Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Сметката за струја може да поскапи и за човек што никогаш не влегол во дата-центар, не изнајмил сервер и не знае каде му стојат податоците на „облакот“. Доволно е некаде во земјата да се појави голем дигитален инвеститор, да побара огромна количина струја, а мрежата да не биде подготвена. Тогаш почнува вистинското прашање: кој ќе плати за каблите, трафостаниците, приклучоците, резервните капацитети и новите инвестиции во системот? Теоретски, ...
Претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со Соединетите Американски Држави. Кипарското претседателство рано во среда соопшти дека преговарачите „штотуку постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините на ЕУ утврдени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД“. Под притисок на неодамнешните закани од американскиот ...
Летната сезона уште не почнала како што треба, а на Јадранот веќе се гледа нервоза. Хрватска чека резервации до последен момент, Црна Гора се обидува да ја смири ценовната трка, а Албанија сè погласно се продава како нова омилена дестинација за гости што сакаат море, сонце и сметка од којашто не боли глава. Туризмот во регионот влегува во сезона во која повеќе не е доволно само да имаш плажа. Сега прашањето е едноставно: колку чини одморот? ...
Викендот за многумина е одмор, ама за македонските работници често е само уште една смена. Според податоците на Евростат, 32 проценти од работниците во Македонија работат за време на викендите, со што земјата влегува меѓу европските држави каде саботата и неделата најчесто не значат слободни денови. На европско ниво, 21.3 проценти од вработените редовно работат во сабота и недела, покажуваат податоците за 2025 година. Зад оваа бројка не стои ...
Во 2024-та година, луѓето во ЕУ патувале со железница 8,7 милијарди патувања, што изнесува вкупно 444,5 милијарди патнички километри, највисоко ниво во последните години, според новата анализа на Евростат, статистичката канцеларија на Европската Унија (ЕУ). Германија и Франција се најголемите комбинирани придонесувачи во перформансите на железничкиот патнички транспорт, со 109,1 и 107,3 милијарди патнички километри, соодветно. По нив следува ...
Платата стигнува, но радоста трае кратко. Неколку минути, можеби еден ден. Додека да се платат сметките, ратата за кредит, картичката, градинката, телефоните, струјата, парното, интернетот. Потоа останува она што семејствата сè почесто го нарекуваат „за преживување“. Во многу домови денес математиката е сурово едноставна: едната плата оди за долгови, другата за храна. Ако во куќата влегуваат две плати, некако се турка. Ако има само една, ...
Најнапред се одложува замената на дограмата. Потоа поправката на кровот. Влагата во аголот се премачкува со боја, колку да не се гледа. Еден штекер не работи, но сите во домот знаат кој е. Бојлерот „ќе издржи уште малку“. Цевката прокапува, а под неа стои леѓен. Така изгледа падот на стандардот кога не се мери само преку цените во маркетите, туку и преку ѕидовите, таваните, прозорците и подовите во домовите. Домот старее полека. Не испраќа ...
Јапонија и Кина го предводат повлекувањето на странските влади од американските државни обврзници, бидејќи последиците од Заливската војна ги поттикнуваат стравувањата за валутите, објави „CNBC“. Странските влади продадоа американски државни обврзници во март, бидејќи војната на Блискиот Исток ги принуди централните банки да ги ликвидираат доларските резерви за да ги заштитат локалните валути од енергетскиот шок што ги погоди девизните ...
Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во правец на подобрување на локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште – информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината. Со текот на работите денеска попладне се запознаа градоначалникот Онер ...
Францускиот министер за буџет Давид Амиел вети нови мерки во вредност од 710 милиони евра, односно 823 милиони долари, за поддршка на домаќинствата и компаниите погодени од растот на цените на енергијата поради војната со Иран. Оваа помош доаѓа покрај веќе предвидените 470 милиони евра за таргетирана поддршка на индустриите, вклучително и патниот транспорт и рибарството. Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. ...
Растот на домашниот бруто производ во Македонија годинава малку ќе забави на 3,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на процената од минатата есен, се вели во Пролетните прогнози на Европската комисија обхјавени денеска. За наредната 2027 година, ЕК предвидува натамошно „ладење“ на македонската економија и раст од 3,1 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку од претходните проекции. Исто така, како што стои во делот од ...
Почитувани колеги и колешки од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ако расправаме за задолжувањето од 260 милиони евра, тогаш да расправаме со бројки, со документи и со економска логика, а не со обвинувања дека опозицијата немала аргументи. Првиот аргумент е дека ова задолжување е симптом на исцрпена фискална позиција. Владата првично барала 300 милиони евра, а договорила 260 милиони евра. Оваа разлика меѓу бараното и добиеното е ...
Binance, една од водечките платформи за дигитални средства во светот, ја поканува локалната крипто-заедница, ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални финансии на одбележување на Bitcoin Pizza Day во Скопје, кое ќе се одржи на 22 мај, од 12:00 до 17:00 часот во пицерија Impasto. Bitcoin Pizza Day е еден од најпознатите датуми во историјата на крипто-индустријата. Пред 16 години, програмерот Ласло Хањец ја направи првата реална ...
Помалку работници во индустријата, но поголемо индустриско производство на годишно ниво. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека на годишно ниво производствот во индустријата бележи раст од три отсто. Но, во поголемите и позначајните сектори производството е во минус. Според податоците намалено е производството во секторот Рударство и вадење камен од 6,2 отсто како и во секторот, Снабдување со електрична енергија, ...
