Германско-македонскиот бизнис самит е настан кој веќе прераснува во важна платформа за економски дијалог, нови партнерства и теми кои се суштински за иднината на нашата економија, но и на нашето стратешко македонско-германско партнерство, рече попладнево министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Германско–македонскиот бизнис самит 2026, организиран од Германската стопанска комора и Македонско-германското ...

Очигледно е дека СДСM повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ за инфлацијата. Кога СДСM зборува за ...

Со посета на дечиња од детските градинки и презентирање на пристигнатите ликовни и литаратурни творби од конкурсот на тема „ Полицајците – тивки херои на нашето време“, во Секторот за внатрешни работи Струмица беше одбележан 7 Мај-Денот на македонската полиција. Во седиштето на Секторот за внатрешни работи Струмица на посета беа дечиња од Детска градинка „Детска радост Струмица“ кои на симболичен начин на полициските службеници им ќе го ...

Во Крива Паланка во завршна фаза е реализацијата на уште еден капитален инфраструктурен проект за побезбеден и поуреден град, асфалтирање на дел од главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, делница од населба Единство до клучката со магистралниот пат А2, на влезот на градот. Од Општина Крива Паланка информираат дека продолжува силната динамика и јасна визија за реализација на капитални инфраструктурни проекти што оставаат траен белег во развојот ...

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на министерката Димитриеска – ...

Приведени се 18 возачи за безобѕирно возење на територија на цела држава од кои 16 биле без возачка, а двајца со активна забрана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осум возачи се од Скопје (од кои двајца малолетници), тројца се од Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во крвта. ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу. На средбата, информираат од Општината, се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка и можностите за реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните. Беа разменети мислења и идеи за креирање политики и активности насочени кон подобрување на ...

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска свечено беше отворена изложбата на слики создадени во рамки на 33-тата Лесновска ликовна колонија, настан кој со децении претставува важен сегмент од културниот живот во регионот. Пред љубителите на уметноста беа презентирани дела на уметници учесници на годинашното издание на колонијата, кои преку различни техники и стилови ја отсликуваат својата инспирација, креативност и уникатен ...

Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %. Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ...

Се очекува раст на БДП од 3,5 % во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8 % во 2027 година. Притоа главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка. Ова го истакна денеска на прес-конференција гувернерот Трајко Славески. Тој информира дека Советот на Народната банка, на седницата одржана денеска, ги разгледал и ги усвоил најновите ...

Eкономски раст од 3,5% и инфлација od 4%. Народната банка ги ревидираше надолу проекциите за годинава. Според гувернерот Трајко Славески, врз македонската економија демнат ризиците поради пролонгирање на воениот конфликт на Блискиот Исток. Народната банка очеклува растот да забрза на 3,8% догодина и на 4% во 2028-мата. Вели дека и покрај неповолното надворешно окружување и намалената побарувачка од странство, девизните резерви се стабилни на ...

Бугарија влегува во завршна фаза од формирањето нова редовна влада, откако претседателката Илијана Јотова најави дека денеска ќе го врачи мандатот на „Прогресивна Бугарија“, партијата на поранешниот претседател Румен Радев. Се очекува Радев да биде предложен за премиер, со што поранешниот шеф на државата практиично се враќа во центарот на бугарската политика, овојпат како носител на извршната власт. Неговата победа доаѓа по долг период на ...

Само неколку часа откако се закани со нови напади врз Иран, американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за постигнување мировен договор. „Во текот на изминатите 24 часа имавме многу добри разговори и многу е веројатно дека ќе постигнеме договор“, им рече Трамп на новинарите во Овалната канцеларија во Белата куќа. Според Трамп, има напредок и по една клучна точка: „Иран не смее да има нуклеарно оружје… и тие се согласија за тоа“, ...

И покрај противењето на Канарските Острови, Шпанија реши холандскиот крузер, кој отплови од Аргентина на 1-ви април, а беше погоден од хантавирус, да се закотви на секундарно пристаниште во близина на аеродромот во Тенерифе. Шпанското Министерство за здравство уверува дека лицата што сè уште се на бродот не покажуваат симптоми на вирусот. На бродот, од епидемија на хантавирус што го пренесуваат глодари, досега починаа три лица. Јужна Африка ...

Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол. Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите ...

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ – истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-македонскиот самит во Скопје. Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, испразнетата и ограбена државна ...

