Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Федерален судија денес ја укина таксата од 100.000 долари што американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе за нови визи H-1B наменети за висококвалификувани странски работници. Судијата пресуди дека станува збор за нелегален данок што Конгресот никогаш не го одобрил. Одлуката е донесена во Бостон како дел од тужбата поднесена од 20 државни обвинители од редовите на Демократската партија, оспорувајќи ја мерката што ја објави Трамп во ...
Во многу градови низ светот, станбените објекти, деловните згради и трговските центри се градат први, додека транспортната инфраструктура подоцна се прилагодува на нивните потреби. Тоа често создава дополнителни трошоци и сложени урбани интервенции. Но во кинескиот урбан експеримент Ксјонган, југозападно од Пекинг, пристапот е целосно обратен. Таму железничката мега-станица е изградена како прв голем инфраструктурен објект, пред самиот град ...
Тешка верижна сообраќајна несреќа се случи во романскиот град Констанца, откако возач на камион изгуби контрола на кружен тек и предизвика вистински хаос удирајќи во автобус полн со патници и уште осум други автомобили. Драмата завршила дури откако камионот излетал од коловозот и удрил во дрво, при што неколку лица веднаш побарале медицинска помош. Очевидци на настанот го опишуваат моментот на неконтролираното движење кое предизвикало паника ...
Тој нагласи и дека украинските одбранбени сили значително ги зајакнале своите позиции на фронтовските линии, што би можело да биде важен фактор во охрабрувањето на Кремљ да седне на преговарачка маса. „Позициите на Украина на фронтовската линија се солидни. Секој месец, Русија губи повеќе од 30.000 војници, некои мртви, некои сериозно ранети“. Друг аргумент за вршење притисок врз Москва се зголемените напади на Украина со долг дострел длабоко ...
Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...
Морски бранови со висина до 11 метри и силен ветер го погодија јужниот брег на Велингтон во Нов Зеланд, што предизвика евакуација на населението, прекин во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, а стихијата попушти во текот на денот, јавија локалните медиуми, пренесе Анадолу. Властите издадоа наредба за задолжителна евакуација на крајбрежните населби во Овхиро Беј, Исланд Беј, Хотон Беј, Брекер Беј и Моа Поинт откако ...
ШИРОКА АВСТРИСКА АНКЕТА ЗА НОВАТА ЕВРОПСКА ПЕРЦЕПЦИЈА НА СВЕТОТ КУС ВОВЕДЕН ПРЕСЕК НА ОБЕМНА АНКЕТА ШТО ГО РАЗНИША ЗАПАДНИОТ КОНСЕНЗУС: Вкупно 37 отсто од Австријците ги сметаат САД за најголема закана за светскиот мир. Само 22 отсто ја посочуваат Русија како главна глобална опасност. Дури 75 отсто имаат негативен став кон Америка. Бројот на „многу негативни“ ставови е двојно поголем отколку пред две години. Само 4 отсто ја гледаат Кина како ...
Еден од најамбициозните европски одбранбени проекти, во кој учествуваат Франција, Германија и Шпанија, се соочува со сериозни политички и индустриски несогласувања, при што тензиите кулминираат со остри изјави од белгискиот премиер. Француско-германскиот проект за развој на борбен авион од нова генерација, кој треба да ја зајакне европската одбранбена автономија, се наоѓа пред сериозна криза и можен колапс поради длабоки несогласувања меѓу ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се апсурдни западните предупредувања дека Русија би можела да го нападне НАТО, објави „Еуроњуз“. „Според мене, тоа не е само бесмислица, туку намерна провокација осмислена да создаде закана која всушност не постои и да ги натера граѓаните на нивните земји да трошат повеќе пари за одбрана“, изјави Путин на состанок со претставници на меѓународни новински агенции во Санкт Петербург. Рускиот ...
Пред неколку дена, силен студен бран донесе обилни снежни врнежи во повисоките делови на Алпите, а снегот локално падна до 1600 метри. Наврна од 10 до 20 см, локално до 30 см, а зелените ливади беа покриени со снег преку ноќ. Алпскиот регион денес беше погоден од нов силен облачен систем со обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Времето со дожд ќе трае три дена, а од време на време се очекуваат и грмотевици. Се очекува и значително ...
