Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Втор ден се чисти отпад и градежен шут во Штип, во рамките на еколошката акција „Генералка викенд“. Со градежни машини се расчистува градежниот шут, а амбалажи од најразлични производи, пластични ќеси и друг вид на отпад се чисти од вработените во штипските јавни претпријатија, припадници на Армијата, пожарникари, Општината, членови на Извидничкиот одбор „Еквинокс“, волонтери, граѓани. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска ...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. МВР појаснува дека пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која ...
Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок), се вели во соопштението од ДОМ. Во рамките на ...
Во општина Кисела Вода поставени се нови 15 контејнери за текстилен отпад кои се распоредени пред основните училишта и детските градинки. Со ова, информираа денеска од општината, иницијативата добива изразена едукативна димензија, директно насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување на одговорни навики за заштита на животната средина уште од најрана возраст. Ова претставува втора фаза од проектот кој се реализира ...
Европа е нашиот единствен пат, но пазар со македонскиот идентитет нема да има. На Денот на Европа, премиерот Христијан Мицкоски испрати силна порака дека Македонија нема друга шанса за успех, освен интеграција во ЕУ, но нагласи дека на тој пат нема да се газат достоинството и македонскиот идентитет. Премиерот вели дека треба да се разговара за решенија, но истовремено и нагласува дека неправдите и двојните стандарди создаваат длабока ...
На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, во првите четири месеци годинава, се регистрирани 14.918 патници, забележувајќи благ раст, споредено со истиот период минатата година. – Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право ...
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија. -Почитувани граѓани на Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. ...
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да вложуваме сѐ повеќе и повеќе и да ја користиме за да ги ефектуираме процесите, за да побрзо стигнуваме до иновациите, за да можеме технолошкиот развој да го забрзаме. Бидејќи ако не го правиме тоа, ние ќе заостанеме – ќе останеме изолирани и заборавени од светот. Мора да држиме чекор со она што се случува во светот, нагласи министерката за ...
Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај – Денот на Европа. – Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и ...
Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска ...
Владата организира свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Делегации од институции, политички партии, амбасади, …. ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. На свеченоста ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Владата организира свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и ...
Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот, најголемото зло на дваесеттиот Век! Денес, после 81 година, се потсетуваме на денот кога црвеното знаме на слободата се развеа над урнатините на тиранијата, означувајќи го триумфот на работништвото, прогресивните и слободарски сили и обединетите народи против смртта, робството, експлоатацијата и омразата. Ова не е само датум од историјата, туку симбол на победата на човекот над ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението, според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДСМ е очигледна токму во овие аспекти. Таа додаде дека ...
Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев ...
– Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...
На 9 Мај Европа ја славигодишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија. Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“. ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Американскиот универзитет на Европа – ФОН Скопје ќе учествува на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“. Како што соопшти МОН, со конференцијата ќе биде означено отворањето на Технолошкиот парк – Н99. Министерката Јаневска ќе се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација. Министерката за образование и наука Весна Јаневска ...
Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на премиерот Мицкоски. Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ...
Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Нож и вилушка на европската чинија“, кој преку гастрономија, музика и култура ќе ги прослави европските вредности и заедништвото. Како што е наведено во соопштението на организаторите, настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до граѓаните, создавајќи простор за дружење, размена на идеи и дегустација на уникатни вкусови. Посетителите ќе имаат ...
Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан по повод одбележувањето на Денот на Европа, кој годинава се одржува под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“, соопшти „Европска куќа Скопје“. Како што најавуваат, официјално обраќање на настанот ќе има евроамбасадорот Михалис Рокас со почеток во 12 часот на сцената „Школка“. Пораки ќе бидат испратени и во најавените изјави за медиумите од евроамбасадорот Рокас, министерот за ...
Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што ...
Ендоскопска комбинирана интраренална хирургија (ECIRS), една од најсовремените и најкомплексни уролошки процедури за третман на коралиформна и мултипла бубрежна калкулоза, е изведена првпат во Македонија, но и пошироко во регионот. Интервенцијата е изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од страна на уролозите д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски, со поддршка од два комплетни оперативни тимови. Методата е изведена кај ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, тоа значи и обврзување кон Европската конвенција за човекови права, како и прифаќање на обврската да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права. Тоа е обврска што важи и за Македонија и за Бугарија, и за сите 46 земји-членки. Во контекст на пресудите за македонското малцинство во Бугарија тоа значи дека мора да биде возможно одредена организација ...
Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДСМ спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДСМ не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во ...
Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите од земјоделците. – ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што соопшти денеска ...