Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И.(47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата. По преземени мерки, тој е ...
Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства. На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија лишија од слобода лице(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре престојува во работна посета на Вилнус, Литванија. Во рамки на првиот ден од посетата, тој оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Кештутис Будрис. Двајцата министри изразија задоволство што посетата се реализира во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Притоа, тие ја нагласија подготвеноста за ...
Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција, цитирана од агенцијата Франс прес. „Она што го знаеме е дека истрелите биле насочени. Се чини дека едно лице пукало кон овие членови на Националната гарда. Тоа лице е уапсено“, изјави градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, на истата ...
Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва. Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна. Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата. „Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на ...
Случајот за убиство на 20-годишната Џудит Лорд од Њу Хемпшир, стар речиси половина век, конечно е решен благодарение на модерната ДНК технологија. Лорд беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Конкорд на 20 мај 1975 година, а истрагата беше заглавена со децении поради клучна форензичка грешка, објави „Унилад“. Безживотното тело на Џудит Лорд беше откриено од управник на зграда кој влегол во нејзиниот стан поради неплатена кирија. Во друга ...
Изборот за Мис Универзум беше погоден од нов скандал неколку дена по неговото завршување, откако ко-сопственикот на изборот, Мексиканецот Раул Роча, беше обвинет за трговија со дрога и оружје, а ко-сопственичката од Тајланд Џакафонг Џакрајутатип за измама. Мексико го истражува претседателот на организацијата Мис Универзум во врска со трговија со дрога и оружје, како и кражба на гориво, соопшти Канцеларијата на државниот обвинител, додавајќи ...
Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната служба на градот. Најмалку 123 лица се повредени во трагедијата, јавува Си-ен-ен. Осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот се меѓу повредените. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починало на местото на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница. Противпожарната ...
Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во близина на Белата куќа, соопштија официјалните лица. Во обраќањето, претседателот Доналд Трамп го опиша пукањето како чин на зло, чин на омраза и чин на терор, додавајќи: „Ова беше злосторство против целата наша нација“. Трамп, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешна безбедност, рече дека ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, наводно изјавил дека нападите на доселениците врз Палестинците на Западниот Брег не претставуваат „тероризам“, туку само „нарушување на јавниот ред“. Контроверзната изјава дојде за време на состанокот на комисијата на Кнесетот зад затворени врати, во услови на ескалација на насилството, објави „Тајмс оф Израел“. Неговите забелешки пред Комисијата за надворешни работи и одбрана предизвикаа гнев кај ...
ВНИМАТЕЛНО: На патнот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на пат, сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување ...
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец ...
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата, казнувајќи го со доживотен затвор. Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН. Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува ...
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си. Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук ...
Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да ги напуштат тунелите каде што се заробени во Појасот Газа. Ова е прв пат исламистичката група јавно да признае дека некои од нејзините борци се заробени во тунелите. Барањето дојде откако израелската војска минатата недела објави дека убила повеќе од 20 членови на Хамас „кои се обидувале да избегаат ...
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција. Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол. Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа ...
Се работи низ целото Скопје! Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје, Напиша градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во пост на фејсбук кој го пренесуваме во целост: Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови. А напролет, кога временските услови ќе дозволат, се насочуваме кон ...
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ. -Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни ...
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на ...
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. – Имаме многу заеднички предизвици во здравството ,од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и ...
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес, во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Прогноза за 28.11.2025 Минимална температура: 3°C до 8°C Максимална температура: 6°C до 11°C Претежно ...
Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“ на својот тим, додека државниот секретар Марко Рубио ги нарече американско-украинските разговори во Женева „многу позитивни“, инсистирајќи дека преостанатите точки „не се непремостливи“. Во исто време, по состанокот на американските и руските претставници во Абу Даби, ...
Израелската армија денес објави дека започнала „голема операција“ против палестинските вооружени групи во северниот окупиран Западен Брег. „Во текот на ноќта кон среда, [израелските] сили започнаа операции како дел од голема антитерористичка операција во северниот регион“ на Западниот Брег, се вели во соопштението на израелската војска. Израелските сили „нема да дозволат тероризмот да се вкорени таму“, додаде израелската армија. Нова ...
Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал Русија како најдобро да му се обрати во врска со мировниот план за Украина. Рускиот дипломат Јури Ушаков изјави дека протекувањето на неговиот телефонски разговор со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, до американските медиуми е обид да се наруши потрагата по мир во Украина. Тоа е ...
Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој зборуваше за државната телевизија во Русија, изјави дека е постигнат прелиминарен договор специјалниот претставник на САД Стив Виткоф да ја посети Москва следната недела. Ушаков додаде дека некои претставници на американската администрација ќе му се придружат. Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави на социјалните мрежи дека „останале само неколку преостанати ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур изјави дека Русија го ескалира насилството секој пат кога ќе има напредок во преговорите за Украина. Таа рече дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува дека може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници. Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ: нема прифаќање на еднострано менување на граници, ниту ограничување на украинската армија, ...
Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откога пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени многубројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година. Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив. Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на избори, но нагласи дека тоа е резултат на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални ...
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево. Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие. Ова пошумување е дел од најамбициозната ...
На 25.11.2025 во 22:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улица Маршал Тито во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен маж од Кичево, и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево. По несреќата, возачот на автомобилот со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници тој ...