Ревизорите констатирале состојби кои, поради нивното значење, резултирале со неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година. Воедно, изразено е и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики за сметката на основниот буџет (630), додека за сметката на основниот буџет (637) е дадено неповолно мислење и за финансиските извештаи и за нивната усогласеност ...

Градежни работи и зафати без одобренија за градење утврдиле државните ревизори кои извршиле ревизија на финансиските извештаи во општина Илинден, соопштуваат оттаму. Ревизорите утврдиле слабости при изградба и реконструкција на локални патишта, улици, спортски игралишта и урбана опрема во општината, во вкупна вредност од околу 1.594.500 евра, и тоа при изведување на градежни работи без одобренија за градење, реконструкција на линиски ...