Еден месец од почетокот на војната во Иран, растечкиот недостиг на сурова нафта се заканува да се претвори во нешто многу полошо: недостиг на речиси сè. Судирот на Блискиот Исток го ограничи протокот на нафта и природен гас низ Ормутскиот Теснец, со што глобалното снабдување е намалено за приближно една петтина. Ова нарушување не само што предизвика нагол раст на цените на горивата, туку ги намали и залихите на петрохемиски производи ...

Иран постави низа услови за завршување на конфликтот со САД и Израел, меѓу кои најважен е признавање на правото на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република за руската државна агенција РИА Новости. Според изворот, меѓу условите за завршување на војната се: 1. траен мир, а не само примирје 2. осуда на агресорот 3. воена обештетување за материјална штета 4. укинување на сите санкции 5. почитување ...

Многу Германци ги менуваат своите планови за патување за Велигден и наредните месеци поради војна, кризи и политичка неизвесност, според анкета спроведена за туристичкиот сектор. Истражувањето на Германскиот институт за туризам покажало дека 16 отсто од 1.124 испитаници, анкетирани помеѓу 25 и 30 март, ги промениле своите планови за патувања во наредните три месеци поради глобалната политичка ситуација. Меѓу оние кои ги промениле плановите, ...

Францускиот брод „Криби“, под знаме на Малта, помина низ Ормутскиот теснец користејќи таканаречен „сигурен коридор“ во ирански води. Иран ги пренасочува бродовите од стандардната трговска рута кон север, околу островот Ларак, за да може Револуционерната гарда да ги прегледа визуелно. Овој коридор е наречен и „техеранска наплатна станица“. Податоците покажуваат дека „Криби“ имал активен систем за следење додека бил во ирански води, а по ...

Војната на САД со Иран влегува во нова, потешка фаза откако два американски борбени авиони беа соборени над иранска територија. Иако овие инциденти не значат дека Иран е израмнет со САД во воената моќ, тие покажуваат колку војна каде страните имаат многу различни воени сили и можности, може да биде ризична. Американската јавност веќе е скептична за оправданоста на конфликтот. Преценети тврдења на Трамп и Хегсет Претседателот Доналд Трамп и ...

Соединетите Американски Држави успешно го спасија и вториот пилот кој беше заробен зад непријателските линии, откако Иран претходно собори американски борбен авион Ф-15, соопшти утрово Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп, преку соопштение објавено од портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на социјалната мрежа „X“, истакна дека војската извела подвиг за паметење. „Го имаме! Мои сограѓани Американци, во изминатите неколку часа ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека американската војска спровела „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата“ и го извлекла вториот член на екипажот на соборениот борбен авион Ф-15 од Иран. „Го фативме! Овој храбар офицер, високо почитуван полковник, сега е безбеден“, рече Трамп на Tрут Соушал, додавајќи дека пилотот бил длабоко зад непријателските линии во планините на Иран додека го барале ...

Кувајтската нафтена компанија објави дека по напад со дрон што се случил рано утрово, избил пожар во нафтениот комплекс Шуваик. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат Министерството за нафта и седиштето на националната нафтена компанија, пренесува кувајтската државна новинска агенција. Брза интервенција на службите Според првичните информации, во нападот нема повредени лица. Екипите на итната помош се веќе на терен, заедно со бројни ...

Силно невреме со интензивни налети на ветер утрово го зафати Загреб, предизвикувајќи сериозни нарушувања во секојдневниот живот и функционирањето на сообраќајот во градот. Поради ризикот од опасни услови, надлежните власти одлучија наставата во основните и средните училишта да биде привремено прекината. Одлуката е донесена со цел да се заштитат учениците, особено при движење низ градот и користење на јавниот превоз. За учениците кои немаат ...

Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници, утврдени неисправни сопирачки, соопшти МВР. Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ...

Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд. Прогноза за 05.04.2026 Минимална температура: -1°C до 8°C Максимална температура: 15°C до 22°C Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Прогноза за 06.04.2026 Минимална температура: -1°C до 7°C Максимална температура: 16°C до 24°C Сончево и топло со ...