Силна експлозија се случи утрово во градот Балашиха, на околу десет километри од Москва, автомобил BMW X3 беше разнесен. Во инцидентот загина еден маж, а руските медиуми шпекулираат дека жртвата можно е да била висок офицер на руската армија. Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на починатиот. Според каналот на Телеграм Шот, станува збор за 62-годишен маж, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат ...
Пет лица се уапсени денеска во рамките на полициската операција со кодно име „Бела ѕвезда“, спроведена со поддршка на Европол и на агенциите за спроведување на законот од Белгија, Франција и Холандија, јави Анадолија. Косовската полиција соопшти дека претставници на странските институции, заедно со надлежниот обвинител, од самото место го следеле текот на акцијата, која се одвивала на повеќе локации низ Косово. Според полицијата, операцијата ...
Руската морнарица спроведе воени вежби во Балтичкото Море, при што увежбуваше лансирање ненаведувани ракети, летови заради бомбардирање и ракетни напади, во време кога САД и НАТО изведуваат големи маневри во регионот. Во рамките на вежбата биле увежбувани „подготовка на техниката за полетување, извлекување на авионите од удар на условен противник и нивно префрлање на други аеродроми“, се наведува во соопштението на руската морнарица. Во ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека, иако САД и Израел имаат многу заеднички интереси, постојат и прашања околу кои нивните ставови се разликуваат, особено кога станува збор за Иран. Во интервју за Fox News, Венс истакна дека главната цел на Вашингтон е да спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. — реклама — „Претседателот беше многу јасен дека, иако Израел има свои цели, примарната цел на САД во однос на Иран е да се ...
Светските резерви на нафта полека се исцрпуваат и ако Ормускиот теснец не се отвори наскоро, би можеле да бидеме сведоци на уште еден ценовен шок на пазарите до крајот на годината, предупреди Маркус Камиет, извршен директор на германскиот хемиски гигант „БАСФ“. Во средината на март, членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) одлучија да пуштат вкупно 411,9 милиони барели нафта и нафтени деривати од своите резерви. Нафтата ќе ...
Најскапите пазари на недвижности во Европа се сместени во изненадувачки мал агол од континентот. Најновите податоци од „Глобален водич за недвижности“ покажуваат дека четири од петте најскапи градови за купување недвижности се во Швајцарија и Луксембург, додека швајцарскиот град Цирих го држи убедливо првото место со просечна цена што надминува вртоглави 18.000 евра по квадратен метар. За купувачите на недвижности, овие градови одамна ...
Турција и Саудиска Арабија потпишаа историски Меморандум за разбирање за соработка во областа на железницата и логистиката во Ријад. Овој договор го означува почетокот на амбициозен проект за реставрација и модернизација на историската железница Хеџаз, која би можела да стане една од клучните глобални трговски патишта во иднина. Долгорочната визија за овој мегапроект вклучува поврзување на Турција, преку Сирија и Јордан, со Саудиска Арабија, ...
По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета. Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало да функционира на почетокот на декември откако се нашло зад Марс. Податоците покажале ...
Airbus Hellicopters претстави нов автономен хеликоптер базиран на популарната платформа H145, дополнително проширувајќи го своето присуство на растечкиот пазар за големи беспилотни роторни летала. Авионот, наречен U145, беше претставен како макета во полна големина пред саемот за воздухопловство ILA во Берлин и претставува најнов обид на Ербас да ги комбинира докажаните перформанси на хеликоптерот со напредни автономни системи за летање. ...
Најмалку 74 лица досега починаа, а повеќе од 7.800 лица се заразени во епидемијата на колера што избувна на почетокот на мај на североистокот на Нигерија, објави денеска организацијата „Лекари без граници“. Според податоците на Министерство за здравство на Нигерија, до 7 јуни во болниците на 14 локални самоуправи на североистокот на Нигерија биле примени 7.850 пациенти со сомнежи дека се заразени со колера, јавија британските меидуми. „Секој ...
Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека земјата повеќе нема да и испрорачува оружје на Украина. На денешната прес-конференција, на која ги претстави приоритетите во работата на ресорот и неговиот кабинет, Стојанов изјави дека „војната во Украина нема да се реши на бојното поле“, и дека тоа е конфликт со статични фронтовски линии, пренесува Софија Глоуб. „Гледаме позициска војна и без оглед на тоа колку оружје ...
Силни ветрови и огромни бранови денеска го погодија главниот град на Нови Зеланд, Велингтон, поради што надлежните служби експресно ги откажаа сите летови и траектни линии, затворија клучни патишта и наложија итна евакуација на населението во поединечни делови од градот. Властите прогласија вонредна состојба во делови од Велингтон по драматичното предупредување на метеоролошката служба за бранови високи до девет метри по должината на јужниот ...
Либанската милитантна група Хезболах ги повика либанските власти да ги подобрат односите со Иран и да ја искористат поддршката од Техеран. „Ги повикуваме либанските власти да ја искористат достапната можност и да го корегираат својот официјален однос со Исламската Република на начин што ќе им служи на интересите на двете земји“, се наведува во соопштението на Хезболах, објавува „Тајмс оф Израел“. Минатата недела претседателот и премиерот на ...
Германската полиција започна интензивна потрага по исчезнато 13-годишно девојче, ученичка со потекло од Србија, која последен пат била видена во градот Гелзенкирхен. Од неа веќе четири дена нема ни трага ни глас, а во акцијата се вклучени сите надлежни органи. Исчезнатото девојче последен пат е видено во петокот околу пладне на улицата „Есенер“ во Германија, откако претходно под лажен изговор го напуштила станот на своите роднини. „Таа без ...
Според анкетата, 35 отсто од испитаниците изјавиле дека би можеле да замислат да гласаат за АфД. Тоа е за шест процентни поени повеќе од моменталната поддршка за партијата и е доволно за да го надмине гласачкиот потенцијал на демохристијанскиот сојуз ЦДУ/ЦСУ на канцеларот Фридрих Мерц. Во истата анкета испитаниците одговарале и за која партија би гласале доколку изборите се одржат следната недела. АфД е на првото место со 29 отсто поддршка, ...
Вкупно 150 деца од Бугарија на возраст од 11 до 15 години се подготвуваат да заминат во меѓународниот вселенски центар Space Camp во Измир, Турција, каде што ова лето ќе поминат низ интензивни научно-технолошки обуки што ја симулираат реалната подготовка на астронаутите, јавува БНР. Центарот за креативно учење во Бугарија е официјален партнер на Space Camp од 2003 година. Во натпреварот за учество се вклучија повеќе од 300 деца од целата ...
Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на дерусификација, а градските власти се повикаа на соопштението на Институтот за национално ...
Хуманоиден робот успешно го достигна врвот на еквадорскиот вулкан Чимборазо, означувајќи нова пресвртница во напорите да се донесат двоножни роботи од контролирани средини до некои од најтешките и најтешките терени во светот. Роботот е модифициран модел на Unitree G1, наречен Pemba, кој неодамна заврши експедиција до врвот од 6.200 метри. Искачувањето е првата фаза од амбициозната роботска експедиција „Тројна круна“ што на крајот би можела да ...
Илјадници луѓе се собраа во неколку француски градови за да го осудат она што го нарекуваат неуспех на правдата од смртта на 11-годишната Лијан, која беше пронајдена мртва минатата недела, а претходно мораше да биде сместена во дом, но таа одлука никогаш не беше спроведена. „Белиот марш“ беше името на поворката што ги собра жителите, семејствата, роднините и граѓаните кои носеа бели цвеќиња, свеќи или транспаренти за оддавање почит на ...
Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против поранешниот началник на Полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ, во делот во кој му се ставаше на товар кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело, бидејќи, како што наведува обвинителството, не постојат основи за сомневање дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Во делот од пријавата што се однесува на кривичното ...