Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис Трајковски“ славеа со 3:1 (25:21, 14:25, 26:24, 25:23) против ОК Наковски Волеј и израмнија на 1-1 во серијата. Љубителите на одбојката во Скопје имаа можност да проследат уште еден квалитетен и неизвесен дуел, исполнет со пресврти, атрактивни поени и борбена игра од двете ...
Александар Зверев уште еднаш потврди зошто го носи прекарот „Господин Полуфинале“ на Мастерс турнирите. Германскиот тенисер со супериорна игра го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6-1, 6-4 и се пласираше меѓу четирите најдобри на „Мутуа Мадрид Опен“. Доминација во „Каха Махика“ Зверев го започна четвртфиналниот меч како природна сила, освојувајќи го првиот сет за само 28 минути со убедливи 6-1. Иако Коболи го игра најдобриот тенис во ...
Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија моќна порака во пресрет на големиот полуфинален реванш, во кој ГРК Охрид в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека словенечкиот Целје. „Гладијаторите“ во првиот натпревар беа поразени со минимални 27:26, но пред домашна публика и со поддршка од верните „рибари“, како и од ...
Кошаркарите на Панатинаикос излегоа како победници од драматичниот меч со Валенсија и направија огромен исчекор кон завршниот турнир во Евролигата. Клубот од Атина пред два дена исто го доби трилер соочувањето со 68:67, но вечерва беше уште повозбудливо, се играа и дополнителни пет минути кои на крајот ги реши Хејс-Дејвис со звукот на сирената за конечно славје од 107:105. ICE IN HIS VEINS, NHD FOR THE WIN! 🥶@NIGEL_HAYES wins it for @Paobcgr ...
Во својот последен натпревар од регуларниот дел во МТЕЛ Супер лигата, кошаркарите на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеа над Маџари со 94:81 во салата „Наум Наумовски – Борче“. Во редовите на МЗТ, Смит Мексвејн заврши со 23 поени, но и 12 асистенции и три скокови. Свој придонес дадоа и Петков, кој на 21 поен придодаде и седум асистенции и три скокови, следен од Гил, кој постигна 19 поени, и Крстевски, со 13 поени (шест скокови и ...
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше во последниот меч од плеј-оф групата во Суперлигата на гостувањето кај Маџари со 81:94 и победнички ќе влезе во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула. На гостувањето вечерва, избраниците на Васко Атанасов почнаа добро и ја добија првата четвртина со пет поени предност, по што видовме делумно враќање на домашните во вториот период. Маџари до полувреме ја намали предноста на гостите на само три ...
Брага е на чекор до своето второ историско финале во Лигата на Европа, откако во драматична завршница славеше над Фрајбург со 2-1 во првиот полуфинален натпревар. Португалскиот тим за првпат во својата историја успеа да оствари победа во нокаут-фазата од европските натпреварувања против германски противник. Експресен старт и брз одговор на гостите Брага го започна својот прв полуфинален натпревар во ова натпреварување по пауза од 15 години на ...
Победите на Нотингам форест и Рајо Ваљекано вечерва придонесоа на повидок да биде варијантата Шпанија да има пет, а Англија дури шест екипи во Лигата на шампионите следната сезона. Премиер лигата има гарантирани четири места, петтиот веќе го добија благодарение на резултатите на англиските екипи во еврокуповите, а ако Нотингам форест ја освои Лига Европа, и Шумарите ќе бидат дел од европската елита. Форест ја победи Астон вила со 1-0 и има ...
Нова драма во Валенсија, овојпат зачинета и со продолженија и уште една победа на Панатиниакос на гостувањето во Шпанија од 105-107, за предност од 2-0 во серијата и се најде на чекор до пласман на „фајнл-фор“. Откако во првиот меч славеше со само еден поен разлика, Панатинаикос овој пат победи по продолжение со кош во последната секунда на Најџел Хејс-Дејвис. Регуларниот дел заврши 95-95, а продолжението беше своевидна резултатска вртелешка. ...
Она што требаше да биде пресметка меѓу два гиганти за која фудбалските фанови ширум светот имаа големи очекувања, во Париз се претвори во еден од најневеројатните натпревари во историјата на Лигата на шампионите. Во првиот чин од ова „финале пред финалето“, Пари Сен Жермен славеше против Баерн Минхен со неверојатни 5-4, во меч кој понуди седум различни стрелци, девет гола и безброј пресврти. Сигурни сме дека сите љубители на фудбалот уживаа ...
Нотингем Форест е на чекор до историско финале во Лигата на Европа по големата победа над Астон Вила од 1-0 во првиот полуфинален натпревар. Избраниците на Витор Переира успеаја да ја искористат предноста на домашниот терен и со минимална, но значајна предност ќе патуваат во Бирмингем на реваншот следната недела. Крис Вуд ги казни „необјаснивите“ грешки на Вила Човек на одлука на „Сити Граунд“ беше искусниот напаѓач Крис Вуд, кој во 71-та ...
Екипите на Валенсија и Панатинаикос приредија вистинска драма во вториот четвртфинален евролигашки натпревар, а на крајот радоста ја однесе гостинскиот тим, кој славеше по едно продолжение од пет минути со 105-107. Во регуларното време, конечниот резултат гласеше 95-95. Бевме сведоци на тврда и цврста, но ефикасна кошарка. Ниту еден тим не доби ниедна четвртина со повеќе од три поени разлика, па затоа победникот мораше да биде решен во ...
Екипата на Кристал Палас обезбеди солдина залиха во првиот полуфинален натпревар против Шахтјор во Конференциската лига на УЕФА, триумфирајќи на гостински терен со конечни 1-3 (0-1). Лондонскиот премиерлигаш ја оправда фаворитската улога и комплетно ја наметна својата игра, а стрелци на погодоците беа Исмаила Сар, Даичи Камада и Јорген Ларсен. Единствениот погодок за домаќините го постигна Олег Очеретко во 48. минута од натпреварот. Иако ...
Екипите на Нотингем Форест и Брага го одбранија домашниот терен и славеа во првите мечеви од полуфиналето на Лига Европа. Популарните „шумарија“ ја добија премиерлигашката битка со Астон Вила со 1-0. Ова беше изедначен натпревар кој беше решен со еден невобичаен пенал, ситуација во второто полувреме. Се играше 67 минута кога по еден центаршут на Гибс Вајт изгледаше дека топката го напуштила теренот, но при таа ситуација Хачинсон се обиде да ...
Првите натпревари од полуфиналето во Лигата на Европа не дадоа никаква одлука кој тим ќе патува во финалето. И двата завршија со минимални победи на домаќините, па така патниците во финалето ќе се решаваат на реваншите во Бирмингем, односно во Фрајбург. Нотингем ја победи Астон Вила во англиската пресметка со 1-0, додека Брага со 2-1 славеше над Фрајбург. Нотингем Форест со гол од пенал во второто полувреме, стигна до победа над Астон Вила во ...
Вечерва се одиграа првите полуфинални дуели во Лига Европа и Конференциската лига, а најголема предност пред реваншот оствари Кристал Палас кој со 3-1 славеше на гости во Краков (Полска) кај украински Шахтар. Англискиот тим поведе после само 21 секунди игра со погодок на Исмаила Сар и тоа е најбрз гол во историјата на Конференциската лига, a втор најбрз во историјата во полуфиналињата или финалињата во еврокуповите. Палас е пред пласман во ...
Екипата на Нотингем Форест си обезбеди предност од еден гол во полуфиналниот двомеч против Астон Вила во Лигата на Европа (1-0). Воведот од првото полувреме му припадна на гостинските фудбалери кои прво се заканија преку Тилеманс, а одлична шанса за водство имаше и Роџерс. Форест, пак, долго време ја чекаше својата шанса да се закани, а најголемата можност ја испушти Жезус во самата завршница од полувремето. Бразилецот шутираше од непосредна ...
Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче Поле од Свети Николе, во рамки 21. коло на Втората футсал лига на Македонија. Хет-трик за домашниот тим имаше Горан Арсовски, двоен стрелец беше Валентино Јовановски, додека пак по еден гол за победничкиот тим постигнаа Драган Стефанов, Ѓорѓи Ивановски и Никола Стојчевски. За гостинот од Свети Николе единствен стрелец беше Лука Наумов кој погоди во 35. минута од ...
Екипата на Барселона ја оправда фаворитската улога и со сигурна победа на гостувањето кај Нант направи голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Келн во рамки на Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант славеше со 30-32, во натпревар во кој домаќинот парираше само во првото полувреме. Нант одигра храбро и ефикасно во првите 30 минути, па на паузата имаше минимална негатива (18-19), во дел од играта во кој беа постигнати дури 37 голови. ...
Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на овогодинешниот Ролан Гарос. Поради воспаление на тетивата на зглобот, Шпанецот ќе биде надвор од терените два месеци. Алкараз ќе ги пропушти Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, што ќе го чини скапо на АТП листата. Тој триумфираше на двата турнира минатата сезона, па ќе остане без 3.000 поени, што значи дека Синер значително ќе ја зголеми предност на врвот. Тимот на Алкараз, ...
Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија на Глори, Холанѓанецот Рико Верховен, ги сподели своите мисли за неговиот боксерски меч со непоразениот 39-годишен поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија Украинецот Александар Усик . Нивната борба е закажана за 23 мај во Гиза (Египет), а во прашање е титулата во тешка категорија на верзијата ВБЦ. Се очекува Усик да биде голем фаворит и малкумина му даваат шанса на ...
Барселона, повторно, би можела да помине значаен дел од сезоната 2027/28 надвор од „Камп Ноу“. Како што објавува „Кадена СЕР“, поради претстојната инсталација на покривот и завршувањето на преостанатите фази од реконструкцијата на стадионот, барселона на некое време мора повторно да оди на друг стадион. Клубот проценува дека работата, која ќе започне во јуни 2027 година, ќе трае четири до пет месеци, но потоа, сè уште ќе биде потребно ...
Новак Ѓоковиќ во последно време често гледа кошаркарски натпревари од Евролигата, па и вечерва беше во Пиреја каде Олимпијакос го растури Монако со 94-64 и сега грчкиот тим е на една победа од пласман на фајнал-форот кој ќе се игра во Атина. Со 2-0 поведе и европскиот првак Фенербахче против Жалгирис. Најдобриот тенисер на сите времиња во „Мир и пријателство“ седеше до најдобриот грчки кошаркар Јанис Адртокумбо, а кога од трибините згрме ...
Кошаркарот на Хјустон, Кевин Дурент, поради повреда ќе го пропушти и шестиот натпревар од серијата против Лос Анџелес Лејкерс во плеј-офот на НБА лигата. Дурент има проблеми со повреда на левиот скочен зглоб и не учествувал на тренингот на тимот пред заминувањето за Лос Анџелес. Поради истата причина, тој веќе пропушти неколку натпревари во серијата. Тренерот на Хјустон, Име Удока, изјави дека состојбата на Дурент се следи „ден по ден“, но ...
Натпреварот меѓу екипите на Маџари и МЗТ Скопје за момент беше во прекин, откако еден од обрачите беше поместен по жестоко забивања на кошаркар на домашниот тим. Томи Левис, американскиот ас од редовите на Маџари, тргна во соло акција, а откако се ослободи од директниот чувар заби монструозно и го оштети обрачот. Судиите го прекинаа натпреварот, а откако обрачот беше одново ставен во функција, актерите се вратија на паркетот. Натпреварот ...
Капитенот на Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш е суспендиран на една година, откако беше докажано дека е вмешан во скандал со обложување. Одлуката ја донесе Дисциплинската комисија на професионалниот фудбал во Турција. Во декември 2025 година Јандаш беше приведен како дел од истрага за местење на натпревари и обложување. Против него беше покренато обвинение во февруари 2026 година, и според извештаите може да се соочи со затворска казна во траење ...
Екипата на Олимпијакос е на само чекор од учество на завршниот турнир во Евролигата, откако славеше со огромни 94-64 над Монако во вториот натпревар од оваа четвртфинална серија. Домаќините повторно одиграа феноменален меч и прикажаа моќ во текот на сите 40 минути. На паузата, Грците имаа огромни 59-31, што доволно говореше за разликата во квалитет. Гостите во втората четвртина постигнаа само осум поени, а примија дури триесет и еден. Во ...
Хвича Кваратчелиа се издвои како една од најсјајните ѕвезди во сега веќе класичниот триумф на Пари Сен Жермен над Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите. Грузиецот одигра уште еден сензационален натпревар на Паркот на принцовите. Во триумфот од 5:4 на францускиот тим, тој постигна два гола - во 24-тата и 56-тата минута. Тој го „возеше“ и го „шеташе“ дефанзивецот на Баерн Хвич во текот на целиот натпревар, го прегази и го поминуваше ...
Едмонд Тапсоба ја продолжи верноста со Баер Леверкузен и потпиша нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2031 година, потврди германскиот клуб. Дефанзивецот од Буркина Фасо е дел од тимот од 2020 година и досега има 266 настапи и 13 погодоци во дресот на Леверкузен. „Тапсоба во изминатите шест и пол години прерасна во клучен играч за нашиот тим, еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, кој настапува на највисоко ниво. Како еден од нашите ...
Барселона го разгледува напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, доколку не успеат да го потпишат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Кадена СЕР“. Според изворот, 24-годишниот Бразилец би можел да се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2026 година. Жоао Педро е во Челзи од јули 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2033 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 46 натпревари. ...