Една од најголемите приказни на модерната Евролига полека завршува бидејќи Мајк Џејмс го одигра својот последен натпревар во дресот на Монако и практично го потврди крајот на една ера што ги одбележа последните пет години од европската кошарка. Откако беше елиминиран од Олимпијакос во четвртфиналето на Евролигата, многу повеќе од самиот резултат, се зборуваше за заминувањето на човекот што го претвори Монако од амбициозен проект во стабилен ...
Во интервју за „Баскет њуз“, кошаркарот на Монако Мајк Џејмс отворено зборуваше за своето време во Монако, но и за тоа колку е горд на она што го изградил со клубот во изминатите сезони. – Имав свои подеми и падови, но кога ќе се осврнам на тоа од оваа перспектива, не знам дали некој друг можеше да дојде тука и да го направи она што го направив јас со оваа група момци, рече Џејмс. Неговите зборови најдобро го доловуваат големото влијание што ...

