Состојбата со сипаниците кај овците и козите и натаму е под внимателен надзор на надлежните институции. Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, одржал средба со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци, на која било разговарано за актуелната епидемиолошка состојба и досегашните мерки за спречување на ширењето на болеста. На средбата биле ...

Министерството за транспорт и врски негира дека државата некогаш склучила договор за субвенции со германската авиокомпанија „Луфтханза“, по обвинувањата од Либерално демократската партија (ЛДП) дека половина милион евра народни пари завршиле кај странската компанија. -Ве информираме дека Министерството за транспорт нема склучено договор за субвенции со авиокомпанијаа „Луфтханза“, велат од Министерството за транспорт и врски во одговор на ...

text size Европските пазари силно напредуваат оваа година, спротивно на мрачните прогнози дека војната во Иран ќе го втурне регионот во стагфлација. Индексот Stoxx Europe 600 порасна за околу 12 отсто во 2026 година, додека берзанските индекси во Германија, Италија и Франција достигнаа рекордни нивоа. Германските државни обврзници остваруваат подобри резултати од американските државни обврзници, додека еврото е во близина на највисокото ...

Сметката за вода со месеци доаѓа, ама човек да го прочита водомерот никаде. А кога конечно ќе се појави проблем, за граѓанинот почнува трчањето по шалтери, приговори, комисии и објаснувања. Токму на ова се жалат повеќе скопјани кои тврдат дека поради нередовно читање на водомерите добиваат паушални или погрешно пресметани фактури, а во некои случаи сумите подоцна растат со камати и завршуваат и во судска постапка. Еден од случаите е на ...

„Евростат“ тврди дека патувањата се недостижни за милиони граѓани на Европа Иако важи за еден од побогатите региони во светот, сепак, голем дел од жителите на Европската Унија сѐ уште не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор, покажаа најновите податоци на европскиот статистички центар „Евростат“. Иако економиите во земјите во Европа се меѓу побогатите во светот, сепак, за милиони граѓани годишниот одмор сè уште е недостижен луксуз. ...

Сопствениците на некогаш најпопуларната социјална мрежа во светот Myspace најавија дека оваа платформа би можела да се врати во живот, на бранот на носталгијата и заморот од алгоритмите, но аналитичарите предупредуваат дека шансите за успех на пазарот не се големи. Myspace во 2003 година го основаа Том Андерсон и Крис де Волф, а платформата во 2008 година достигнуваше околу 115 милиони посетители месечно, пренесува „Си-Ен-Би-Си“. Од нашата ...

YouTube објави дека новите креатори ќе мора да исполнат повисоки квоти за да почнат да заработуваат од реклами и претплати. Креаторите кои сакаат да почнат да заработуваат на платформата ќе мора да имаат најмалку 8.000 квалификувани часови гледање во изминатата година или 20 милиони квалификувани прегледи на кратки видеа (Shorts) во последните 90 дена. Од нашата мрежа 📸 Маринакис го тужи Кристал Палас поради озлогласениот транспарент на… 19 ...

Цената на златото денеска се искачи на највисоко ниво во повеќе од два месеца, додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за инфлацијата во САД, кои може да бидат клучни за следниот потег на Федералните резерви со каматните стапки. Во текот на азиското тргување спот-цената достигна околу 4.435 долари за унца, пред подоцна да се повлече кон 4.372 долари. Американските фјучерси се движеа околу 4.431 долар за унца. Силниот утрински раст ...

Истражувањето на Шведската агенција за енергетика покажа дека индукцискиот шпорет е најголемиот потрошувач на електрична енергија во домаќинството. Иако многумина веруваат дека фрижидерот, машината за перење или машината за сушење алишта трошат најмногу електрична енергија, резултатите од истражувањата покажуваат спротивно. Според истражувањето индукциската плоча за готвење може да потроши до три пати повеќе електрична енергија од фрижидерот ...

Кина се обидува да го промени начинот на кој го финансира развојот на својата технолошка индустрија, насочувајќи дел од огромниот домашен капитален пазар кон стратешките технологии. Според анализа на Блумберг, Пекинг сè повеќе сака приватниот капитал и берзата да имаат поголема улога во финансирањето на полупроводници, вештачка интелигенција и други клучни индустрии, наместо развојот првенствено да се потпира на државни субвенции и ...

Американскиот долар утрово бележи мешани движења во однос на главните светски валути, покажуваат податоците од валутните пазари. Еврото се тргува на ниво од 1,1533 долари, при што доларот во однос на европската валута бележи раст од 0,10 отсто. Во текот на денот, курсот на еврото се движеше меѓу 1,1531 и 1,1550 долари. Во однос на јапонскиот јен, доларот бележи раст од 0,09 отсто и се тргува на ниво од 159,34 јени. Дневниот максимум достигна ...

