Тешка верижна сообраќајна несреќа се случи во романскиот град Констанца, откако возач на камион изгуби контрола на кружен тек и предизвика вистински хаос удирајќи во автобус полн со патници и уште осум други автомобили. Драмата завршила дури откако камионот излетал од коловозот и удрил во дрво, при што неколку лица веднаш побарале медицинска помош. Очевидци на настанот го опишуваат моментот на неконтролираното движење кое предизвикало паника ...
Седум лица загинаа, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот М1 во западна Унгарија, соопшти тамошната полиција. Минибус со девет патници удрил во камион кој се наоѓал во сообраќаен метеж предизвикан од претходна несреќа во близина на Ѓер, околу 122 километри западно од Будимпешта, јавува Ројтерс. Трагедијата следеше по претходен судир на истиот дел од автопатот, во кој камион удрил во возило за ...

