Во Гевгелија денеска ќе се одржи јавна трибина „Актуелни состојби и еколошки предизвици на Вардарскиот речен слив“, на која ќе бидат презентирани клучните наоди од мониторингот и документот за јавни политики „Од локални инциденти до потенцијална екокатастрофа: како да се подобри управувањето со водите во Вардарскиот речен слив“. Како што велат организаторите, документот нуди препораки за јавните политики и институционалната координација. ...
На трибината на која учество зедоа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, локалната самоуправа, претставници на јавни институции и јавни претпријатија, како и претставници на граѓанскиот сектор од Гевгелија, Штип, Македонска Каменица и Куманово, беа претставени резултатите и наодите од спроведениот теренски мониторинг, реализиран во повеќе локации во рамки на Вардарскиот речен слив. Главниот заклучок од ...

