Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ...
Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар - покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална ...
На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата - информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...
Управата за јавни приходи почна засилени контроли во туристичките места, насочени кон физичките лица што краткотрајно издаваат апартмани, станови, куќи, викендички и соби. Контролите ќе се спроведуваат врз основа на анализи на ризик, директна комуникација со даночните обврзници и размена на информации со државните и локалните институции. Во фокусот ќе бидат и другите сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП потсетува дека секој приход од ...
По свежото и нестабилно време, за време на викендот во Македонија следува стабилизација. Сабота, 25 јули, ќе биде претежно сончева и пријатна, додека во недела, 26 јули, температурите значително ќе пораснат. Во сабота утринските температури во повеќе градови ќе се спуштат под 10 степени, а дневните главно ќе се движат од 20 до 30 степени. Во недела ќе биде сончево и многу потопло, со температури над 30 степени во најголем дел од земјата. УХМР ...
Бела пена во Вардар се појави попладнево кај вливот на Лепенец во Скопје, а инспекциските служби земаат примероци за да утврдат каква материја се влеала во реката и од каде потекнува. Составот на пената засега не е познат, поради што институциите не соопштуваат што точно го предизвикало загадувањето. Големи наноси од бела пенлива материја прво биле забележани во Лепенец, по што продолжиле да се движат директно во Вардар. На терен излегле ...
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека од денеска, американските царини за српска стока, кои изнесуваа 35 проценти од август минатата година, ќе бидат нула проценти. „Добрата вест е дека царините за Србија се нула проценти. Во одреден период, секако, во иднина ќе бидат помеѓу 10 и 12 проценти, но засега и за некое време, додека нашите разговори продолжуваат, ќе бидат нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето на РТС. Тој истакна дека тоа е ...
Силни бури со пороен дожд, град, грмежи и ветер ја зафатија Грција, предизвикувајќи поплавени улици, паднати дрвја и материјална штета во повеќе региони. Над морето меѓу Ситонија и Света Гора биле забележани три водени пијавици. Туристите и капачите ги напуштале плажите во Халкидики, но според грчката државна телевизија ЕРТ, морските вртлози не предизвикале штета. Во Фтиотида силниот ветер откорнал покрив во Макракоми, додека обилните врнежи ...
Шефот на македонската дипломатија Муцунски денеска излезе со тврдење дека протоколите не се дел од преговарачката рамка со Европската унија, иако власта во повеќе наврати изминатиов период нив ги преставуваше како камен околу ногата поради што не се осмелува да зачекори кон уставните измени без гаранции од Брисел. На ова признание ликуваше неговиот претходник Османи. Со напис на фејсбук османи триумфира дека она што го говорел цело време дека ...
Ја носи ли блокадата на бадентер од Али Ахмети, Македонија чекор поблиску до избори? Дуи со денови блокирајчи ги законите за кои е потребно двојно мнозинство го докажува легитимитетот на Али Ахмети, но и неможнсота на Владата да ги донесе законите, а со тоа и како што велат од Мала Речица конечно Владата да признаае дека со останувањето на победникот во албанскиот блок во опозиција и нефункционалност на Владата. Дел од аналитичарите за ТВ 24 ...
Охрид повторно ја доби битката со времето, но не и со проблемите. Со поддршка од мнозинството земји-членки на Комитетот на УНЕСКО, донесена е одлука на регионот да му се даде рок од пет години, до 2031 година, за спроведување на клучните корективни мерки.Сепак, и покрај укажаната доверба, извештајот од Бусан испраќа сериозни забелешки. Експертите на УНЕСКО оценуваат дека напредокот во изминативе години е ограничен. Главните критики и понатаму ...
Зулфикер Зејнула од Демократската партија на Турците е новиот министер бес ресор кој денеска беше избран со 67 гласа за и 13 против во собранието со што премиерот Мицкоски кој воедно ја побара поддршката на пратениците за неговиот избор ја заокружи целата владина реконструкција . Сепак се разви дебата во законодавниот дом откако опозицијата јавно се изјасни против а пак албанскиот опозициски блок обвини дека во услови кога земјата е во криза ...
Во Гостивар се спроведува постапката за хиперхлорирање и за чистење на каптажата на водоводниот систем. Надлежните прават напори, до крајот на неделава да овозможат водата да се користи како техничка, а во меѓувреме, се доставува и вода за пиење. Армијата интервенира секогаш кога е потребно, без разлика дали станува збор за пожари или други природни непогоди, посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој вели дека Армијата веќе неколку ...
