Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Повеќе од 74 проценти од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства може да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што соопшти Министеството за транспорт, тој истакна дека овој резултат се ...
Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, вчера попладне спасила две лица од возило што излетало од патот Грачаница – Тузла. Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија. ...
Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово денеска го реализираше културно-едукативниот проект „Кажи ми како се прават работите без телефон?“, со цел да се обработи еден од најчувствителните предизвици на современото време – влијанието на технологијата и зависноста од телефоните кај децата и младите. Оваа иницијатива е насочена за подигнување на свеста за враќање на човечката комуникација, културата на читање, креативноста и здравите социјални односи, ...
Отворен е фронт за интензивирање на градежните активности на автопатските делници што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, при што е забележан раст од 90 отсто во 2025 година во однос на 2024 година, информираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски нагласи дека очекува трендот да продолжи и годинава, со нов раст од околу 70 отсто споредено со 2025 година. – Сега, со оглед на тоа дека ...
Лозарите кои имаат штети од мрзнење да добијат зголемени субвенции, Советот на Кавадарци со неколку барања од денешната вонредна седница. Советниците едногласно одлучија да дадат неколку иницијативи и да донесат неколку заклучоци, околу тоа, како да им се помогне на земјоделците кои претрпеа штети од пролетен мраз. Советот даде иницијатива до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и пратениците од општината, да се ...
Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој, како што велат, во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. -Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните – посочуваат од локалната самоуправа. Нагласуваат дека согласно законските ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката Варнс со ангажманот на ...
Крива Паланка уште еднаш покажа дека знае, може и сака да ја чува природата. Со искрена желба за почист, поздрав и позелен град, стотици граѓани, институции, здруженија, волонтери и јавни служби денес се обединија околу една заедничка цел создавање подобри услови за живот и зачувување на природните вредности за идните генерации, преку реализацијата на шестата по ред национална еколошка акција „Генералка Викенд“, информира службата за ...
Инвестицијата во дигитални компетенции и вештачка интелигенција е суштинска за создавање подготвени генерации кои ќе можат да одговорат на современите предизвици. Дигиталните вештини и образованието се клучни за европската иднина на младите, истакна заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, во денешното обраќање на завршниот настан од проектот „Код за иднината- Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се ...
Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од ...
Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во Охрид, регионалната ...
Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот. Како што информира собраниската прес-служба, делегацијата била официјално пречекана од претседателот ...
Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и разговараа со ...
Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. -На 9 мај 2026 година (сабота), со почеток ...
Учениците и наставниците од Општинското основно училиште „Васил Главинов“ од Велес по повод претстојниот Ден на Европа-9 мај денеска во спортската сала „Гемиџии“ организираа настан под мотото „И ние сме Европа“ во рамки на кој учениците и наставниците активно учествуваа во различни активности. Денешната активност е во рамките од Еразмус плус програмата која со повеќе проекти повеќе години наназад успешно се реализира во оваа најголемо велешко ...
Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата за животната средина и за тоа како секој ...
Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани. Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел-горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток. – Следиме сè што се случува. Нашите мерки моментно се до 18 мај, што ...
Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во Стокхолм, Шведска, го прифати предлогот на Македонското друштво „Сонце“ следното Генерално собрание на НПЛД во 2027 година да се организира во Албанија, во соработка со друштвото. -Пред делегатите на Генералното собрание имав чест да го претставам предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, а предлогот беше едногласно прифатен. ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во гостување на една од телевизиите, на 7 мај 2026 година, говореше за повеќе актуелни уставно-правни прашања, при што се осврна на предметот за Законот за употреба на јазиците, имплементацијата на одлуките на Судот, измените на Кривичниот законик, уставната тужба, реформите во јавната администрација и иницијативите поврзани со судските плати и олективниот договор во културата. Во однос ...
За воспоставување целосно функционален систем што ќе опфаќа една национална СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, ќе обезбеди долготрајна нивна психосоцијална поддршка, најмалку 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош за жртвите, годишно треба да се одвојат околу седум милиони евра, што е 0,1 отсто од националниот буџет – истакна денеска проф. д-р Катерина Шапкова-Коцевска од Правниот факултет „Јустинијан ...
Спорт, дружење и едукативни активности денеска обединија околу 300 ученици од основните училишта во Куманово на манифестацијата „Мини Олимписки игри 2026“, која се одржа во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Настанот беше организиран од Македонски олимписки комитет во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од олимписка солидарност. Учениците се натпреваруваа во интерактивни игри и спортски активности преку кои се запознаа со ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, заедно со шведскиот амбасадор Ола Сулстром и Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и претставници од здружението LEAD беа дел од презентацијата на проекти за иновативни решенија во рамки на програмата UPSHIFT, реализирана во партнерство со LEAD и УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска. Во рамки на проектот UPSHIFT, седум ученици од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип го ...
Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДСМ даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Општина Маврово и Ростуше денеска се вклучи во акцијата „Генералка викенд” и преку масовно учество во оваа национална активност уште еднаш ја покажа својата силна еколошка свест. Предводени од градоначалникот Онер Јакупоски, во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Комуналното претпријатие, како и наставниот кадар и учениците од сите општински основни и средното општинско училиште. Акцијата беше фокусирана на темелно ...
Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба. Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што интервенираше екипа на Итната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок на ЕУ до 4 јули да го исполни трговскиот договор, во спротивно САД ќе воведат повисоки царини. Трамп изјави дека имал „одличен разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, во кој ѝ го пренел својот став за овој рок. Во објава на неговата социјална мрежа тој наведе дека „трпеливо чекал“ ЕУ да го исполни својот дел од „историскиот трговски договор“ постигнат во ...
Ништо од надежите за смирување на тензиите на Блискиот Исток. Иранците нападнале бродови, а Американците повторно стрелале врз ирански пристаништа. Официјален Техеран соопшти дека биле активирани системите за противвоздушна одбрана во западниот дел на Техеран, а иранската воздушна одбрана дејствувала против непријателски цели. Сè уште нема официјални информации кои биле целите, ниту, пак, кои биле напаѓачите. Американската војска, пак, ...
Тензично беше синоќа и во Украина, односно Русија, каде што се јавува за напади со беспилотни летала во близина на Москва. Во пресрет на 9 Мај, кога Русија го прославува Денот на победата над нацистичка Германија, градоначалникот на Москва, Сергеј Сибјанин, тврди дека украинската војска лансирала десетици дронови кон руската престолнина. Првите три дрона биле соборени додека се приближувале кон Москва, со што вкупниот број на соборени дронови ...
Светската Здравствена Организација соопшти дека епидемијата на хантавирус на крузерот, која предизвика три смртни случаи, не претставува „почеток на епидемија“, ниту „пандемија“ во оваа фаза. „Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестициите во истражување на патогени како ова се клучни, бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи“, изјави Марија ван Керхове, ...