Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно ...
Глобална група научници, инженери и експерти за политика открија амбициозен план за изградба на ѕид долж „Глечерот на судниот ден“, бидејќи стравот од поплави продолжува да расте. Сместен на Западниот антарктички леден покрив, глечерот Твејтс го добива своето апокалиптично име поради неговото потенцијално влијание врз нивото на морето. Покривајќи огромни 192.000 км², што го прави споредлив по големина со Велика Британија, глечерот се топи со ...
Северна Кореја денеска испали повеќе балистички ракети кон морето покрај нејзиниот источен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, еден ден откако беше забележано уште едно лансирање, што дополнително ги намали надежите на Сеул за намалување на тензиите. Заедничкиот штаб на Јужна Кореја (JCS) соопшти дека неидентификуваните проектили биле лансирани околу 8:50 часот наутро од област во близина на Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран треба да се прошири и на ситуацијата во Либан. „Состојбата во Либан е критична“, изјави Макрон, оценувајќи дека израелските напади и присуството во јужниот дел на земјата не се вистинско решение. Израел изврши повеќе напади врз Либан по акциите на Хезболах, а според либанските власти, во офанзивата загинале повеќе од 1.500 ...
Европската Унија го поздрави договорот меѓу САД и Иран за двонеделен прекин на огнот, постигнат по неколкудневни закани од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади и откако Техеран и Израел потврдија дека се согласиле на привремен прекин на огнот. Шефицата за европската дипломатија, Каја Калас, рече дека тоа е „чекор назад од работ по неколку недели ескалација“. „Ова отвора многу потребна можност за намалување на заканите, ...
Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека неговата земја излегла како победник од војната откако беше прогласено примирјето меѓу САД и Иран. „Победивме преку епска национална одбрана што го заштити суверенитетот и достоинството и ги зачува нашите достигнувања наспроти подмолната агресија“, рече Анвар Гаргаш. „Денес, продолжуваме напред и се движиме низ сложена регионална средина со поголемо влијание, поостар увид ...
И покрај објавата за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, поморскиот сообраќај низ Ормуски теснец останува минимален. Танкерите сè уште чекаат, бидејќи бродските компании и осигурителите бараат дополнителни гаранции за безбедност пред да го обноват сообраќајот. Експертите велат дека примирјето е само прв чекор и дека нормализацијата нема да биде веднаш. Клучен момент ќе бидат првите бродови што ќе ја тестираат рутата без ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез, еден од најгласните западни критичари на војната против Иран, реагираше на објавата за примирје со остра порака. „Примирјата секогаш се добра вест, особено ако водат кон праведен и траен мир“, напиша тој на социјалната мрежа X, по што додаде: „Но, ова тековно олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, разурнувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да аплаудира на оние што го запалија ...
Белата куќа дополнително ја заостри својата реторика кон своите сојузници, обвинувајќи го НАТО дека „му го свртел грбот“ на САД во услови на меѓународната криза околу војната со Иран. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја пренесе пораката на претседателот Доналд Трамп, кој верува дека алијансата „беше ставена на тест и не успеа“. „Доста е жално што НАТО му го сврте грбот на американскиот народ во изминатите шест недели“, рече Ливит, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Truth Social. „Сите американски бродови, авиони и воен персонал, со дополнителна муниција, оружје и сè што е соодветно и потребно за спроведување смртоносни операции и уништување на веќе значително ослабен непријател, ќе останат распоредени во и околу Иран сè додека ПОСТИГНАТИОТ ДОГОВОР не биде целосно имплементиран. Ако од која било причина ова не се случи, што е многу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето разочарување од НАТО за време на приватната средба со генералниот секретар Марк Руте во средата, откако односите во воениот сојуз достигнаа кризна точка поради војната со Иран. „Тој очигледно е разочаран од многу сојузници на НАТО и можам да го разберам неговиот став“, рече Руте во емисијата „The Lead with Jake Tapper“ на Си-Ен-Ен откако помина повеќе од два часа во Белата куќа. „Ова ...