Германскиот технолошки гигант "Костал"од Охрид со амбициозни планови за иднината. По рекордната деценија во која компанијата влезе во топ 5 извозници во земјава со очекувани 280 милиони евра приходи годинава, менаџментот најавува нови инвестиции во електромобилноста. Првиот човек на компанијата, Виктор Мизо, потенцира дека Охрид веќе не е само туристички, туку и сериозен напреден индустриски центар. Германскиот технолошки гигант "Костал"од ...
Врз основа на обемна анализа од Европската комисија, Нови Сад се претстави како еден од најуспешните примери за долгорочен развој на Европска престолнина на културата, соопшти денеска Фондацијата Нови Сад 2022. Истражување, прво од таков вид спроведено од ЕК откако проектот EPK постои од 1985 година, го издвои Нови Сад меѓу 22 градови, поранешни носители на титулата и според резултатите од анализата градот беше истакнат во речиси сите клучни ...
Европската комисија прогнозира дека економијата на Србија годинава ќе порасне за 2,8 проценти, а следната година растот дополнително ќе забрза и ќе достигне 3,9 проценти, поттикнат од јавните инвестиции, растот на платите и подготовките за меѓународната изложба EXPO 2027 во Белград. Според најновите пролетни економски прогнози на Европската комисија, домашната побарувачка ќе биде главен двигател на растот, особено поради засилените ...
По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи домашната побарувачка ќе има корист од големите јавни инвестиции поврзани со специјализираната изложба EXPO27 и од зголемувањето на платите и пензиите, прогнозира Европската комисија. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денеска, се предвидува и дека фискалниот дефицит на Србија ...
Големата разлика меѓу откупните и малопродажните цени на земјоделските производи повторно предизвика револт кај земјоделците. Тие реагираат дека додека производителите едвај ги покриваат трошоците за производство, трговците остваруваат огромна заработка, продавајќи ги производите по двојно повисоки цени на зелените пазари и во маркетите. Според земјоделците, доматите моментално, на големо, се откупуваат по 50 денари за килограм, додека во ...
Цените на енергијата вртоглаво растат поради војната со Иран и ја оптоваруваат европската економија. Европската комисија ја ревидира својата прогноза за германската економија, додека еврозоната исто така расте значително побавно од очекуваното. Поради високите цени на енергијата што произлегоа од војната со Иран, Европската комисија ја преполови прогнозата за економски раст во Германија во 2026 година. Економските експерти сега очекуваат ...
Струга, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 23 мај 2026 година, Nabizi Retail Park слави една година, а воедно се отвора првиот маркет на мултинационалниот гигант на супермаркети, Spar во регионот. – Со препознатлив светски квалитет, високи стандарди на услуга и модерно шопинг искуство, Spar носи ново ниво на купување за потрошувачите од Струга и целиот регион. Како еден од најголемите светски синџири на супермаркети, Spar е присутен во ...
Голем број станови и објекти, особено оние изградени пред 2000 година, имаат несогласувања меѓу реалната и катастарски евидентираната површина, а некои од недвижностите и натаму немаат уредени сопственички права - посочи денеска претседателот на Комората на друштвата за геодетски работи, Никола Рибарски, на промоцијата на општествено-економската кампања „Провери, потврди, поседувај - твојот имот, твоја сигурност“. Рибарски на ...
Голем број домаќинства се заинтересирани за поставување на соларни централи на своите покриви за да произведуваат струја, но и да го продаваат вишокот. Но, голем дел од нив не добиваат зелено светло затоа што не може да бидат приклучени на електричната мрежа, објаснува за „Слободен печат“ Зоран Митрески, сопственик на „Ефикс електрикал“, компанија која долги години се занимава токму со инсталирање на овие системи. -Веќе не можеме да ...
БИТОЛА – Поминаа и 30 април и 20 мај нема исплата на субвенциите за тутунот. Најновиот абер од Платежната агенција е дека премијата за тутунот ќе биде исплатена во јуни. Главното прашање за производителите на тутун во изминатите три месеци од завршувањето на откупот е кога ќе ги добијат субвенциите, дали е празна државаната каса или власта лови тутунари кои нереално пријавиле засадени ниви со тутун за да земат отповеќе субвенции, па се ...
„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите” со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на ...
Од девет понудени решенија, избрана е траса пократка за 35 километри, што, според вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, нема да ги загрози планираните хидроцентрали покрај реката Вардар, односно не е во судир со проектот „Вардарска Долина“. Тој уверува дека при проектирањето ќе се води сметка за заштитата на идните хидротехнички објекти и дека ќе остане можноста за реализација на предвидените енергетски ...
Глобалните политички тензии и војни го тресат целиот свет, па во таква ситуација, многу милионери и милијардери почнуваат да бараат нови „безбедни пристаништа“ за живот и инвестиции. Поради војната на Блискиот Исток, Дубаи и пошироката област на Обединетите Арапски Емирати, кои со години се сметаа за идеално засолниште за богатите инвеститори, повеќе не уживаат статус на неповредлива безбедност. Според податоците на швајцарската ...
Елиминирањето на трговските бариери меѓу земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора – сè повеќе се смета за клучен фактор за економскиот развој на регионот, јавува Косовската радио-телевизија. Повикувајќи се на истражувањето објавено во рамките на „Балкански барометар“ на веб-страницата на Советот за регионална соработка (РСС), медиумот нотира дека мнозинството од фирмите силно ...
Американската компанија ОпенАИ подготвува доверливо поднесување за почетна јавна понуда (IPO) во САД, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на технолошката компанија. Компанијата, позната по развојот на четботот Чатџипити, би можела да излезе на берза на САД веќе во септември, а според најновите проценки, нејзината вредност е околу 852 милијарди долари. ОпенАИ работи со инвестициските банки Goldman Sachs и Morgan ...
УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката. Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра. Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите ...