Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Откако се соочи со финансиски проблеми, некогашниот градежен гигант „Бетон АД Скопје“, кој го поседуваше бизнисменот Минчо Јорданов преку офшор-компанија, падна во стечај во 2023 година. Но, оваа постапка нема да заврши со ликвидација на друштвото, туку, според последните информации до кои дојдовме, со неговата реорганизација, откако бил прифатен планот поднесен од „Фего инженеринг“, во чија сопственичка структура е зетот на Јорданов – ...
Американската војска соопшти дека пресретнала два ирански супертанкери за нафта кои се обиделе да ја избегнат нејзината блокада, додека Вашингтон продолжува да го попречува бродскиот сообраќај на Исламската Република, а Техеран им се заканува на бродовите во Ормускиот Теснец. Супертанкерите, „Хеди“ (Hedy) и „Хиро II“ (Hero II), се закотвени во Чабахар, иранско пристаниште во Оманскиот Залив, откако биле пресретнати претходно оваа недела, ...
Воениот конфликт на Блискиот Исток веќе доведе до поскапување на горивото и авионските билети, но економските последици се шират многу подлабоко – директно во секојдневните трошоци на граѓаните. Сè повеќе производи, од облека до детски играчки, стануваат поскапи бидејќи нивното производство е тесно поврзано со нафтата. Плишаните играчки зависат од нафта Иако на прв поглед изгледа нелогично, дури и детските играчки се дел од овој ланец. ...
„Во машкиот (детски/јуниорски) турнир – Група А, како „држава учесник“ е наведена ‘Република Српска’. Потсетуваме дека ‘Република Српска’ не е држава, туку ентитет во состав на Босна и Херцеговина, меѓународно признаена суверена држава. Ваквото претставување е неточно и неприфатливо, и претставува нарушување на основните меѓународно признати факти. Спортските настани треба да бидат ослободени од политички и административни манипулации и да ги ...
Раководителката на Службата за итна медицинска помош, доктор Анита Димоска, тврди дека пешакот кој утринава беше прегазен на 200 метри пред поликлиника Букурешт (каде што се наоѓа пунктот за итната помош) бил транспортиран во Клинички центар за 22 минути. На лице место на сообраќајката пак, наша екипа посведочи дека итната помош задоцни, едно возило на итната помош прво го одмина повредениот и замина во друг правец, па потоа се појави ...
Македонија денес е држава со стабилни функционални и демократски институции. Држава во која граѓаните имаат изградено високо ниво на демократска култура и политичка зрелост. Тоа нè обврзува да носиме одлуки што ќе ја зацврстат, а не ќе ја релативизираат институционалната стабилност, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Љупчо Пренџов. – Техничките влади беа решение за едно поинакво време. Денес, таа потреба е надрасната. – Фактот што ...
СДСМ му постави јасен политички услов на владејачкото мнозинство: ако не се откаже од укинувањето на техничката, односно Пржинската влада, опозицијата ќе се повлече од работата на новиот Изборен законик. Пораката ја испрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека техничката влада не смее да се брише без политички консензус и дека тоа би значело удар врз единствениот механизам што, според опозицијата, обезбедува фер изборен ...
„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...
Охрид, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно поминуваме покрај бројни места кои ги кријат најубавите приказни, кои се сеќавање на едно друго време, каде се раѓале пријателства, нови љубови и таги, места кои будат толку емоции кај охриѓани. Да го запознаеме Охрид за повеќе да го сакаме на OhridPress, каде ви ги пренесуваме приказните за дел од најубавите локации и приказни од древниот град. Антички театар Античкиот театар е лоциран во ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија. Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на ...
КУС ОСВРТ КОН КОНЦЕПТОТ НАРЕЧЕН „ГЕОГРАФИЈА НА ЕКОНОМСКО И ПОЛИТИЧКО НЕЗАДОВОЛСТВО“ ШТО СЕ ШИРИ НИЗ ЕУ Појавата што експертите ја означуваат како „географија на економско и политичко незадоволството“ во изминатите години ја зафаќа целата Европска Унија, предизвикана од растечкиот јаз во економскиот развој на повеќе региони во речиси сите 27 земји членки на ЕУ. Воедно, економското и политичкото незадоволство на одредени ЕУ-региони е директна ...
Во март 2026 година, група на еко-активисти спроведе теренски мониторинг на повеќе локации во Вардарскиот речен слив со цел да се документираат комбинираните притисоци и загадувањето на водните ресурси. Наодите од теренот се загрижувачки и јасно укажуваат дека загадувањето на водите не е резултат на изолирани локални инциденти, туку е последица на континуирана и повторлива појава што произлегува од системски слабости во управувањето со ...
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасада на Република Бугарија во Република Северна Македонија отвораат изложба по повод 150-годишнината од избувнувањето на Априлското востание. Изложбата, насловена „За слободата на еден народ“, е претставена како заедничка експозиција на Национална библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ и Државна агенција „Архиви“. Истата содржи документарни сведоштва поврзани со историската ...
Добивај вести на Viber Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава - да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за само со македонско државјанство или манипулирате. Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава! Ова го напиша на социјалните мрежи пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП), Монија Зајкова која изминативе денови ги повика своите колеги, но и сите функционери во земјава да дадат изјава ...
Што забележа лупата на Советот на Европа на последните предвремени парламентарни избори во Бугарија Меѓународните набљудувачи на предвремените парламентарни избори во Бугарија во својата прелиминарна изјава, која беше објавена вчера, констатираа дека предвремените парламентарни избори во Бугарија на 19 април и покрај „празнините во законската рамка“, како и „амандманот донесен во последен момент за бројот на гласачки места во странство, што ...
Напорите на американската администрација вклучуваат детален преглед на придонесите на секоја членка во Алијансата и нивната категоризација, потврдиле тројца европски дипломати и американски функционер за одбрана запознаени со планот. Ова е нов притисок врз веќе затегнатите односи во рамките на западниот воен пакт, кои веќе се разнишани од потезите на Трамп – од обидот за анексија на Гренланд до заканите за целосно повлекување од пактот. ...
Пратениците од Левица поднесоа вкупно 1.000 амандмани на новите Предлог-закони предложени од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека станува збор за решенија кои се во корист на рударското и енергетското лоби, а на штета на јавниот интерес и приватниот имот на граѓаните. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи информираше дека амандманите ќе бидат разгледувани на Комисијата за економски ...
Добивај вести на Viber а рудникот со антимон во Крива Паланка Владата на Мицкоски рече дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет, за што они пак тврдат дека „ е некој бизнис на Мицкоски“, денеска со нова објава велат дека ја прикажуваат целата вистина . Граѓаните ќе видат, кој стои зад фирмите носители на концесиите на рудникoт за антимон во Крива Паланка. Да почитувани граѓани. Профит, пред здравје, бизнис пред народ. Одиме по ...
-Државата покажува дека може да води големи инфраструктурни проекти. Ако пред година и пол зборевме за заглавени проекти за проекти што беа заборавени и беа само убаво слово на хартија и немаше реализација, сега зборуваме за сериозна реализација на истите и драго ми е што успеавме да ги донесеме институциите на тоа ниво да можат да реализираат сериозни проекти истакна изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...
Пржинската влада мора да остане во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од Работната група за Изборниот законик, изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче. Филипче, на прес-конференција во Собранието, нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на аклтуелната власт, Пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. – Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што ...
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. Воведно обраќање на надзорната расправа ќе одржи ...
Во Ресен денеска ќе се одржи панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“. Отворени ќе бидат прашањата – што се презема во моментов и кои се главните предизвици кога станува збор за собирањето, селекцијата и одлагањето на отпадот, зашто тоа директно влијае врз природните ресурси, здравјето, одржливиот развој и иднината на регионот. На панел-дискусијата излагања ќе имаат Емил Стојанов од Салар ...
Косовската полиција спречила случај на шверц на стока во пограничната област со Македонија, јавува ТВ21. Според соопштението, случајот е откриен во планинскиот предел меѓу селото Радуша и патот што го поврзува Горанце со Елез Хан (Ѓ.Јанковиќ), каде е сопрено возило што се движело нелегално од Северна Македонија кон Косово. Уапсен е државјанин на Северна Македонија, а за време на претресот е запленета стока без документација, вредна десетици ...
Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“. Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација. ...
Во согласност со Законот за ученичкиот стандард, Министерството за образование и наука организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови, кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат испитот. Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира во текот на идниот месец. Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени документите кои кандидатите треба ...
Генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе остане во домашен притвор уште 30 дена на предлог на јавниот обвинител, а со одлука на Основниот кривичен суд. Обвинетиот за злоупотребите во Државната лотарија ќе го чува полицијата, така бараа АНБ и МВР, со објаснување дека му била загрозена безбедноста и на неговото семејство. Истрагата за Груби се одолговлечи, а тоа остава простор во јавноста за шпекулации и прашања- дали осомничениот ќе се спогоди, ...
На Денот на планетата Земја, 22 Април, вработените од Природонаучниот музеј на Македонија од Скопје имаа акција за пошумување на околината на Езерото Младост крај Велес, именувана „100 садници за 100 години Природонаучен музеј“. „Садниците што ги садиме се јавор и јасен, автохтони видови, што значи дека природно растат на ова подрачје. Тие се прилагодени на локалната клима и почва, бараат помалку одржување и имаат многу поголеми шанси да ...
На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ. Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции ...
Во издание на издавачката куќа „ТОПЕР“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин не’ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години. Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски ...