Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во Собранието денеска се одржа јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет, што го избира Собранието. Расправата ја организираше собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, а кандидатите ги изложија своите професионални биографии, искуство и визии за работата на Советот. Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат во декември лани на членот ...
Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, се вели во ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери целосно ја разобличува нивната политика, а од премиерот побара одговор зошто не ги става малцинствата во Уставот. -Одбивањето да се прифати овој предлог закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика. Овие луѓе на власт, повеќе никој не ...
Најновиот мировен предлог што Техеран го достави до Вашингтон вклучува крај на конфликтот на сите фронтови, вклучително и Либан, повлекување на американските трупи од областите во близина на Иран и надомест за штетата предизвикана од војната меѓу САД и Израел, објавија државните медиуми. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека Техеран, исто така, побарал укинување на санкциите, ослободување на ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за анти-македонски ставови, откако тие изјавија дека тој ја прославил победата на Бугарија на Евровизија. Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев. Филипче ...
Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со ...
„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години присуство на оваа линија, со што скопскиот аеродром останува без директна врска со еден од најголемите европски авио-хабови. Во резервациониот систем на германскиот авиопревозник повеќе не се достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот ред на летање што почнува кон крајот на октомври. За патниците до Скопје, компанијата нуди алтернативни ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 102.седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е Предлог на законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни ...
Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива. Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални ...
Дел од мост се урна на граничниот премин „Градишка“ помеѓу Хрватска и БиХ. Сообраќајот бил целосно затворен. „Мостото на автопатот Градишка се урна. За среќа никој не е повреден“, објави читател за „Индекс“. Како што се испостави, оградата на стариот мост попуштила под засега неутврдени околности, што создало огромен безбедносен ризик и ги принудило властите итно да го затворат преминот за возила и пешаци. Дел од мост се урна на граничниот ...
Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи. Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...
Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгичевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ вечерва ќе биде изведена по јубилеен 50.ти пат на сцената на Драмски театар. Претставата, која од премиерата во мај 2021 година остави силен белег во современата македонска театарска продукција, низ годините изгради исклучителен сценски живот и стана една од претставите на Драмски со најбројни гостувања во странство. Во центарот на „Кармен“ е ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго уби најмалку 100 луѓе и зарази повеќе од 390, изјави за Би-Би-Си раководителот на Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата за меѓународна вонредна состојба за јавното здравје, а американските медиуми известуваат дека најмалку шест американски државјани биле изложени на вирусот, објавува Би-Би-Си. Според извори ...
Од денеска горивата поскапеа, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2 денари за литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,5 денари за литар. „Од 19 мај од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат – бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87 денари, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС ...
Три лица, меѓу кои и еден обезбедувач, се убиени во пукотница во Исламскиот центар во Сан Диего денес, соопштија американските власти. Полицијата соопшти дека двајца тинејџери за кои се верува дека се осомничени за нападот биле пронајдени мртви во автомобил во близина на џамијата. Специјалниот агент на ФБИ во Сан Диего, Марк Ремили, на прес-конференција изјави дека осомничените биле пронајдени мртви во возило недалеку од местото на пукањето. ...
Полицијата приведе три лица на протестот што вчера се одржа пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија МВР. „Во 17:45 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, се вели во полициското соопштение. Вчера се одржа протест на кој студенти излегоа со барање да се овозможи ...
Облачно и нестабилно време со локален пороен дожд не очекува денес. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и југозападните делови каде се очекува да наврнат над 20 l/m². Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се ...
Поради реализација на планирани технички интервенции во електропреносната мрежа, денес неколку скопски општини ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Како што информираат од надлежните служби, прекините ќе започнат во утринските часови и ќе опфатат корисници во Шуто Оризари, Карпош и Центар. Во општина Шуто Оризари, во период од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците лоцирани на ул. „Александар ...
За владејачката ВЛЕН протестите на студентите се класичен политички мониторинг и со политичка позадина во која е вклучена опозицијата. Од партијата обвинуваат дека ДУИ две децении не го решила прашањето, иако била на власт, а најавија дека наскоро сите професионални испити ќе бидат достапни и на албански јазик. За владејачката ВЛЕН протестите на студентите се класичен политички мониторинг и со политичка позадина во која е вклучена ...
Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов. -Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави ...
Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска вети дека ќе го направи и „невозможното“ за да ја запре војната со Израел, кој ги продолжува своите воздушни напади и покрај примирјето и планираните нови преговори во Вашингтон, на кои проиранското исламистичко движење Хезболах се противи. „Моја должност и моја одговорност е да го направам невозможното за да ја запрам војната против Либан и неговиот народ“, изјави Аун. Тој посочи дека преговорите меѓу ...
Беспилотното летало што викендов падна во североисточна Литванија било вооружено со експлозив, соопштија денеска локалните власти, пренесува ДПА. Дронот бил деминиран на местото каде што бил пронајден, во нива во областа Утена, на околу 100 километри северно од Вилнус и во близина на границата со Летонија и Белорусија, пренесуваат литванските медиуми. Во инцидентот, кој бил пријавен од локалните жители, нема повредени лица. Точното време кога ...
Првиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на најголемиот виртуоз на гитара кај нас и пошироко, пејач, текстописец, еден од основачите на музичката група „Леб и сол“, Влатко Стефановски на втори јуни премиерно ќе се изведе во Македонски народен театар. Музиката на Влатко Стефановски која е македонска музичка лична карта, инспирацијата од истата Венко Андоновски ја претвора во текст. Дел од екипата за Влатко Стефановски ...
Ако постојат геополитички причини за промовирање на ЕУ интеграцијата на Украина и Молдавија, постојат подеднакво важни геополитички причини за промовирање и на интеграцијата на Западен Балкан, порача заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу на панел-дискусија во рамките на конференцијата „Национален акциски план во услови на глобална неизвесност“, нагласувајќи дека Балканот е срцето на Европа и не може да ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на вториот Гренд слем турнир – Ролан Гарос откако во првото коло од квалификациите загуби од 17. носителка Сузан Ламенс од Холандија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2). Мечот траеше 69 минути и беше прекинат во првиот сет при 2:2 во гемови поради дожд. Во продолжението од мечот Ѓорческа дојде до предност од 4:3, но ривалката успеа да освои три гема во серија и го доби првиот сет со 6:4. Во ...
Пакистан досега распореди 8.000 војници, ескадрила борбени авиони и систем за противвоздушна одбрана во Саудиска Арабија, во рамките на засилената воена соработка со Ријад и според договорот за заемна одбрана, соопштија денеска безбедносни функционери и владини извори. Распоредувањето на пакистанските сили во Саудиска Арабија за првпат светските агенции го потврдија безбедносни функционери и владини извори, кои наведоа дека во Саудиска ...
И повторно најава за Клиничката болница во Штип, по којзнае кој пат во период од една деценија. Овој пат најавата е дека ќе се рестартира изградбата на новата болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом, а истата доаѓа директно од премиерот Христијан Мицкоски. Тој откако првиот работен ден од својот мандат во Штип го најави завршувањето на овој значаен проект, сега, две години подоцна тврди дека се собрани понуди за трите проекти од ...
Како ќе се прераспределат парите во државната каса? Владата веќе ги почна консултациите со министерствата за подготовка на ребалансот на Буџетот за 2026 година, во услови на економска неизвесност и глобални геополитички тензии. Министерството за финансии уверува дека приоритет ќе бидат капиталните инвестиции, исплатата на платите и пензиите, како и мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните. Според министерката за финансии Гордана ...
Министер или инфлуенсер . Наместо на пратенички прашања министерот за добро владеење Арбен Фетаи на пат во Тајланд без конкретен одговор кои ќе бидат придобивките за Македонија од тоа патување кое е на државен буџет . Опозициската СДСМ со прашања но и критика од ресорниот министер за добро владеење дали ова е начинот на кој добро се владее со државни пари .Не пропуштија прилика и јавно да прашаат колку во изминатите 6 месеци министерот се ...
Со само 20 гласа „за“, и тоа од опозицискиот блок, во Собранието не помина предлог-законот со кој беше предвидено ограничување членовите на извршната власт да поседуваат исклучиво македонско државјанство. Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за Влада, со кои министрите би можеле да имаат само македонско државјанство. Од СДСМ децидни дека ова е уште еден доказ оти во извршната власт има функционери кои ...