Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Во 11:00 часот вчера во СВР Скопје, ...
Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...
Во скоро сите јавни здравствени установи имаме веројатно вишок на доктори, а недостигаат медицински сестри и кадар за поддршка на здравствена работа, изјави денеска Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на прес-конференцијата на која говореше за фунцкуионирањето на јавните здраствени установи. Вие можете да бидете ортопед, уролог, уво, грло, нос, а да не работите во сала, бидејќи таму има и дијагностика, има и ...
-Како кулминација на пчелната терапија, во четвртата сезона што веќе ја работиме, имаме успешни примери кај ситно-клеточен и крупно – клеточен канцер на бели дробови и создавање бактерии. Тоа е едно чудо и за самата медицина, кога ќе погледнеме што се се постигнува со помош на пчелниот воздух кој всушност ги обединува испарувањата на сите производи што ги дава пчелното семејство како медот, прополисот, поленот, матичен млеч и со застапеност ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е темелна реконстркција на патот кон Средно Водно. -Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно, вели скопскиот градоначалник. Покрај ...
На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. соопшти МВР. На 20.05.2026 во 13:25 часот, ...
По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи домашната побарувачка ќе има корист од големите јавни инвестиции поврзани со специјализираната изложба EXPO27 и од зголемувањето на платите и пензиите, прогнозира Европската комисија. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денеска, се предвидува и дека фискалниот дефицит на Србија ...
Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека ...
Република Македонија обезбеди 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како резултат на реализираните реформи и конкретниот напредок постигнат во изминатиот период, изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. „Овој резултат претставува силна потврда за институционалната посветеност, меѓуинституционалната координација и сериозниот пристап во ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. -Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството оствари средба со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол и командант на американските поморски сили во Европа и Африка, на која била потврдена посветеноста на Македонија кон зацврстување на регионалната и колективната безбедност. -Придонесот на македонските војници во зацврстувањето на безбедноста во регионот и во рамки на ...
„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на ...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...
Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...
Сакам само да ги предупредам македонските граѓани, претпоставувам атмосверата во опозицијата е спесифична, и како резултат на таа специфичност поекогаш имаме во текот на денот имаме различни ст6авови за една иста тема, а понекогаш дури и тие самите се доведени во ситуација да се демантираат во текот на денот, рече Мицкоски. Фактите се, дека рековме од последни во Групата Западен Балкан 6 ќе бидеме први, се зафативме со жестока работа веднаш ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се урна станбена зграда во мароканскиот град Фес. Сè уште се истражуваат причините за инцидентот, а жителите од околните згради се повикани да се евакуираат. Кон крајот на минатата година во Фес, еден од најстарите градови во Мароко и популарна туристичка дестинација, се урнаа две станбени згради при што загинаа 22 луѓе. Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се урна ...
Задолжувањето од 260 милиони евра не е никаква тајна операција, ниту ад хок одлука, туку е дел од усвоениот буџет за 20216 година, изјави пратеникот Петар Ристески на седницата на собраниската Законодавно-правна комисија. Тој истакна дека законот е доставен до Собранието, постапката е целосно во согласност со законите и транспарентна. -Министерството за финансии контактирало 14 реномирани меѓународни банки, 8 банки доставиле понуди и по ...
ТАВ Македонија информира дека од денеска, 21-ви мај 2026 година, во тек се градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради оваа причина од скопскиот аеродром информираат дека можни се привремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносната проверка. -Затоа, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот на време, односно најмалку 2 часа пред закажаното ...
Активистите од пропалестинската флотила за Газа, денеска се ослободени од израелски притвор и во текот на денот ќе бидат депортирани во Турција. Активистите беа приведени на пристаниште во јужен Израел откако израелската морнарица ја пресретна флотилата во меѓународни води. Во соопштението на израелската организација за човекови права „Адалах“ се наведува дека околу 430 активисти се ослободени од затвор во јужен Израел и ќе бидат депортирани ...
Нов ден, нов пораз и доказ за лажни вести за СДС и Венко Филипче. Јавното обвинителство како неоснована ја отфрли нивната инфантилна кривична пријава до премиерот Христијан Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека неговото „чувство“ дека следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, Николовски и останата банда) е ...
ЕСМ вложи жалба на отфрлената пријава за случајот „Мазут“,Да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, изјави денеска опдговарајќи на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкосоки. -ЕСМ веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме Виштото јавно обвинителство, правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа ко е содржано во жалбата, рече Мицкоски и ...
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, од 22 до 24 мај ќе оствари посета на Ватикан и Светата Столица по повод традиционалната Манифестација во чест на Св. Кирил. Претседателот Гаши ќе ја предводи државно-црковната делегација на Република Македонија во состав: Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, Беким Ќоку, координатор на Влен, Марина Димовска, генерална секретарка на ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за ...
Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска обвини дека СДСМ избегнала дебата во Собранието околу финансискиот пакет и заемот што е предмет на расправа. Стојаноски изјави дека аргументите кои изминатите денови биле пласирани во јавноста „паѓаат еден по еден“, посочувајќи дека биле исполнети барањата за условите на собраниската расправа. „Прво, се тврдеше дека во салата 4 нема просторни услови, односно нема каде ...
Фудбалерите на Силекс синоќа во финалето од Купот на Македонија ја совладаа Шкендија со 1:0. – Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам ...
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, од 23 до 29 мај ќе престојува во работна посета на Народна Република Кина, каде ќе учествува на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Неделата на меѓународната соработка и размена на Шандонг и пријателските градови за 2026 година, што ќе се одржи во Јинан, покраината Шандонг. Како што соопшти Кабинетот на ...
Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска. Како што соопшти МНРиНТ во рамките на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на ...
Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа ...