Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Британскиот премиер Кир Стармер би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток, објави лондонски Телеграф. Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување на одбраната на Велика Британија од иранските дронови „Шахед“, се наведува во текстот на ...
Доналд Трамп предупреди дека НАТО се соочува со многу лоша иднина доколку американските сојузници не помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец, во интервју објавено од „Фајненшл тајмс“ во неделата. Американскиот претседател во интервјуто за ФТ порача дека може да го одложи и планираниот самит со кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна овој месец, додека се обидува да изврши притисок врз Пекинг да помогне во деблокирањето на клучниот морски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп наговести за можноста за одложување на планираниот самит со кинескиот лидер Кси Џинпинг, а воедно го повика Пекинг да помогне во решавањето на застојот во Ормутскиот теснец предизвикан од конфликтот со Иран. Трамп рече дека сака да ја знае позицијата на Кина за безбедноста на клучната бродска линија пред средбата со Кси, објави Фајненшл тајмс. „Мислам дека и Кина треба да помогне бидејќи 90 проценти од ...
Летовите на Меѓународниот аеродром во Дубаи се привремено суспендирани откако рано утрово инцидент со дрон предизвика пожар во блискиот резервоар за гориво. Управата за цивилно воздухопловство на Дубаи соопшти дека станува збор за превентивна мерка за да се осигури безбедноста на сите патници и персонал, објави Си-ен-ен. Патникот Раџ Дхолакија, кој чекаше да се качи на летот за Торонто, рече дека властите евакуирале цел кат од зградата, кој ...
Францускиот претседател Емануел Макрон му рече на својот ирански колега Масуд Пезешкијан дека е „неприфатливо“ Франција да биде цел на напади на Блискиот Исток и побара итно враќање на двајцата француски државјани приведени во Иран. „Го потсетив дека Франција дејствува исклучиво во одбранбена рамка насочена кон заштита на своите интереси, оние на регионалните партнери и слободата на пловидба, и дека е неприфатливо нашата земја да биде цел“, ...
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство. „Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за ...
Во вторник и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање. Прогноза за 17.03.2026 Минимална температура: 1°C до 6°C Максимална температура: 10°C до 16°C Променливо облачно со повремени локални врнежи ...
На 14/15.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(20), лице(26), 17-годишен малолетник сите од Скопје и лице(27) од Штип затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 14/15.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од ...
На 14.03.2026г во 23:00 часот во СВР Скопје И.Т.(37) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Центар во подземна гаража од зграда тој и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица од кои едниот бил вооружен со огнено оружје и тројца од нив физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.03.2026г во 23:00 часот во СВР Скопје И.Т.(37) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на ...
На 15.03.2026 година во 03.48 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат 1105, пред Граничен премин „Дојран“ патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Следниот неработен ден е 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 1 мај (петок), Ден на трудот • 24 мај (недела) ...
Соопштение на СДСМ – интегрален текст: Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата. Со покачувањето на цените на горивата сите цени ќе пораснат. Во маркетите веќе се чувствува притисокот, цената на маслото за јадење надмина 100 денари. Дали намерно вака прави Владата на Мицкоски за да профитира од високите даноци врз грбот на владата или од неспособност? СДСМ веќе предложи пакет на издржани мерки. ...
На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настаните е запознаен јавен обвинител од ...
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски ќе се одржат на 5 ноември (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито во состав: Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска и Јагода ...
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање. Прогноза за 16.03.2026 Минимална температура: -2°C до 4°C Максимална температура: 12°C до 18°C Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе ...
– Безидејноста и пропаста на СДС одат до таму што застануваат зад секој кој ќе најави протести. Зад денешните протести јавноста јасно виде дека наместо ССМ, стои СДС односно нивни луѓе ги организираат работниците низ Македонија за да дојдат денес во Скопје, изјави Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ. – Колку за илустрација, во Тетово, како и од тој регион работниците ги организираше истакнатиот член на СДС, Мирослав Павловски. Работниците од ...
На 13.03.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пијаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Љ.(18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(35) сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а од страна на лекар од ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локалан дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Највисока температура се очекува во централните делови на земјата, ...
Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети. Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии. Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар. Иранските медиуми пред три дена објавија список на потенцијални цели во регионот. ...
Армијата на Јужна Кореја соопшти дека пресретнала десетина неидентификувани балистички ракети истрелани од севернокорејската областа Сунан кон Јапонско Море. Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета со краток дострел во Јапонско Море на 27 јануари. Пјонгјанг тогаш соопшти дека тестира „систем за повеќекратно лансирање ракети со голем калибар, надграден со нова технологија“. Со резолуции на ОН на Северна Кореја ѝ е забрането да ...
Иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз островот Харг се слушнале повеќе од 15 експлозии. Според Фарс мета на нападите не била нафтената инфраструктура, туку биле бомбардирани противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на „Трут соушл“ објави дека ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) организираше протест со барање минималната плата да изнесува 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за 100 евра. Синдикатите се против законското усогласување на минималецот од околу 1.600 денари, оценувајќи дека тоа не ги покрива растечките трошоци за живот. Протестот започна пред Работничкиот дом и заврши пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека околу 160.000 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави. Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое трипати се соочило со сложени кризни ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Мицкоски со лага дојде на власт, со лаги владее. Пред изборите тераше кампања дека ќе го промени името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, нас не праваше предавници. Денеска граѓаните разбраа дека се излажани. Не го врати името. Нема поголеми плати како што ветуваше, Нема одговорност, нема правда. Граѓаните не живеат подобро туку полошо. Ниту СДСМ ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека зад денешните работнички протести стои СДСМ, а не Сојуз на синдикатите на Македонија, тврдејќи дека партиски луѓе ја организирале мобилизацијата на работниците од повеќе градови низ државата. Според Петрушевски, јавноста можела јасно да види дека наместо синдикатот, зад организацијата на протестите стојат структури поврзани со СДСМ, кои ги организирале работниците да дојдат на протест ...
Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, рече премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, ги повика работниците да се приклучат на денешниот работнички протест во Скопје, со порака дека синдикатите се борат за повисоки плати и подобар животен стандард. „Добро утро, ние денеска се бориме за вашите плати, што ќе правите вие?“, порача Трендафилов во пресрет на протестот. Работничкиот протест, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, е закажан за ...
Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...
„Нашиот став е јасен и принципиелен од самиот почеток дека ние ќе го почитуваме законот таков каков што е. Законот мора да се почитува“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вчерашното гостување во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24. Премиерот Мицкоски посочи дека согласно законот, минималната плата ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и истата ќе изнесува над 26.000 денари. „Во име на тоа, ова законско покачување на ...