Утре ќе биде објавен јавниот оглас за пополнување на 23 работни позиции во Клиничка болница (КБ)-Штип најави денеска директорот на КБ-Штип, Владко Захариев. Тој појасни дека овој оглас е за вработување на помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување на работни места за болничари, акушерки, медицински сестри. Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции, од кои едната е за ...

Во рамките на иницијативите на официјална Атина за европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на грчкото претседателство со ЕУ, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, ќе ги посети земјите од регионот, а според портпаролката на грчкото МНР, оваа посета ќе биде во следниот период. Во однос на тоа кога ќе се реализира и дали турнејата ќе ги вклучи сите земји одеднаш или Герапетритис ќе оствари одвоени посети во ...

Нов начин на премсетка за поторшената струја од страна на граѓаните, како пофер мерка најавија од Регулаторната комисија за енергетика. Ќе се преиспитува досегашниот систем поделен на блокови, бидејќи граѓаните за ист производ сега плаќаат различна цена. „Мој личен став е дека треба се да се отвори. И ова прашање ќе го разгледаме. Ќе направиме анализа од досегашното искуство, бидејќи ова веќе неколку години е важечко и ќе видиме со искуствата ...

Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, имаме стратешка географска позиција, имаме потенцијал да станеме регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги – порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Германско-македонскиот бизнис -амит во организација на АХК Македонија. Нашата задача како Влада, нагласи Мицкоски, е тој потенцијал да го претвориме во реален економски раст и затоа ...

Германија станува главен економски сојузник на Македонија со се поголем раст на инвестициите, особено во ИТ секторот. Ова беше заклучено на Германско-македонскиот бизнис самит што се одржа во Скопје. Според премиерот Христијан риХ Мицкоски, германските компании не се само инвеститори, туку партнери во трансформацијата на македонската економија. Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, но и стратешка географска позиција и потенцијал да ...

СДСМ индиректно призна дека златната виза на Венко Филипче е автентична. Им требаа девет дена да смислат каков таков одоговор за скандалот со Емиратите и да смислат нова закана до нашиот медиум, бараат да кажеме дали документите се оригинал или не, иако во секој случај ќе поднеле кривична пријава против Алфа. Доколку документите не беа вистински, зошто би ја правеле целата драма, нека тужат веднаш за објавување наводен фалсификат. Но, бидејќи ...

СДСМ зборува за враќање на Груевски, а го пушти да избега од одговорноста, рече пратеникот од редовите на ЗНАМ, Даниел Стојчевски, на денешната прес-конференција. „Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне една нова, удобна „вистина“. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како одговорна државотворна сила, нема да дозволи вистината да биде ...

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, ...

Традиционално, Управата за јавни приходи и оваа година организираше крводарителска акција под мотото „Дарувај крв – дарувај живот“. Во соработка со Институт за трансфузиона медицина, акцијата уште еднаш ја потврди важноста на солидарноста и хуманоста. „Акцијата „Дарувај крв – дарувај живот“ не се организира првпат во Управата за јавни приходи, значи редовно, традиционално се организира по повод Денот на даночните службеници, Свети Матеј, во ...

Две лица се лишени од слобода, заради нелегално поседување и продажба на наркотици. Од МВР информираат дека вчера во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов очекува до крајот на годинава да завршат сите процедури за да може од почетокот на наредната година производителите на електрична енергија од обновливи извори непречено да учестуваат на европскиот обединет пазар. – Како Регулатор секојдневно работиме на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот пазар. Засега и техничките и ...

Нови лекови на позитивната листа – Владата најавува проширување, но и поголема одговорност во здравство. Премиерот Мицкоски кажа дека во наредните месеци листата на лекови на товар на Фондот ќе се прошири, но и предупредува дека здравствениот систем е преоптоварен и дека мора да престане злоупотребата и неодговорното трошење. Нови лекови на позитивната листа – Владата најавува проширување, но и поголема одговорност во здравство. Премиерот ...

Министерство за здравство во рамките на кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ упати апел за подигнување на јавната свест за значењето на дарувањето органи и кадаверичната трансплантација. Во рамките на широката кампања за промоција на органодарителството, докторите кои се директни учесници во овој процес апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за ...

За три месеци се подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан, информираше денеска гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање, по одржаната прес-конференција. Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. – Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15