На 02.04.2026 околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана, соопшти МВР. Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик-министерот Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, го посетија Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во Мојот Свет“ – Скопје, кало дел од активностите во месецот на подигнување на свесноста за аутизмот. Здружението воспостави дневен центар за млади од 14 до 26 години, со ...

Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р ...

Американскиот претседател Доналд Трамп „го оствари својот сон за промена на режимот, но не во Иран, туку во Ормускиот теснец“, изјави Ибрахим Азизи, претседател на Комитетот за национална безбедност на иранскиот парламент, објави „Волстрит џурнал“. Азизи оцени дека, наместо политички промени во Техеран, конфликтот со САД е префрлен на контрола на поморските патишта, со порака дека „Ормускиот теснец ќе биде отворен, но според новите ирански ...

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг денес изјави дека е постигнат договор со францускиот претседател Емануел Макрон за заедничка работа за обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец и намалување на влијанието на војната на Блискиот Исток. За време на самитот во Сеул, Ли изрази загриженост поради неизвесноста во глобалните синџири за снабдување со енергија и нагласи дека двете земји ќе ги координираат економските и енергетските ...

Прекините на интернетот го отежнаа пристапот до луѓето во Иран, но некои успеваат да се поврзат преку сателитски интернет како што е Starlink и други методи, иако по високи трошоци. Користењето или поседувањето Starlink може да биде казниво со затвор до две години. Сите интервјуирани Иранци се спротивставуваат на сегашната влада. Беспомошност и страв: Што мислат Иранците за нападите Жена во нејзините 20-ти години од Техеран, прашана како се ...

Европската комисија ги повика граѓаните да работат од дома, да возат помалку и да летаат поретко, додека земјите-членки итно треба да го забрзаат развојот на обновливи извори на енергија, предупредувајќи на долгорочна енергетска криза предизвикана од војната во Персискиот Залив. Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Европа се соочува со „многу сериозна ситуација“ без јасен крај. „Дури и ако мирот дојде утре, нема да се ...

И покрај пет недели воздушни напади од страна на американските и израелските сили врз воени цели, Иран сè уште има околу половина од своите ракетни лансери и илјадници борбени беспилотни летала, според најновите проценки на американските разузнавачки информации. Три извори запознаени со податоците потврдија дека арсеналот на Иран останува значаен, пишува CNN. „Тие сè уште се повеќе од способни да предизвикаат целосен хаос низ регионот“, вели ...

Европската комисија била цел на кибернетички напад при кој биле украдени околу 91,7 GB податоци од нејзината cloud инфраструктура, кои подоцна биле објавени на dark web, пренесе Index, повикувајќи се на CERT-EU. Според информациите, напаѓачите дошле до пристап преку компромитирана верзија на алатката Trivy, што укажува на напад преку синџирот на снабдување. Со украден AWS клуч, тие креирале нов пристап и започнале со истражување на системот. ...

Иранската Револуционерна гарда тврди дека соборила американски борбен авион над централниот дел на земјата, пренесе Index, повикувајќи се на агенциите Фарс и Мехр. Според нивните наводи, леталото било целосно уништено, а нема информации за судбината на пилотот. Дел од воените аналитичари на социјалните мрежи посочуваат дека можеби станува збор за авион F-15E, а не F-35. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавиле снимки од американски ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит. „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и ...

На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на ...

Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 14.09.2025, пријавениот преку пишан материјал на негов профил на социјална мрежа промовирал и поттикнувал омраза и насилство. СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, кој во моментов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот премин Пресека. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, во рамки на заедничката посета со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и на Судскиот совет, Александар Камбовски остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон зајакнување на владеењето на правото и унапредување на меѓуинституционалната соработка. Делегацијата се сретна со претседателката на Судот за ревизија, ...

Лишена од слобода жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(46) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е ...

На 02.04.2026 во 16:55 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила „киа“ и „пежо“. Возилото „пежо“, било управувано од С.Г. (36) од Тетово, која не поседувала возачка дозвола, а поради претрпен стрес и со оглед на тоа дека била бремена, е префрлена во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Возилото е привремено одземено согласно член 297-а од КЗ и по документирање на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
87%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15