„Матица македонска“ ја објави книгата „Овие тивки, темни води“ од една од најреномираните писателки во САД и во Велика Британија, Кристина Мекдоналд – авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today. Станува збор за трилер со напната атмосфера, со комплексни сиже и фабула, кој истражува теми на тајните, загубата и мракот на минатото. По насилниот упад во нејзиниот дом, Нев Мегваер се враќа на Црното Езеро, ...

На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип. Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. Лицето е задржано во полициски станица и по целосно ...

Соопштение на СДСМ – интегрален текст: СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО. Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт. Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад ...

Мицкоски: Сеќавањето на Холокаустот е наша морална должност, а борбата против омразата е наша историска одговорност. Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски: „Почитувани претставници на еврејската заедница, Почитувани граѓани, Почитувани присутни, Денес стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја. Денес се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи – трагедија што засекогаш ...

Вчера попладне на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора. Врз ...

До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време со пораст на дневната температура. За време на викендот времето ќе биде посвежо со услови за слаби врнежи од дожд. Прогноза за 12.03.2026 Минимална температура: -3°C до 4°C Максимална температура: 15°C до 21°C Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Прогноза за 13.03.2026 Минимална температура: -2°C до 5°C Максимална температура: ...

Соопштение на СДСМ – интегрален текст: Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува? Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи. Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не. Очигледно ...

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски. На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности ...

Иранските вооружени сили започнаа нов бран напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, ракетите беа или пресретнати или паднаа во ненаселени области, објави рано во среда „Тајмс оф Израел“. Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда, го опиша нападот како најтежок бран напади од почетокот на војната. Саудијците: Пресретнавме седум балистички ракети ...

Централната команда на САД објави снимки од напади врз ирански бродови, велејќи дека американските сили ги таргетирале „капацитетите за проекција на моќ на море“ на Иран. Речиси истовремено, Доналд Трамп најави американски напади врз „неактивните поставувачи на мини“. U.S. forces are degrading the Iranian regime's ability to project power at sea and harass international shipping. For years, Iranian forces have threatened freedom of navigation ...

Шест лица загинаа, а најмалку четворица други се повредени кога автобус за јавен превоз изгоре во западна Швајцарија, соопшти полицијата вчера вечер. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти кантоналната полиција на Фрибур. Еден болничар е исто така повреден за време на спасувачката операција. Инцидентот се случил во градот Керцерс, западно од главниот град Берн. Сведок: Маж се полеал со бензин и се запалил Швајцарскиот весник ...

Украинските сили вчера нападнаа фабрика во рускиот регион Брјанск, која произведува системи за водење руски ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на онлајн брифинг. „Успешно е извршена операција, погодена е фабрика во Брјанск. Оваа фабрика произведува системи за водење на сите видови ракети на Руската Федерација“, рече Зеленски, додавајќи дека за нападот бил информиран од врховниот командант на украинските ...

Втор брод беше погоден од неидентификувана ракета во стратешкиот Ормутски теснец денес, предизвикувајќи пожар на бродот и принудувајќи го екипажот да се евакуира. Бродот побарал помош и екипажот е евакуиран, соопшти во среда Британската агенција за поморска трговија (UKMTO), објави „Гардијан“. Претходно во среда, UKMTO извести за уште еден напад што се случил 25 наутички милји северозападно од емиратот Рас Ал Хаима. Капетанот на ...

Висок портпарол на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи, се закани со одмазда против САД и Израел за нивните „бесрамни и брутални злосторства“, обвинувајќи ги за убивање цивили, жени и деца од „очај и неможност да се соочат со вооружените сили“, објави иранската новинска агенција Дефапрес, пренесе „Гардијан“. „Им порачувам да очекуваат наша разорна одмазда за овие варварски дејствија. Наскоро ќе се одмаздиме и ќе им зададеме ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави повеќе не се опција откако САД и Израел започнаа воена операција против Иран. Во интервју за PBS NewsHour, Арагчи рече дека не мисли дека разговорите со Американците повеќе ќе бидат на нивната агенда. Изјавите на Арагчи доаѓаат кратко по назначувањето на новиот врховен лидер на Иран. Моџтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али ...

