Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонската ракометна репрезентација води со 18:13 по првите 30 минути на гостувањето во Прешов против Словачка во баражот за Светското првенство 2027. По изедначените дваесетина минути, нашите репрезентативци заиграа поагресивно во одбраната и попрецизно во нападот и направија солидна разлика. Капитенот Филип Кузмановски со седум голови е најефикасен во македонскиот состав. Останува во второто полувреме Македонците да ја потврдат ...
Во сабота, за првпат и Виница ќе се приклучи на „Маршот на ангелите“, марш посветен на 63-те згаснати животи и повеќе од 500 повредени во трагедијата што ја потресе јавноста. Собирот е закажан во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“, а маршот ќе започне во 17:05 часот. Од Здружението „16 март 2025“ велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи сметаат дека вистината и одговорноста предолго се одложуваат, а правдата за жртвите сè уште ...
Осумнаесетте рудари, кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, излегоа над земја. Никој од рударите не е повреден. Тие излегоа од рудникот откако на кратко време беше обновено напојувањето со електрична енергија. Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека првично во рудникот биле заглавени 40 луѓе, ...
Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М.С. (41), кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е задржување до 48 часа поради ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да ...
Историска средба и нова ера во односите меѓу кина и сад..Си Џинпин и Доналд Трамп задоволни од самитот и средбите на двете делегации..Кинескиот лидер најави подобрување на односите со вашингтон и очекува годините кои следат да бидат одбележани со стабилни односи, порачувајќи дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не противници.. На разговорите кои траеа повеќе од 2 часа, имаше и предупредување.. Тајван, лесно може да го влоши односите па ...
Се проширува истрагата за серискиот убиец од Старо Нагоричане. 25 годишникот кој е во притвор осомничен е за уште две убиства на жени и два обиди за убиства. Со тоа, се товари за вкупно 6 кривични дела. На денешниот брифинг со новинарите од обвинителството кажаа дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид. Сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Љубомир Лапе, обвинител: По добиени нови докази ...
Грозоморно убиство ја потресе Битола. Рано утринава со неколку убоди од нож убиена е 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел инаку мајка на четири деца. Ја уби нејзиниот сопруг во 6 и 40 часот во населбата Баир на ул. „5-та“. 33 годишникот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола. Како причина за фемицидот се наведува семејна расправија и недоразбирања кои траеле подолг период. ,,Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ...
Странската комисија утврдила девет сомнителни случаи од вкупно 13 анализирани предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција. Сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите. Азир Алиу-министер за здравство: „Пациентите се на возраст од ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не знае зошто премиерот Христијан Мицкоски му се јавил на јавниот обвинител Ненад Савески и за што разговарале, но потенцира дека поделбата на власта мора да се почитува. Според неа, секоја институција треба да постапува во рамки на сопствените надлежности, со користење на механизмите на контрола и баланс кои ги предвидува системот. Силјановска-Давкова вели дека не може да суди за нешто за кое нема ...
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски бара од опозицискиот лидер Венко Филипче да ги поддржат измените во изборниот законик за да може државата да ги користи сретствата од европските фондови . Муцунски ја повика опозицијата барем на момент како што рече да се тргнела од партиската агенда бидејќи како што додаде станувало збор за историски највисока исплата на средства за државата во рамките на европскиот План за раст, но за тоа е потребно да ...
Во Македонија имаме сериозен проблем со врсничкото насилство, не само физичко туку и вербално, сајбер насилство, во и надвор од училишниот двор, вели Драги Змијанац од првата детска амбасада „Меѓаши“. Тоа што се случува со децата, вели Змијанац, е резултат и на домашното воспитување и на недоволната грижа на стручните служби, наставниците и медиумската агресивна содржина, како и на зголемениот број на часови поминати на социјалните мрежи. ...
Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ја отвори Народната канцеларија во центарот на Скопје каде вели ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. Шефицата на државата ги покани граѓаните да ја посетат и да се развиваат дебати и демократска култура. Најави дека вакви канцеларии ќе се отвораат и во други градови. Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката ...
Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган денеска во Астана потпишаа 13 нови билатерални договори за соработка во областа на енергетиката, образованието, градежништвото и културата. - Казахстан има специјална улога за енергетската политика, што ја водам изминатите години. Значењето на Транскаспсикиот меѓународен коридор Исток – Запад, што денес е современ еквивалент на Патот на свилата, расте ...
Во рамки на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, в сабота во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини. Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде секој момент носи нова неизвесност. -Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од ...