Здравствените установи во Гостивар и натаму регистираат нови пациенти. Вчера лекарска помош побарале 197 жители на градот кој веќе цела недела е без вода. Од министерството за здравство сепак нагласуваат дека бројките се намалуваат и нема нови хоспитализации. Состојбата со епидемијата внимателно ја следи и комисијата за заштита од заразни болести, од каде велат дека не се исклучува можноста за појава и на жолтица. Д-р Жаклина Шопова – ...
Кредитот тежок една милијарда евра од Унгарија кој го подигна македонската влада е еден од четирите случаи кој е под лупа на новите унгарски власти. За новиот премиер на Унгарија Петар Маѓар сомнителна е висината на каматната стапка која ја добила земјава. Дополнително, унгарските властити треба да истражат зошто претходнаста влада одобрила толкава сума на друга држава преку банка која е основана за поддрча на домашните – унгарски компании. ...
Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...
Европската централна банка (ЕЦБ) секогаш е подготвена да прими нови членки во еврозоната, доколку тие ги исполнат критериумите за пристапување, изјави претседателката на институцијата Кристин Лагард, одговарајќи на прашање на БТА на прес-конференцијата по завршувањето на дводневната седница на Управниот совет на ЕЦБ во Франкфурт. На заседанието ЕЦБ одлучи да ги задржи непроменети основните каматни стапки. Прашањето за новите членки на ...
Цената на суровата нафта денеска надмина 100 долари за барел, поттикната од заканите за нарушување на испораките преку Ормуска Теснина и теснината Баб ел-Мандеб, како и од стравувањата од нови напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток. Меѓународниот репер „брент“ се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел во 16:16 часот по локално време (13:16 по ГМТ), што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од ...
САД и повеќе од десетина нивни сојузници денеска соопштија дека руски хакери успеале да украдат електронска пошта од корисници на платформата „Зимбра“ (Zimbra), користејќи нов метод што не барал жртвите да отвораат прилози или да кликнуваат на линкови. Методот, кој компанијата „Пруфпоинт“ (Proofpoint) го нарекува „half-click exploit“, користи веќе отстранета ранливост во софтверот на „Зимбра“, овозможувајќи компромитирање на системот само со ...
Од РЦУК – Битола го пренесуваат известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп дека по примероците земени на 20.07.2026 година, водата од чешмите Св. Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење. Од ЈП „Комуна“ – Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи флаширана вода, а за ...
Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе престојува во официјална посета на САД на 24 септември. Американскиот претседател рече дека со кинескиот лидер ќе разговара за прашања поврзани со вештачката интелигенција. Трамп го потврди датумот за посетата за време на настан во Агенцијата за заштита на животната средина, заедно со министерот за енергетика Крис Рајт и други панелисти кои дојдоа ...
Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот. Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо ...
Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за образование, наука и спорт на ...
И додека темата Унеско е најактуелна и најчувствителна периодов за Охрид и регионот, активистите на О2 иницијативата алармираат дека и на дел од плажите на Охридското крајбрежје не се почитуваат препораките односно дека се узурпирани од страна на концесионерите а општината и инспекциските служби не постапуваат. Со тоа велат дополнително се прекршуваат препораките просторот покрај езерото да биде ослободен од лежалки,шанкови, и други ...
Скопје ќе биде мртов град - ако надлежните не го заштитат изворот Рашче од најголемата закана - депонијата со шестовалентен хром, алармираат експертите. Градежниот хидроинжинер Борис Начков - вели дека илјадници тони токсичен отпад се натрупани на само 2 километри до планината Жеден каде има подземни води поврзани со изворот Рашче. Секој пороен дожд носи голем ризик - исцедокот од шестовелантниот хром да понира во Рашче - срцето на главниот ...
Речиси 50 милиони евра пари кои требало да ги наплатат општините во периодот од 2020 до 2024 година останале ненеплатени. Станува збор за локални даноци, такси и останати надоместоци кои ги откриле државните ревизори при прочешлувањето на документацијата за анализираниот период. Извештајот на Државниот завод за ревизија открива дека најмногу ненеплатен данок бил оној што граѓаните имаат да го платат по основ на данок на имот, дури 67 проценти ...