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот на краиштата зависи од нив“. „Но, нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските“, рече Нетанјаху за време на состанокот со раководителите на израелските болници и здравствениот систем. Утрово, една од ...

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изрази претпазливост во врска со можноста американско-израелската војна против Иран наскоро да заврши. Зборувајќи во Никозија заедно со својот кипарски колега Константинос Комбос, Вадефул рече дека САД остануваат фокусирани на намалување на воените капацитети на Иран, „кои претставуваат закана за неговите соседи, но и за Европа, до тој степен што таа закана повеќе да не постои“. ...

Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ел Судани денес, за време на телефонски разговор, му рече на американскиот државен секретар Марк Рубио дека Соединетите Американски Држави не треба да го користат Ирак како лансирна рампа за напади во војната на Блискиот Исток, објави канцеларијата на Ел Судани. Во разговорот со Рубио, Ел Судани ја нагласи „важноста да се знае дека ирачкиот воздушен простор, територијата и водите не се користат за никаква воена ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес на отворањето на вториот Нуклеарен самит во Париз изјави дека ни треба нуклеарна енергија како двигател на напредокот и независноста. „Голема чест е за Франција да биде домаќин на овој меѓународен самит за нуклеарна енергија денес во Париз. Причината зошто сме тука како претставници на влади, научници, луѓе од индустријата и граѓанското општество е тоа што сите споделуваме многу едноставно верување ...

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денеска соопшти дека само Иран ќе одреди кога ќе заврши војната и се закани дека ќе го блокира извозот на нафта од регионот ако продолжат нападите. ИРГК предупреди дека нема да дозволи еден литар нафта да го напушти регионот ако продолжат нападите. „Ние сме тие што ќе го одредат крајот на војната“, рече портпаролот на ИРГК, Али Мохамед Наини, според државните медиуми. Изјавите доаѓаат како очигледна ...

Десет лица беа повредени во РУСКИОТ напад врз градот Днепар, вклучувајќи и едно 12-годишно момче. Ударниот бран оштети повеќекатна станбена зграда, објави Олександр Ханжа, началник на регионалната воена администрација на Днепар, објави „Украинска правда“. Ханжа објави на Телеграм дека по нападот избувнал пожар. „Ударниот бран оштети повеќекатна станбена зграда и банка“, рече тој. Според првичните информации, повредени се две лица. 29-годишна ...

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис. „Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против маж(36) од едно село во Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Имено, на 18.08.2025 тој пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола. По извршени проверки, констатирано е дека мажот со возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, извршил замена за странска возачка ...

На денешната редовна седница, Владата го разгледа мислењето на Советот на Јавното обвинителство во однос на постапката за избор на нов државен јавен обвинител. По сеопфатна, аргументирана и конструктивна дискусија, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител. Владата се раководеше од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на ...

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати. Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали Владата ја следи состојбата со инфлацијата и каков е ставот за тековите, изјави: „Да, во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026 година. Јас тоа повеќе пати го најавив во моите изјави, но еве вчера тоа се потврди дека инфлацијата се спушти под 3%, ...

Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања. Министерот Муцунски се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на ...

Продолжуваме да ги реализираме проектите. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Тој оценува дека досега е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции. „Околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два ...

До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд. Прогноза за 11.03.2026 Минимална температура: -3°C до 2°C Максимална температура: 13°C до 19°C Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
69%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 7ᴼ
1.54
67%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 10ᴼ
1.1
48%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.43
81%
1012
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
2.24
58%
1012
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
81%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
73%
1010
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
43%
1013
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
0.0
62%
1013
Currency

61.64

Currency

52.5688

Currency

71.0401

Currency

37.5703

Currency

38.4418

Currency

67.0149

Currency

7.69168

Currency

0.69864

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Родиум

326330.08

Калај

50.49

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Платина

64687.30

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Бакар

12.11

Цинк

3.48

Сребро

2840.84

Паладиум

48048.94

Алуминиум

3.60