Либанскиот премиер Навах Салам го прогласи четврток за ден на национална жалост по серијата израелски напади во среда, во кои, според различни извори, загинаа околу 200 лица. Четврток ќе биде „ден на национална жалост за мачениците и ранетите во израелските напади чија цел беа стотици невини и беспомошни цивили“, рече Салам во соопштението. Израел ги изврши своите најтешки напади врз Либан од почетокот на непријателствата со Хезболах минатиот ...
На 07.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(52), лице(42), лице(28) и лице(19), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 07.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на проценките за инфлацијата која е 4,9% и за тоа дали се потребни поголеми мерки, бидејќи потрошувачката кошничка во еден месец не може да се наполни ни со две минимални плати, изјави: „Ако мислите на потрошувачката кошница којашто ја имаат синдикатите, односно Сојузот на синдикати, самите автори на истата рекоа ...
На 07.04.2026 во 17:20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на делницата од с.Банско до с.Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу запрежно возило, управувано од Б.Б.(74) од с.Муртино, струмичко и патничко возило „лада нива“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(52) од с.Банско, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Б., констатирани во болницата во Струмица. Извршен е увид од увидна ...
На 07.04.2026 во 21:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со гостиварски ознаки, управувано од А.Ш.(38) од с.Врбјани и мотоцикл со тетовски ознаки, управуван од С.Б.(23) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР ...
На 07.04.2026 во 14:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во периодот од 04.04 до 06.04.2026 во џамија во с.Сараќино, тетовско, со употреба на тврд предмет е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени парични средства од доброволните донации. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.04.2026 во 14:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во периодот од 04.04 до 06.04.2026 во џамија во с.Сараќино, тетовско, со употреба ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Следува период на променливо облачно и посвежо време. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури ...
Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за ...
Министерството за култура и туризам соопшти дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје. Оттаму информираат дека постапката за избор на изведувач е успешно заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економски оператор и го потврдила изборот на најповолна понуда. Со тоа, како што наведуваат, се отстранува последната правна пречка за почеток на ...
Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Променливо ...
Сончево и топло со мала облачност. Во текот на ноќта ќе има локално зголемена облачноста и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од околу 0°C до 6°C, ...
Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога. По ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, ...
За прв пат по повеќе од половина век, човештвото се подготвува да се упати кон Месечината. Мисијата „Артемис II“ на НАСА, чие лансирање е закажано за 6 февруари, ќе однесе четири астронаути на десетдневно патување околу Месечината, по што тие повторно ќе влезат во атмосферата на Земјата со рекордна брзина од околу 40.000 километри на час. Иако мисијата не вклучува слетување, таа е клучен чекор во планот на САД за воспоставување долгорочно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се согласил да „ги запре бомбардирањата и нападите врз Иран за период од две недели“ под услов Техеран да се согласи целосно да го отвори Ормускиот теснец. Трамп претходно му даде рок на Иран до вторник до 20 часот по американско време – или 2 часот по средноевропско време – повторно да го отвори Ормускиот теснец, клучен пат за глобалните испораки на нафта. Во спротивно, се закани дека ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи на двонеделен прекин на огнот, објавувајќи детали на неговата мрежа Truth Social. Трамп го објави ова помалку од два часа пред истекот на рокот за она што претходно го нарече „уништување на цивилизацијата“. Трамп рече дека договорот за прекин на огнот е постигнат под услов Иран да се согласи повторно да го отвори Ормускиот теснец. „Врз основа на моите разговори со премиерот Шехбаз Шариф и ...
Израел се согласи на двонеделен прекин на огнот објавен од претседателот Доналд Трамп, само час и половина пред рокот поставен на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Во спротивно, на Иран му се заканува ескалација на воените напади врз цивилната инфраструктура, потврди за CNN висок функционер на Белата куќа. Израел, исто така, се согласи да ја прекине својата кампања за бомбардирање додека траат преговорите, рече ...
Врховниот совет за национална безбедност (SNSC) на Иран, по објавувањето на условното примирје, изјави дека разговорите ќе се одржат во Исламабад, главниот град на Пакистан, во рок од 15 дена за да се „финализираат“ деталите. Во соопштението се вели дека разговорите имале за цел „консолидирање на победата на Иран на терен и во политичките преговори“. Соопштението отиде подалеку од планот од 10 точки претходно емитуван од државната телевизија ...