Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, по што следат Радовиш и Пожар со 37, Гевгелија со 35 и Штип со 28. Деветнаесет литри на квадратен метар наврнаа во Струмица, 16 во Виница, 15 во Куманово, 13 во Кавадарци и Крива Паланка, 12 во Попова Шапка, 11 во Претор, 10 во Маврови Анови и Скопје-Петровец, 8 во Берово, 7 во Лазарополе, 6 во Велес, 5 во Пожаране, 4 во Битола, Тетово, Крушево и Прилеп и ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На 28.11.2025 год во 17:45 часот Регионалниот пат Р1105 делница с.Јосифово с.Пирава поточно кај место м.в Калковска Река поради обилни врнежи од дожд, повторно надојдена Калковска Река, сообраќајот е пренасочен за сите видови на моторни возила и е пренасочен према Маг. пат А1 од с.Удово кон с.Марвинци. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ: Од 09.15 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, сообраќајот се одвива со наизменично ...
– Загрижувачки се информациите дека печката за производство на фероникел во ФЕНИ е изгасена. Овој факт сериозно укажува дека новиот инвеститор, нема намера да започне со рестарт на фабриката, заради временскиот период на реконструкција и пуштање повторно во употреба на истата, изјави денеска на прес конференција на СДСМ, Вуко Мелов, советник и претседател на ОО СДСМ Кавадарци. – Ова значи дека ФЕНИ ќе остане во целосен застој и понатаму, што ...
Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот. Од УХМР велат, дека врнежи ќе бидат слаби и дека во најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето. Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н. Е. Рафаел Сориано Ортиз, придружуван од делегација од Амбасадата. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка, размена на добри практики и отворање можности за нови партнерства меѓу двете земји, особено во областите на урбанистичкото планирање, зелените политики, културата, економијата и ...
Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, а наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија Волво Груп. На почетокот, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот на формално стручно образование. По овој повод денес училиштето го посетија ...
Денес ќе има повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег. Во недела во утринските часови на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониска дневна ...
Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната опасност од негово понатамошно ширење, по иницијатива на Општина Центар беше одржан итен координативен состанок на кој учествуваа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на ЦУК, ДЗС, ДИГУ-Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, МВР, ИЗИИС, Град Скопје, Градежен ...
Четиричленоот семејство од Хамбург почина од труење од средство против штетници кое наводно било користено во нивниот хотел во Истанбул. Таков резултат доаѓа од судско-медицинската експертиза, објави државното обвинителство, кое ја води истрагата. Турските медиуми веќе објавија во средата дека Институтот за судска медицина го доставил својот извештај за смртта на семејството на 26 ноември до надлежниот орган. Сега државното обвинителство во ...
По трагичната смрт на членката на Националната гарда Сара Бекстром, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан дали ќе присуствува на погребот. Бекстром почина како резултат на повредите во пукањето што се случи завчера во близина на Белата куќа, пишува unilad.com. Дваесетгодишната Бекстром беше една од двајцата членови на Националната гарда на Западна Вирџинија кои беа застрелани од авганистански државјанин. И двајцата беа во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нарече американска новинарка „глупава“ откако таа му постави прашање за безбедносните проверки на авганистанските бегалци на прес-конференција, јавуваат американските медиуми. „Дали си глупав човек?“, праша Трамп за време на говорот од неговата резиденција Мар а Лаго во Флорида, објавува „Њујорк пост“. Инцидентот се случил кога една новинарка го прашала американскиот претседател зошто го обвинува својот ...
Турската полиција уапси 1.022 лица за време на големата безбедносна операција „Мир Истанбул“ спроведена низ Истанбул, објавија властите. Операцијата започна доцна синоќа, со поддршка на полициски хеликоптери и бродови на поморската полиција, објавија турските медиуми. Речиси 3.000 полицајци се распоредени низ целиот град, поставувајќи контролни пунктови, проверувајќи јавни места и извршувајќи проверки на идентитетот, пренесува Танјуг. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер. Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“. – Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да ...
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала. Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка ...
Соопштение на СДСМ: Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле. Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај ...
Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње. Претседателите разговараа за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како ...
„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија Премиерот Мицкоски потенцираше дека со линеарното зголемување на ...
Соопштение на СДСМ: Со лаги, монтирани процеси и политички прогон ДПМНЕ се обидува да дефокусира од нивните корупциски скандали во земјоделството. Додека се уште нема одговорност за мега коруптивниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра, на виделина излезе уште еден скандал. Токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ на скандалозен начин се обидува да испумпа државни пари преку одлука за финансиска поддршка од дури 10 денари за неколку винарии. За ...
Соопштение на СДСМ: Изјавите на Гордана Јанкуловска и обидите да се претстави себеси како дел од „судените во Нирнбершките процеси“ се единствено и само потсвесни, од аспект на тоа што тие процеси биле насочени против нацистите и злосторниците од тогашната нацистичка Германија. Ништо повеќе. Ситуацијата со апликацијата на Јанкуловска пред Европскиот суд за човекови права е правен механизам што секој граѓанин има право да го искористи. Станува ...
Вашингтон ѝ ги испрати на Москва параметрите на својот мировен план за Украина, прилагодени по консултациите меѓу САД и Украина во Женева, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Главните параметри се објавени, а следната недела ќе има разговор во Москва“, истакна Песков, пренесува ТАСС. Тој исто така рече дека Москва навремено ќе го објави точниот датум на пристигнување на претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф во ...
Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини. Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри дури од недела. Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и северните делови на земјата, како ...
Бројот на жртви во најголемиот пожар во Хонгконг во последните речиси 80 години се искачи на 128, а околу 200 лица сè уште се водат како исчезнати од запалениот станбен комплекс, изјави денес безбедносен службеник. Пожарот во комплексот Ванг Фук Корт, кој се состои од осум облакодери од 32 ката во северниот округ Таи По, избувна завчера попладне. Службеникот за безбедност на Хонгконг, Крист Танг, на прес-конференција изјави дека системите за ...
Соопштение на СДСМ: Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски. Ова признание е директна потврда на сè што го говориме. Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија. Од ...
По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со повторното активирање на ова тело се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите општини, со цел навремено и системски решавање на проблемите во Скопје. Градоначалниците договорија заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на приоритетите, со што ќе ...
По тет-а-тет средбата и пленарниот состанок на двете делегации, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерката за ЕУ прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, одржаа заедничка прес конференција на која ги презентираа заклучоците од разговорите. Во својата изјава за медиумите Mуртезани истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на европската интеграција преку исполнување на Копенхашките критериуми, ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово беше домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на состанокот во Министерството за европски прашања се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите, на кои се разговараше за европската интеграција на Северна Македонија, билатералната ...
Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата активно учествуваа, ...
Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н.Е. Фатих Улусој. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во целост: Средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н. Е. Фатих Улусој Денеска остварив работна средба со делегација од ...
Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет. За таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека на 28 ноември (петок), со почеток од 14.00 до 18.00 часот, ќе се одржи отворен ден во просториите на ...
Во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител и ХЕРА, како дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, денеска во Центарот за социјални претпријатија во Скопје организираа настан посветен на спроведувањето на Конвенцијата во нашата држава. Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник од Тимот за мониторинг на Конвенцијата ...