Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Левица ќе поднесе Предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот Амар Мециновиќ се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас до пет километри од границата или во категоризирани хотели со пет ѕвезди. ...
Одлуката стручни комисии повторно да одлучуваат за кардиоваскуларни операции може да го врати македонското здравство дваесет години наназад и директно да ги загрози животите на пациентите реагираат од Здружението за превенција на кардиоваскуларни заболувања „Здрaва иднина"од каде изразуваат длабока загриженост и прашуваат – дали повторно се воведуваат административни бариери во моменти кога секунди одлучуваат за живот или смрт!? Потсетуваат и ...
Едно семејство во Македонија троши една минимална плата само за основните прехранбени поризводи. Додека цените постојано растат и животниот стандард се намалува, останатите потреби на граѓаните стануваат луксуз. Лебот и белите пецива се повторно на удар. Граѓаните алармираат дека од ден на ден цените растат а квалитетот се намалува. Ако еден геврек вчера бил 20 денари и тежел 100 грама, денеска еден геврек е 25 денари и тежи 80 грама. Велат ...
Албански студенти од Македонија протестираат бидејќи немаат право да полагаат правосуден испит. Во Скопје тие поддршка ќе добијат и од студентите Албанци од цел регион. Косовските медиуми пренесуваат дека студенти од Косово и од Албанија денеска во Скопје ќе дадат поддршка на нивните колеги од Македонија... Албански студенти од Македонија протестираат бидејќи немаат право да полагаат правосуден испит. Во Скопје тие поддршка ќе добијат и од ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташна светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите мастерс-турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениските професионалци (АТП) што победил на секој АТП 1000-турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг по победата над Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000-турнирот во Рим. - Честитки, Јаник! Импресивно. Добредојде ...
АК Олимп од Битола, викендот испиша една од најголемите страници во својата понова историја. На Купот на Македонија за сениори и сениорки 2026 одржан во Скопје, Олимп во женска конкуренција го освои првото место со 367 бодови, додека во севкупниот пласман со 831 бод го освои второто место веднаш зад екипата на Куманово. За успехот на АК Олимп најзаслужни се Ирма Хајдари која триумфираше на 800 метри со резултат 2:25.75, како и на 1500 метри ...
Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. - Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола. ...
Во координирана акција против терористичка содржина на интернет пронајдени се вкупно 14.200 објави кои се поврзани со иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој Европската Унија (ЕУ) го означи како терористичка организација, соопшти денеска Европол. Утврдено е дека терористичката содржина се ширела на мејнстрим платформите на социјалните медиуми, како и на стриминг сервисите, сајтовите за хостирање блогови и самостојните ...
Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година. Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот. Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските граници. Во првите месеци ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со нова одлука ги коригира малопродажните цени на горивата, при што дел од дериватите поскапуваат, а дел бележат минимално намалување. Најголемата промена се однесува на бензините и дизелот. ЕУРОСУПЕР БС-95 од денес се продава по повисока цена за 2,00 денари за литар и достигнува 87,00 денари. Поголем раст е забележан кај ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), кои поскапуваат за по 2,50 денари за ...
Властите евакуираа повеќе од 7.000 жители од погодените подрачја како мерка на претпазливост по земјотресот, се наведува во извештајот. Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Гуангси во јужна Кина, при што загинаа двајца и предизвика уривање на 13 згради, објави „Ројтерс“. Потврдени се двајца смртни случаи, а едно се уште се води како исчезнато, а четири лица се испратени во болница, иако ниту ...
Студентите Албанци најавија протест за денес, 18 мај, во 16:30 часот пред Камениот мост во Скопјe, со барање да се дозволи испитот по правосудство да се полага на албански јазик. Протестот е организиран под мотото „Обединете се со студентите – сите со еден глас“, додека организаторите велат дека имаат за цел да го заштитат правото на употреба на албанскиот јазик на стручните испити. Студентите, исто така, ги повикаа спортистите, уметниците и ...
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, неколку скопски населби денеска ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од 8:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“, како и на улица „Индира Ганди“ број 31 во општина Шуто Оризари. Во текот на денот, поточно од 9:00 до 12:00 часот, прекин на струјата ќе има и во општина Сопиште, каде ...
Иницијативата „#СподелиАвторка“ годинава одбележува пет години постоење, период во кој преку промоција на женското авторство, феминистичката и квир литературата, создава простор за поддршка, солидарност и заедничарење. По повод јубилејот, на 19 мај со почеток во 18 часот, во Лабораториум ќе се одржи роденденски настан отворен за јавноста. Програмата ќе вклучува собирање донации на книги, разговор посветен на феминистичката мисла и потребата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран треба брзо да се придвижи кон договор, предупредувајќи дека „времето истекува“ додека мировните преговори за завршување на конфликтот стагнираат. Тој порача дека, доколку нема напредок, последиците би можеле да бидат сериозни. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Иран мора да дејствува „брзо“ и дека „времето е клучно“, додавајќи дека ситуацијата може ...
Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Кирил Лазаров, убедливо ја совлада Словачка во баражот и се пласираше на Светското првенство 2027 во Германија. Овој успех го потврдува континуитетот на македонскиот ракомет, кој осми пат по ред ќе биде дел од најголемата светска сцена. Македонската репрезентација ја потврди својата супериорност во двомечот против Словачка, остварувајќи вкупна победа од 69-47. По триумфот ...
Народна Република Кина и Соединетите Американски Држави постигнаа прелиминарен договор за намалување на некои тарифи и формирање на две нови трговски тела – трговски совет и инвестициски совет, објави Министерството за трговија на Кина, додавајќи дека се постигнати договори и во областите на земјоделството и воздухопловната индустрија. Според соопштението објавено на веб-страницата на министерството, двата совети ќе се занимаваат со преговори ...
По период на нестабилно време, денеска нè очекува променливо облачно и значително посвежо време со сончеви периоди ширум земјата. Синоптичарите најавуваат повремени локални врнежи од дожд, но главен белег на денот ќе биде засилениот ветер. Температурите ќе бидат во благ пад, а посвежиот бран ќе се почувствува во сите градови. о Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено ...
Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. Според неа, она што нè прави привлечни за ...
Основното јавно обвинителство побара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството во Бојане, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото. Од обвинителството информираат дека во тек е прибирање докази за случајот, а издадена е и наредба за обдукција на телото на 18-годишното момче кое беше пронајдено мртво во шумски предел во близина на Сарај.Телото на убиеното 18-годишно момче од ...
Македонската ракометна репрезентација е на чекор до ново учество на големо натпреварување откако на полувреме од реванш баражот води против Словачка со 18:11. Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови. Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм ...
Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. -Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се ...
Иранските власти објавија воведување нови процедури за премин на бродови низ Ормуската Теснина, според кои сопствениците на бродови мора да поднесат барање за дозвола преку министерствата за надворешни работи на нивните земји, објави денеска иранската државна телевизија ИРИБ. Според медиумските извештаи, по приемот на барањето за дозвола, иранското Министерство за надворешни работи ја проследува документацијата до морнарицата на Иранската ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не поддржува единствена Европска Унија, бидејќи ЕУ е геополитичка сила што Вашингтон не може да ја игнорира, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, повикувајќи ги земјите-членки да не ја ослабуваат Унијата со билатерални договори со САД. „Тие не ја сакаат Европската Унија, тоа е многу јасно“, рече Калас на конференција во Талин, ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде тајни налози за апсење против уште пет израелски функционери - тројца политичари и две воени лица, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“. Веста доаѓа откако судот со седиште во Хаг веќе издаде налози за апсење во ноември 2024 година за израелскиот премиер Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Според изворот, сè уште не е ...
Во нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска избувна пожар откако беше погодена од дрон, а засега нема радиолошки последици за животната средина, објавија властите. Не е познато кој го испратил дронот, иако највероајтно станува збор за Иран, кој во последните денови сè повеќе им се заканува на ОАЕ поради отстапувањето на просторот на земјата на израелската армија и нејзината противракетна одбрана за време на ...
Глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава по 11-ти пат се одржува во Скопје, со цел пренесување на свеста за машкото здравје и собирање средства за борба против ракот на простата и менталните заболувања. Настанот, кој Скопје го организира од 2016 година, е дел од глобална иницијатива што досега има собрано повеќе од 60,5 милиони долари наменети за борба против ракот на простата и подигнување на свеста за ...
Ниските температури и мразот повторно ги оставија овоштарите и лозарите со огромни штети. Дел од земјоделците велат дека родот е преполовен, а на одредени места и целосно уништен. Од Националната земјоделска мрежа се надеваат дек со обештетувањата ќе ги покријат реалните загуби за разлика од претходните сезони кога добивала од 5 до 10 % оштета за загубениот род Според нив, земјоделците се ставени во невозможна ситуација – ако нема род поради ...
ЕУ не е дизајнирана за светот во кој живееме – потребна е Унија во самата Унија, едногласноста ги кочи одлуките. Ваква порака испрати Жозеп Борел екс шефот на европската дипломатија, во интервју за белгискиот јавен радиодифузер. Остро го критикува начинот на функционирање на Унијата и оцени дека неуспехот да се обедини за клучните прашања, ја поткопува улогата на ЕУ на глобалната сцена. Според Борел, помала „основна група“ во рамките на ЕУ, ...
Ова не е Лас Вегас, коцкарниците ќе се регулираат, дури и по цената на парите што доаѓаат од нив во буџетот. Премиерот Христијан Мицкоски е решен да ги тргне казината најмалку 500 метри од училиштата. Неговата денешна реакција доаѓа откако трите асоцијации на приредувачи на игри на среќа, обложувалниците и вработените во нив жестоко реагираа на, како што велат, нетранспарентноста во носењето на овој закон, кој според нив ќе го уништи ...