Селекторот на македонката машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров очекува исцрпувачки и тензичен натпревар вечерва против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027. Лазаров посочи дека македонските ракометари се свесни за важноста на дуелот против неатрактивен, но квалитетен противник. „Влогот е огромен. Изминатата деценија постојано сме присутни на светските и европските првенства и тоа е дополнителен притисок за нас. ...
Британскиот министер за здравство Вес Стритинг денеска поднесе оставка истакнувајќи оти ја изгубил довербата во лидерството на премиерот Кир Стармер. - Сега е јасно дека нема да ја водите Лабуристичката партија на следните општи избори и оти пратениците на Лабуристичката партија и синдикатите поврзани со неа сакаат дебата за она што треба да биде судир на идеи, а не личности или ситни внатрешни партиски борби. Оваа дебата треба да биде широка ...
Четириесет и тригодишен кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево околу 11 часот на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на Агино Село. Како што информираат од СВР Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. -Донесено ...
По првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот, вечерва е второто полуфинале на Евровизија. На првата полуфинална вечер во вторникот не се пласираа Португалија, Грузија, Црна Гора, Естонија и Сан Марино. Најмногу внимание привлече испаѓањето на Естонија, која настапи со Vanilla Ninja, како и Сан Марино со SENHIT и песната „Superstar“. Хрватска и Србија се пласираа од истата полуфинална вечер, во конкуренција од 15 земји, а за финалето ...
Група од 18 рудари се заробени во рудникот „Стари Трг“ во Трепча во близина на јужниот дел на Косовска Митровица поради прекин на електричната енергија, додека 22 рудари успеаја да се извлечат преку странични излези. Веста за заробените рудари ја објави шефот на синдикатот, Ибрахим Јонузи, кој рече дека состојбата на заробените рудари засега е добра, но дека може да се влоши доколку останат подолго, пренесува РТС. Директорот на рудникот ...
Во кубанската престолнина Хавана избувнаа протести поради најтешките струјни прекини во последните децении. Стотици граѓани излегоа на улиците во неколку периферни населби, запалија отпад и ги блокираа патиштата. Според агенцијата Ројтерс, многумина удирале по тенџериња и барале итно пуштање на електричната енергија. Според истата агенција, тоа се најголемите протести во Хавана од почетокот на длабоката енергетска криза пред околу четири ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус околу ...
25 годишникот од селото Драгоманце кој беше осомничен за убиство на две жени е осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство – со тоа се терети за вкупно шест кривични дела – ова го соопштија денеска од обвинителството кое ја вршеше истрагата за убиствата на жени во регионот на Старо Нагоричане. 25 годишникот од селото Драгоманце кој беше осомничен за убиство на две жени е осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство – со тоа ...
Комисијата на странски експерти ги потврди сомнежите на кардиологот Сашко Кедев – кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце. Комисијата оценила дека во одредени аспекти третманот и водењето на пациентите било под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаеле на исходот кај пацицентите – станува збор за луѓе на возраст од 45 до 78 годишна возраст, а пропусти биле утврдени не само во приватните болници туку ...
Утрово, во битолската населба Баир, се случи тешко убиство кое ја потресе локалната јавност. Трагичниот настан, во кој животот го загуби 31-годишна жена, се случил по претходна расправија со нејзиниот сопруг. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, крвавиот инцидент се случил околу 06:40 часот на улицата „5-та“. Триесет и тригодишниот А.Р. со остар предмет (нож) ја нападнал својата сопруга, А.В. (31), со која во ...
Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Бул. Македонско-косовска бригада 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија. SPAR го отвори својот прв маркет и формално ќе гo започне своето работење на македонскиот пазар, а првиот Interspar маркет ќе ги отвори вратите ...
ромоцијата на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 часот, во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ, кај главниот влез). Романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и врските што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се движи низ различни простори, јазици и внатрешни премини. За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и ...
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го победија Детроит Пистонс среде нивната „Литл Сизрс“ арена со 117:113 по продолжение во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција, поведувајќи со 3-2 во серијата и дојдоа на чекор од финалето. Пистонс имаа 9 поени предност на 2:40 до крајот, 103:94, но Кавс се вратија и го одведоа натпреварот во продолжение, каде што гостинскиот тим се покажа подобро и победи. Џејмс Харден ги предводеше до ...
Општинската администрација во Тетово ќе добие зголемување на платите од 7 проценти, откако градоначалникот Билал Касами потпиша договор со Синдикатот на работниците, со кој се предвидува покачувањето да се применува во наредните три години. Според информациите, договорот се однесува на зголемување на основната плата за вработените во општината, а мерката има за цел да обезбеди поголема финансиска стабилност и мотивација кај административниот ...