Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против лице (23) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.06.2026 пријавениот на две лица од Виница им упатувал закани, барајќи да му исплатат пари, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу пријавениот и едно од лицата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе ...
По генералниот директор на НАТО Марк Руте, и холандскиот премиер Роб Јетен ги поддржа американските воздушни напади врз Иран. Јетен беше прашан за нападите на самитот на НАТО во Анкара. „Важно е да покажете дека не прифаќате кршење на прекинот на огнот“, им рече Јетен на новинарите. „Во исто време, мора да се примени максимален дипломатски притисок за да се обезбеди продолжување на разговорите и наоѓање решение.“ Американскиот претседател ...
Пензионираниот адмирал на американската морнарица Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, во вторник вечерта ги наведе трите опции што му стојат на располагање на претседателот Доналд Трамп по новата воена акција на САД против Иран. Ставридис го објави својот став за ситуацијата на социјалната мрежа Икс и го објасни подетално за време на гостувањето на Си-ен-ен, пишува Њузвик. „Три опции за Иран“ Првата опција, според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за прв пат по синоќешните воени напади на САД врз Иран, велејќи дека американската војска „нападнала многу силно“ врз ирански цели и дека, според него, примирјето меѓу САД и Иран повеќе не постои. Трамп за Иран: Ова се зли луѓе Зборувајќи за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Анкара, Трамп го обвини иранското раководство дека ги продолжува нападите и покрај ...
Италијанската влада, со поддршка на премиерката Џорџа Мелони, даде конечно одобрение во август минатата година за изградба на мост од 3,7 километри преку каналот. Доколку проектот, и покрај некои правни предизвици, биде завршен, тој ќе биде најдолгиот висечки мост со еден распон во светот. Но, овој мост не е само инфраструктурен проект – премиерката Мелони го прогласи за неопходен за националната одбрана, необичен маневар што ѝ помага на ...
Танкер за течен природен гас (LNG) на кој се наоѓал и хрватски екипаж бил нападнат во Ормускиот теснец. Според првичните информации, на бродот имало најмалку шест хрватски државјани и никој не е повреден, објавува Morski.hr. Катарскиот брод Ал-Рекајат бил погоден од ракета вчера, по што избувнал пожар во машинската просторија. „Експлодираше на два метра од мене“ Morski.hr објави и пораки од еден од хрватските морнари од бродот, кој изјавил ...
На 07.07.2026 во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Исто така, поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од с.Агино Село, кумановско ...
На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода маж (59) со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 07.07.2026 во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода маж (59) со ...
Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино. Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална ...
СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша Н.Е. д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата. Целта на меморандумот е да се овозможи соработка во делот на ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Според ...
Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор, велат од ДУИ и од таму наведуваат дека Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија. – Одлуката на Уставниот суд за имињата на улиците ...
– Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат, изјави преммиерот Христијан Мицкоски на денешанта прес конференција во Владата. – ...
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија, на темата: „Меѓународното право и заедничките принципи: основи за безбедност и соработка во областа на ОБСЕ“. На рамките ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
На 07.07.2026 во 12:25 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Тетово. На ...
На 07.07.2026 во СВР Тетово, С.А. (19) од с. Долно Палчиште пријави дека околу 18:15 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, додека се движел со негови другари, бил физички и со тврд предмет нападнат од неколку лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода се лишени Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово, а кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети и остар предмет. По документирање на случајот, ќе биде ...
На 06.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 04.07.2026 околу 20:45 часот во населбата Илинден, скопско, две лица го нападнале физички и со тврди предмети, а едното од нив му се заканило со пиштол и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 04.07.2026 околу 20:45 часот во населбата ...
Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично ...
Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на ...
– На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, рече Марија Митева, портпаролка на Владата. – Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски ...
Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 09.07.2026 Минимална температура: 11°C до 20°C Максимална температура: 27°C до 34°C Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено ...
Денеска во Собранието се одржа промоцијата на Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше донесен од страна на пратениците. На настанот се обратија претседателот на Собранието Африм Гаши; шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал; вишиот резидентен директор на НДИ Северна Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет; претставничката на Одделот ...
Денеска во СВР Охрид беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре, се до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и ...
На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од ...
На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина потпишала уште три „договори за дронови“ со Данска, Естонија и Холандија, ставајќи ја на располагање својата експертиза стекната за време на повеќе од четиригодишната војна со Русија. Зеленски ги објави договорите на социјалните медиуми на маргините на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара, велејќи дека Киев сега склучил девет такви договори. Украина развила високо ...
Во ноќниот напад со руски балистички ракети врз Киев беа повредени две лица. Експлозии одекнуваа низ главниот град кратко пред тревогата за воздушниот напад, а украинските воздухопловни сили предупредија за закана од балистички ракети. Локалните власти ги повикаа жителите да останат во засолништа, објавува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека ракетниот напад предизвикал пожар во магацините во градскиот ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека најновиот бран американски воздушни напади врз Иран е „апсолутно неопходен“. Руте моментално е во Анкара со лидерите на алијансата, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, на дводневен самит што започна вчера. На прашањето од новинарите како би ги коментирал американските напади врз повеќе од 80 цели, Руте му даде целосна поддршка на Вашингтон. „Мислам дека беше апсолутно ...