„Борбата против корупцијата станува најважниот фронт во кој СДСМ продолжува заедно со граѓаните, одлучно и без компромиси“, порача на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче кој најави нов фронт за борба против криминалот на актуелната власт. „Ова е нов фронт, фронт заедно со граѓаните, во борба против корупцијата на оваа криминална и ненародна власт,“ истакна Филипче. Тој најави дека СДСМ ќе побара поддршка и од ...

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека САД ја поканиле Русија да се врати во Г7 за време на неговиот состанок претходно оваа недела со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот и неформален советник на Трамп, Џаред Кушнер, во Кремљ. „Не, темата само што се појави. И му објаснив на г-дин Виткоф зошто престанав да присуствувам на овие настани на Г7. Немаше предлози, ништо такво не се ...

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин на огнот, бидејќи ескалацијата на уништувањето и зимските услови ги зголемуваат хуманитарните ризици. Матијас Шмале, резидентниот хуманитарен координатор на ОН за Украина, им рече на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк дека за време на неговите чести патувања во погодените региони, не чувствувал дека прекинот на ...

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка, при што загинаа четири лица. Нападот во источниот Пацифик го наредил американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, објави Јужната команда на САД на социјалните мрежи, споделувајќи видео од нападот. „Разузнавањето потврди дека бродот превезувал наркотици и се движел по позната рута за шверц во источниот Пацифик. ...

Веста за крајот на војната во Украина би можела да се појави во следните неколку недели, изјави американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во интервју за „NBC News“. За време на разговорот, Венс го опиша своето најголемо разочарување на функцијата како неуспехот да се постигне договор за завршување на руско-украинската војна. „Мислам дека има надеж – се надевам дека ќе има добри вести во следните неколку недели на тој фронт“, рече Венс. „Работата ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата ќе ја тужи Европската комисија ако го игнорира ветото на Унгарија врз планираните санкции за купување руски гас и нафта. „Брисел играше со погрешни коцки кога одлучи да ги забрани купувањето руска нафта и гас, освен ставот на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ, која зависи од гласањето“, изјави тој за Радио Кошут, пренесува МТИ. Според него, ЕК го заобиколи ...

Иако се претпоставува дека политиката треба да го подобри животот и да ја гради иднината, трагично е кога една земја ќе дојде до точка каде што за многу граѓани зборот политика се поврзува со зборот корупција. Ова е индикатор дека веќе не се соочуваме само со институционален проблем, туку со длабока рана во општествената култура, менталитет кој е вкоренет со години преку злоупотреби и разочарувања, изјави претседателот на Собранието, Африм ...

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“, што се одржа во Брисел во организација на „Пријатели на Европа“. Во своето излагање Николоски рече дека земјите од регионот со децении се борат за европските вредности, но дека испораката од Европската Унија недостига. Тој посочи дека Северна Македонија направила низа отстапки, ...

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски објави дека поради лажни пријави и клевети од ВМРО-ДПМНЕ, ќе преземе соодветни правни мерки. Во својата реакција на Фејсбук тој обвинува дека наместо да се соочат со проблемите во земјоделството, власта се насочила кон напади врз него како опозициски пратеник. Николовски истакна дека укажувал на проблемите со ИПАРД, на неисплатените субвенции и на тешката состојба во земјоделството, но ...

Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат ...

На маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто. Министрите изразија задоволство од динамичната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија, како и од континуираниот политички дијалог на високо ниво. Тие го нагласија силниот потенцијал за унапредување на соработката ...

Тројца тинејџери загинаа во јужна Франција откако нивниот автомобил излетал од патот, се забил во ѕид и се превртел во приватен базен, при што останале заробени. Возилото било речиси со иста големина како базенот, а тројцата тинејџери, на возраст од 14, 15 и 19 години, не можеле да ја отворат вратата и се удавиле. Несреќата се случила во градот Алес во вторник вечерта. „Вистински е ужас. Тие не починале од ударот. Се нашле наопаку во ледената ...

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори со Русија и Украина, пишуваат светските медиуми. Според белешките од конференцискиот повик до кои дојде „Шпигел“, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон употребиле остри зборови во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку други европски лидери, ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес слета во Индија, започнувајќи ја дводневната посета обележана со интензивни дипломатски активности и фокус на зајакнување на билатералните односи. Со премиерот Нарендра Моди, Путин ќе разговара за голем број клучни теми, од економска соработка до геополитички предизвици. Централниот настан на посетата е годишниот руско-индиски самит, традиционален форум за дијалог што се одржува наизменично во Москва и ...

Безбедносните сили истражуваат анонимна закана за поставување бомба на централната автобуска станица во источниот дел на Москва, изјави денес претставник на московските служби за итни случаи. „Примена е анонимна пријава за закана со бомба на централната автобуска станица“, изјави неименуван извор за „РИА новости“. Според него, безбедносните сили биле испратени на автобуската постојка за да го истражат телефонскиот повик. Лажни закани со бомби ...

Данската влада планира значително да го намали износот на воена помош за Украина од 2026 година, што е најава за постепен преглед на нејзините финансиски обврски кон Киев. Како што објави данската јавна служба, министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен објави пред парламентот дека следната година Данска ќе издвои 9,4 милијарди круни, што е малку повеќе од 1,4 милијарди долари. Оваа сума е речиси половина од помошта што беше доставена во текот ...

Соединетите Американски Држави планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. „Нема да бидам прецизна за точниот број, но тоа е повеќе од 30, а претседателот продолжува да ги оценува земјите“, рече Ноем во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на американскиот претседател ...

Мажот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе се извини на семејството на починатиот политичар за прв пат. Тецуја Јамагами, кој претходно се изјасни за виновен за убиство и други обвиненија, вчера пред судот изјави дека „длабоко жали“ за вдовицата на Абе, Акие, објави Би-би-си. Јамагами го застрелал Абе со рачно изработено оружје за време на политички митинг во западниот јапонски град Нара на 8 јули 2022 година. ...

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија за последиците од настанот во кој беа уништени 63 животи и зацрнети 200 семејства, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, по денешното судење за пожарот. „Се однесуваат како тие да се оштетени, како да не знаат зошто се обвинети, како првпат да слушаат дека дискотеката ‘Пулс’ ...

Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. Во ...

Семејна трагедија ја потресе Калифорнија откако мајка видела како нејзиниот поранешен сопруг полицаец со нож го убива нивниот 11-годишен син на камера за надзор. Само неколку часа подоцна, по драматична полициска потера, таткото исто така беше убиен во престрелка, пишува „Пипл“. Во вторникот наутро, 2 декември, полицијата доби повик од сопругата на Марвин Моралес (40), која пријавила дека гледала како го боде нивниот син на нивната домашна ...

Средбата со специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во Кремљ беше многу корисна, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за Индија Тудеј, тој рече дека предлозите што американските преговарачи ги донесоа во Москва се базираат на договорите меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска, но исто така истакна дека постигнувањето консензус е „тешка ...

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека ако Европската Унија преземе замрзнати руски средства, Москва би можела да го смета тоа за чин што ја оправдува војната. „Ако лудата Европска Унија сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија под маската на таканаречен заем за репарации, Русија би можела да го смета овој потег за casus belli со сите релевантни импликации за Брисел и ...

Соопштение на СДСМ: Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите? Кога не оди – објави истражување. Напиши – никогаш подобар рејтинг. Од каде сега им идеја за истражување на јавното мислење кога нема ништо во најава? Кој воопшто сега спроведува анекти? Го прашавме АИ кога нема смисла да се објавуваат резултати од анкета. Еве што го добивме како одговор: Кога се очекува истражувањето да служи како ...

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, се дистанцира од обвинувањата за корупција што ја погодија Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), а претставници на ЕК изјавија дека истрагата не ја вклучува шефицата на Комисијата, пишува бриселскиот „Политико“. Белгиските власти во вторник извршија рација и ги притворија поранешната висока претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и поранешниот генерален секретар на ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика остри реакции со изјавата дека Русија нема да ја загуби војната во Украина нарекувајќи го таквиот исход бајка и илузија, пренесе „РБК Украина“ врз основа на неговото интервју за „Ла Либре“. Тој изјави дека замрзнатиот руски имот на крајот ќе мора да ѝ биде вратен на Москва и дека секој обид за конфискација е кражба. Де Вевер нагласил дека Белгија е под огромен притисок за прашањето за одземање руски ...

Соопштение на СДСМ: Фатена во криминал до гуша власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате! Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Индонезија, Листиана Оперананта, со седиште во Софија. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од динамиката на билатералните односи, воспоставени на 25 мај 1993 година, истакнувајќи ја важноста на продлабочувањето на соработката на политички план, во меѓународните организации, како и во економијата. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Социјалистичка Република Виетнам, со седиште во Софија, Нујен Ти Мин Нујет. Во обраќањата на церемонијата обете изразија подготвеност за поблиска соработка во духот на добрите македонско-виетнамски релации, заемното разбирање и меѓусебно почитување. Сиљановска-Давкова изрази увереност дека новоименуваната виетнамска амбасадорка со ...

Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, вели во краткиот фб статус екс-градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. – Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина ...

Известување

25 минути - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -5ᴼ
3.6
61%
1024
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -5ᴼ
0.51
78%
1023
weather icon

Софија

-2ᴼ / -5ᴼ
8.23
62%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
8.63
70%
1022
weather icon

Љубљана

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
6.71
60%
1017
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
6.69
38%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
28%
1025
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
4.63
73%
1019
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
4.12
58%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
9.26
87%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Кобалт

59.52

Родиум

313469.78

Сребро

2703.41

Рутениум

44946.74

Злато

147759.41

Паладиум

59575.33

Цинк

3.10

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Калај

44.71

Бакар

12.08

Платина

75300.49