Во Министерството за спорт вчера, 6 мај 2026 година, се одржа првиот работен состанок на Меѓуресорската група за подготовка на Националната стратегија за развој на спортот (2026-2030), се вели во соопштението од Министерството за спорт. На состанокот присуствуваа државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, Тања Блажевска – раководител на Одделение за оперативно – аналитички работи во Сектор спорт и координатор на работната ...

Блокот 8 на град Виница добива сосема нов лик, смета градоначалникот на Општината, Митко Костадиновски. Ова, како што вели, е последица на извршената реконструкција на неколку сообраќајници во тој дел на градот, со средства од сопствениот буџет. -Денеска, со нанесување на вториот слој асфалт на улиците „Пролетерска“ и „Раде Кратовче“ завршивме со комплетната реконструкција на овие две улици. Утре продолжуваме со нанесување на вториот слој ...

Нова стратегија за демографска отпорност 2026–2046, чиј фокус се младите, семејствата, пазарот на труд и квалитетот на животот. Претседателот на Владата Христијан Мцкоски порача дека со оваа стратегија целта е да се превенира иселувањето на младите, а суштината на демографските политики не е само во бројките, туку во довербата што граѓаните ја имаат во институциите и можноста тука да создадат семејство, кариера и сигурна иднина. „Прво мора ...

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на националната консултација „Од обврски до акција: Родово-одговорен патоказ за пристапување кон Европската Унија“, организирана од Министерството за европски прашања во соработка со канцеларијата на UN Women во Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека процесот на европска интеграција не е само техничко усогласување со ...

Започна пријавувањето штети на земјоделските насади предизвикани од природната непогода – голомразица што ја зафати територијата на Општина Делчево во текот на мај 2026 година. Од локалната самоуправа ги повикуваат сите граѓани кои претрпеле материјални штети да поднесат барања во архивата на Општината. Пријавувањето ќе се врши во периодот од 7 до 21 мај, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Со барањето, апликантите треба да достават ...

Во општина Градско се одржа трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која со земјоделците разговаравме за активностите во земјоделскиот сектор. Каналите за наводнување се санираат, дефектите се отстрануваат со цел обезбедување на континуирано снабдување на вода за наводнување на земјоделските посеви. Во текот на средбата разговаравме и за последиците од ниските температури што ја зафатија територијата на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. ...

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел ...

„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, Германија и ...

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Македонија денеска со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба, по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. Обвинителството, во завршен збор, ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во ...

Моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона во торжествена литија денеска, по 17-ти пат од возобновувањето, ќе ја осветат Струга. Дебарско-кичевската епархија информира дека моштите на светителот од манастирот во Рајчица, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат. По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – ...

Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на образованието, Предлог законот за ...

Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени 4 степени Целзиусови. Потоа, 6 во Лазарополе, 7 на Попова Шапка, 8 во Струмица, 9 во Крива Паланка, Охрид, Kрушево, Mаврови Анови, 10 во Гевгелија, 11 во Битола, Претор, Скопје-Петровец, 12 во Штип, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци, Куманово, а 13 степени Целзиусови се регистрирани во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Според ...

Павилјонот на Mакедонија на 61. Венециско биенале свечено ќе биде отворен утревечер во 18.30 часот со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?), авторско дело на Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. Претставувањето е целосно поддржано и организирано од Министерството за култура и туризам. Македонскиот павилјон е сместен во изложбениот простор ...

Во СДСМ ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДСМ и да добие власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење е спремен да ги продолжи истите одлуки ...

Министерството за внатрешни работи ги поканува сите граѓани на 7 мај – Денот на полицијата, да бидат дел од заедничкото одбележување преку хепенинг кој ќе се одржи на локацијата Школка во Градскиот парк , со почеток во 18:00 ч. Овогодинешното одбележување на Денот на полицијата е посветено на борбата против родово базираното и семејното насилство – тема од исклучително значење за целото општество. Преку заедничка порака, институциите и ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, денеска во Тирана, Република Албанија, учествуваше на 26-тиот состанок на Регионалниот комитет за воздухопловно пребарување и спасување (RASARAC). На состанокот, на кој учествуваа претставници од земјите од регионот, Али, како што информираат од ЦУК, придонел во дискусиите за анализа на функционирањето на оперативните центри за пребарување и спасување во случаи на цивилни ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со претставници на Обединетите нации, на која се разговараше за продлабочување на соработката и заеднички активности во области од заеднички интерес. Во фокусот на разговорите биле одржливиот развој, институционалната соработка и поддршката на процесите што придонесуваат за подобра иднина за граѓаните. „Ја потврдивме заедничката заложба за продолжување на партнерството и ...

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, во присуство на верници од повеќе градови, го одбележа патронот, што почна синоќа со празнична Вечерна богослужба. Денеска на денот кога се слави споменот на патронот и небесен застапник, светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во неговиот свет манастир најпрво беше одржана Утрена богослужба, а потоа Божествената архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше неговото ...

Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во различни делови на Чаир, а истовремено се ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, при што е потврдена силната партнерска соработка и континуираната поддршка меѓу двете земји, информира Министерството за европски прашања. На средбата е истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на државава, особено во процесите на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител ...

Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница донесе одлука за констатирање на елементарна непогода – голомразица на територијата на општината, поради сериозните штети врз земјоделските површини. На седницата беше истакнато дека, по барање на земјоделците, процесот на проценка и обештетување мора да се спроведе внимателно, одговорно и без импровизации, со цел реално да се утврдат штетите и да се избегне формален пристап. Според ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга. -Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани, информираа од полицијата. Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност. ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол – информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале возило без возачка дозвола. ...

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите права како и сите ...

Заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, учествуваше на 20. пленарна сесија и придружните активности на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПАМ), кои се одржуваат од денеска до 8 мај во Будва, информира собраниската прес-служба. На состанокот се дискутирало за дигитализацијата на парламентите, нејзините предности и предизвици, како и за имплементацијата на современи дигитални алатки и меѓупарламентарната соработка во ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга. -Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани, информираа од полицијата. Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата болница со проширена дејност. ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Родиум

257205.97