во Полска ќе бидат задржани главно на досегашното ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и посочи дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. На настанот ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања ...
Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во ...
Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази не воделе професионална истрага, туку политички мотивирана операција за спас на блиски луѓе до СДС и ДУИ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Официјалниот приговор на ЕСМ е директен доказ дека доказите биле селективно ценети, а клучни факти и сомнежи намерно игнорирани за да се затвори скандалот тежок 167 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на платформата „Икс“, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Да влеземе во тендер-коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би бил оневозможен доколку Техеран воведе систем за наплата за минување низ Ормуската Теснина, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио рече дека никој во светот не е за систем за наплата на минување низ Ормуската Теснина. – Тоа не може да се случи. Би било неприфатливо. Тоа би го направило дипломатскиот договор невозможен доколку тие продолжат да се стремат кон тоа. Значи, тоа е ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството оствари средба со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол и командант на американските поморски сили во Европа и Африка, на која била потврдена посветеноста на Македонија кон зацврстување на регионалната и колективната безбедност. -Придонесот на македонските војници во зацврстувањето на безбедноста во регионот и во рамки на ...
Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...
Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег – зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации. Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од ...