Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Царинските службеници спречиле шверц на половина милион евра во кеш на Табановце а како награда ќе добијат по скромни 10.000 денари. Директореот на Царинската управа, Бобан Николовски посочи дека парите ќе бидат наменети за, изградба на градинки училишта и останати јавни добра. Парите биле откриени во специјално изграден бункер во минибус, спакувани во 14 проѕирни ќеси, минибусот бил сопственост на туристичка агенција од Албанија и подлежел ...
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази - видео снимки и фотографии поврзани со објектот - клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. - Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...
Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница, на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. На предложениот дневен ред е предлог-одлука за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија - АЛТЕА во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени ...
ОЈО ГОКК денеска потврди дека отворило истрага заради сомнежи за шпиунажа во Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова -ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и ...
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кој ќе се одигра на денеска (среда) со почеток во 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар Џунејт Чакир е ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска. Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на околу 30 групни изложби. ...
Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин ...
На неколку дена до почетокот на Ролан Гарос стигна лоша вест и за организаторите на Вимблдон. Победникот на годинашниов Австралија опен, Карлос Алкараз го откажа учеството поради повреда. Шпанецот сезоната ја почна одлично со триумф во Мелбурн, потоа поради повреда на рачниот зглоб почнаа лошите резултати. - Моето заздравување тече добро и се чувствувам многу подобро, но за жал уште не сум подготвен да се натпреварувам. Ги откажав двата ...
Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе ја посети Шведска за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, каде што ќе се разговара за потребата од „поголемо споделување на товарот“ во Алијансата, а потоа ќе замине за Индија, соопшти Стејт департментот. Според официјалните информации, шефот на американската дипломатија ќе пристигне во шведскиот град Хелсингборг на 22 мај, каде што ...
Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран. Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на ...
Најмалку десет лица, меѓу кои три жени и три деца, загинаа во израелски воздушен напад во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. „Израелски воздушен напад врз градот Деир Канун ал Нахр во округот Тир, според првичните информации, резултираше со десет загинати, меѓу кои три деца и три жени, како и тројца повредени, вклучително и едно дете“, се наведува во соопштението на Министерството, од каде нападот е опишан ...
Ревија на кратки филмови од последните две изданија - 2024-2025 година на „ФИЛМАЈ“ - фестивалот на краток филм, во организација на фото-кино клуб „Козјак“ ќе се реализира вечер со почеток во 20 часот во Куманово. Како што соопштија од „ФИЛМАЈ“, прикажани ќе бидат осум кратки филмови, а влезот е бесплатен за сите посетители. - Ревијата претставува мало загревање за публиката, една недела воочи осмото издание на „ФИЛМАЈ“ 2026 - фестивалот на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...
Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, денеска ќе го посети Собранието. Како што информираат од собраниската прес-служба, Дробњак ќе оствари средби со пратеничката Иванка Василевска и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче. Хрватскиот експерт и поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...
До граѓаните да дојде струјата, која во дел од денот на берзите е 0 денари. Тоа е идејата на Регулаторна комисија за енергетика за промена на блоковското тарифирање. Ацо Ристов вели дека се разгледува евтината тарифа, наместо само ноќе, да се прошири и преку ден, кога фотоволтаиците произведуваат најмногу струја. Според него, наместо ЕСМ скапо да произведува струја од јаглен, идејата е да купува евтина струја од фотоволтаици и по пониска цена ...
Елективните и итните случаи нема да бидат предмет на административно одложување, велат од министерството за здравство по реакцијата на здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања дека формирањето стручно тело кое ќе одлучува за кардиохируршките операции во иднина - може да доведе до пролонгирање на процедурите и дека за животот на пациентот не смее да одлучува бирократска комисија..... Здравствените власти тврдат дека целта е да ...
Дигиталниот свет има далеку поголем потенцијал од традиционалниот да биде поеднаков и да понуди еднакви права и можности за сите, вели претседателката на Алијансата за родова еднаквост на работно место, Нина Ангеловска. Недоволната застапеност на жените претставува загуба за бизнисите, економиите и општествата.Ангеловска потенцира дека Алијансата за родова еднаквост се стреми за промоција за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво ...
Фудбалскиот клуб вардар под истрага за недолично славење...фудбалската федерација на македонија отвори дисциплинска постапка против најтрофејниот македонски клуб...Одлуката следува откако фудбалерита на вардар, за време на прославата на првата шампионска титула по шест години, пееја навредливи и вулгарни песни... Фудбалска федерација на Македонија „Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, ...
Порака за национално обединување на евроинтегративниот пат кој дефинитивно е трнлив за Македонија испрати премиерот Мицкоски од Делчево по повод 150 годишнината од Разловечкото востание . Подвлекувајќи паралела меѓу минатото и денешницата додаде и дека историјата не научила дека државата не се губи одеднаш туку чекор по чекор и за тоа мора да бидеме внимателни во одлуките кои денеска ги носиме а во иднина скапо можат да не чинат И додека ...
За 103% се зголемила вредноста на синдикалната минимална кошница во изминатите пет години. За истиот период минималната плата се зголемила за 71,4%, додека просечната плата во државава се зголемила за 63,9%. Ова го покажала новата анализа на Сојузот на синдикатите на Македонија за тоа колку пари им се потребни на граѓаните за да го преживеат месецот. Анализата покажала дека трошоците за живот пораснале побрзо од приходите. Односно во 2021 ...
Се проширува вжештениот политички фронт за случајот „Мазут“. Жестоки обвинувања денеска упати пратеникот на власта, Миле Лефков, кој вели дека семејните врски на обвинителката Коларевиќ и судијата Абази ги амнестирале осомничените блиски до ДУИ и СДСМ за случајот вреден 167 милиони евра. Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека ова е класичен притисок врз судството и најави дека ќе се жали во амбасадите за случајот со мазутот ...
Советот на јавни обвинители дециден, нема да коментираат одлуки донесени од страна на надлежни обвинителства. Обвинителите се самостојни, а доколку постојат сомнежи за незаконито, нестручно или несовесно постапување на јавен обвинител законот предвидува посебни механизми, ова е ставот на Советот на јавни обвинители откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја прозваа обвинителката Катерина Коларевиќ и првиот човек на Обвинителството за гонење ...
Густ чад утринава го прекри Радовиш поради пожарот на градската депонија, која гори веќе петти ден, по што локалните власти информираа дека се превземаат сите мерки за целосно да се реши проблемот со чадот. На терен е ангажирана целокупната расположлива механизација, со цел депонијата да биде покриена со земја. Според градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец, тоа е единствениот начин за задушување на чадот. Иако во моментов нема отворен ...
Поскапуваат студентските домови, се намалуваат стипендиите за студентите од социјално загрозени семејства. Законот за студентски стандард, кој по скратена постапка е во собраниска процедура, предвидува значителни промени во досегашната студентска практика. Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз обвинија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени директно удира врз студентите. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека има какви било кратења на ...
Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагираше министерот за правда Игор Филков по вчерашните протести на Студентите Албанци кои побараа правосудниот испит да се полага на Албански јазик. Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата, дополни Филков. ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија - вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за телевизијата „Алфа“ министерката Димитриеска-Кочоска потенцира дека Законот за задолжување кај странските банки, кој што влезе во ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем ХИС, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, двајцата ...