Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија ...

На 08.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од маж(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. На ...

На 08.04.2026 во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница ...

На 08.04.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(56) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Е.С.(20) од Скопје, констатирани во ...

На 08.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(53) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(19) од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.О., а со телесни повреди се здобил негов ...

Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“. Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено ...

Американските пратеници ќе се обидат повторно да гласаат следната недела за резолуција за запирање на војната со Иран и принудување на претседателот Доналд Трамп да побара одобрение од Конгресот за какви било понатамошни напади, изјави лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, кратко откако Трамп објави двонеделен прекин на огнот. „Конгресот мора повторно да го потврди својот авторитет, особено во ова опасно време“, рече Шумер на ...

Бродовите што планираат да поминат низ Ормускиот теснец треба да користат алтернативни патишта за да „ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини“, се вели во соопштението на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските државни медиуми. Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од ...

САД ги игнорираат убедливите докази дека Русија му помага на Иран да ги нападне американските бази на Блискиот Исток затоа што му веруваат на Владимир Путин, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за подкастот „The Rest is Politics“, Зеленски рече дека се обидел да ја предупреди Белата куќа за тесната соработка меѓу Москва и Техеран, објави „Гардијан“. Според Зеленски, руските воени сателити снимале клучна енергетска ...

Поранешниот израелски премиер, Нафтали Бенет, се придружи на растечката опозиција во критикувањето на владата поради примирјето со Иран. Тој рече дека премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеал да ги постигне целите на војната и дека како резултат на тоа, „Израел ќе се соочи со одмаздољубив Иран“, кој ќе биде уште порешителен да развие нуклеарно оружје. „Причината зошто толку многу луѓе се чувствуваат разочарани е тоа што раководството ни продаде ...

Повторните закани на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од НАТО и судирите со европските сојузници поради нивното одбивање да се приклучат на војната против Иран доведоа до „најлошата криза“ со која се соочила алијансата досега, предупреди поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Иво Далдер. Тој верува дека шестнеделната војна ги исцрпила и американските воени ресурси, објавува Euronews. „Последните шест недели беа ...

Носејќи транспаренти, демонстрантите маршираа низ Њујорк во знак на протест против израелските воздушни напади врз Либан, откако стотици луѓе беа убиени во жестоки напади. Демонстрантите протестираа и против американско-израелските напади врз Иран. И покрај двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран, Израел продолжува да спроведува воени операции во Либан, вклучувајќи ги и најобемните координирани напади од почетокот на конфликтот. Овие ...

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска ја повика Европската унија да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел од 1995 година, договор што ја регулира трговијата и политичката соработка, по новиот бран напади врз Либан. Санчез ги осуди, како што изјави, недозволивите кршења на меѓународното право од страна на Тел Авив. Во објава на социјалната мрежа X, Санчез напиша: „Денес, Нетанјаху го започна својот најжесток напад врз Либан ...

Рускиот претседател Владимир Путин објави еднострано примирје за православниот Велигден, кое е предвидено да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април. Според соопштението од Москва, во овој период, непријателствата ќе бидат прекинати на сите фронтови. Русија изјави дека очекува Украина да го стори истото и да прогласи прекин на огнот. „Владимир Путин им наложи на министерот за одбрана Андреј Белоусов и началникот на ...

Кувајт ги осуди нападите со беспилотни летала врз виталните објекти во земјата, кои ги припишува на Иран и неговите сојузници, додека Иран негира дека извршил напади врз земјите од Персискиот Залив за време на прекинот на огнот. Министерството за надворешни работи на Кувајт соопшти дека ги смета нападите за кршење на суверенитетот и воздушниот простор на земјата. Државната новинска агенција претходно објави дека беспилотните летала биле ...

Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против маж(56) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, во периодот од 20.09.2025 до 18.12.2025, во преку својот мобилен телефон на социјална мрежа споделил 25 објави и коментари и четири видеа со кои промовирал или поттикнувал омраза. ...

– Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес од Струга. – Ценам дека со ...

На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа. Известен е јавен обвинител и ...

На 08.04.2026 во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода К.Ѓ. (68) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ. На 08.04.2026 во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Г. (62) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години поради ...

На 08.04.2026 во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(31) од Тетово. Според пријавеното, околу 20:00 часот на ул.„Андреа Јовановски Журчин“ во Тетово, по претходна расправија околу сообраќајот, тој со нож му нанел повреда на Б.Д.(36) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 08.04.2026 во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(31) ...

На 9. седница одржана на 8 април 2026 година, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура. Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегоа три клучни прашања: дали колективниот договор ја надминува ...

Соопштение на Левица: Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза. Реалноста е јасна – народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард. Дополнително, алармантен е фактот што повеќе од 30% од ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат значително ниски и на повеќе места ќе се спуштат под нула степени, при што најстудено ќе биде во источните и западните делови, со вредности и до -2°C. Во ...

На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. До недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. Прогноза за 10.04.2026 Минимална температура: -3°C до 6°C Максимална температура: 11°C до 19°C ...

Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите ...

На 07.04.2026 во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавно дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од лице(41) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. По наредба јавен обвинител, извршен е увид од увидна ...

На 08.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово. Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица, соопшти МВР. Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28