Добивај вести на Viber Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е во полн ек. Сега е вистинскиот момент да се пријавите и да започнете со подготовките, бидејќи до трката ...

Компанијата на Трамп „Медиа еден Технолоџи“ (Media & Technology) објави дека во вториот квартал, кој заврши во јуни, забележала загуба од 238 милиони долари и најавила напуштање на неколку нови деловни линии. Компанијата зад платформата Truth Social објави дека нејзината квартална загуба е повеќе од десет пати поголема од претходната година, додека загубата по акција се зголемила од 8 на 86 центи. Приходите во истиот период изнесувале ...

Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...

Во време кога цените на електричната енергија на европските берзи се менуваат под влијание на глобалните економски и геополитички случувања, предвидливоста станува еден од најважните фактори за успешно управување со компаниите. Наместо постојано да се приспособуваат на пазарните осцилации, сè повеќе бизниси избираат договори со фиксна цена кои им овозможуваат стабилност и полесно финансиско планирање. За компаниите, електричната енергија не ...

Развојот на туризмот е една од најголемите маки на Македонија. Како оправдување често се наведува тоа што земјава нема море и сме мала држава. Но, како држава полна со природни богатства досега не се изнајдоа можности за подобар статус во македонската економија. Експертот од областа на туризмот Љупчо Јаневски за Денар вели, доколку сакаме Македонија да се позиционира како препознатлива дестинација за алтернативен туризам, тогаш безбедноста ...

Геополитичката конкуренција за критични минерали ги принудува западните држави да преземаат сè поактивна улога во финансирањето на рударскиот сектор. Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, западните земји ќе продолжат да зависат од Кина за материјали кои се клучни за производство на современа технологија и опрема за одбраната. Според последниот извештај на Центарот, ...

Земјоделците сè уште ги очекуваат субвенциите за 2025 година, средства кои, како што велат, им се неопходни за покривање на дел од трошоците за тековното производство. И покрај најавите дека субвенциите ќе се исплаќаат навреме, исплатата доцни во повеќе земјоделски гранки. Освен во градинарството, се чекаат средства и за полјоделските култури, јачменот, пченицата, како и во сточарството. Сè уште не се исплатени ниту субвенциите за 2025 година ...

Куферот одамна не се пакува само поради поголема плата. Младите од Балканот заминуваат затоа што бараат работа, стан, подобар јавен превоз, нормално здравство, место во градинка за детето и, пред сè, чувство дека системот функционира. А бројките покажуваат дека заминувањето веќе не е исклучок, туку масовна појава. Во просек, околу 133.500 луѓе годишно ги напуштаат земјите од просторот на поранешна Југославија, покажуваат податоците на ...

text size Цената на алуминиумот порасна седми ден по ред, бидејќи намалените изгледи за брз договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец ги поттикнаа загриженостите дека резервите од Блискиот Исток ќе останат ограничени во догледна иднина. Фјучерсите во Лондон се искачија за дури еден процент на највисоко ниво од 23 јуни, откако претседателот Доналд Трамп во понеделникот постави нови обемни барања до Иран, вклучително и компензација за ...

Компанијата „Trump Media & Technology“, која стои зад социјалната мрежа „Truth Social“, по низа обиди за проширување на деловните активности им се враќа на основните дејности. Нов извор на приходи треба да биде услугата што на клиентите, со паричен надоместок, им овозможува побрз пристап до објавите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, пишува AP. Компанијата во последните години се обиде да го прошири работењето во областа ...

Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540 000 000 ...

Добивај вести на Viber Арлинда Хасани Синани, банкарски професионалец со над 20 години искуство во секторот е идната вицегувернерка во Народната Банка на Република Северна Македонија. Предлогот Хасани Синани да биде избрана за вицегувернерка е доставен до Собранието на Република Македонија и на него е потпишан актуелниот гувернер Трајко Славески. Согласно досегашните податоци, Хасани Синани доаѓа на местото на Фадил Бајрами, кој на ...

text size Малку им олесна на возачите во Македонија - од денеска плаќаат пониски цени за горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 5,81 отсто. Најголемо е намалувањето кај дизелот, кој поевтинува за осум денари за литар и од 00:01 часот на 11 август се продава по 91,50 денари. Цените на двата бензина се намалуваат за по четири денари, ...

text size Кога инвеститорот вели дека инвестирал во S&P 500, повеќето замислуваат диверзифицирана кошничка од 500-те најголеми американски компании, каде што ниту една акција не може значително да го потресе целокупниот резултат. Реалноста, сепак, е малку поинаква, со оглед на тоа што стандардниот S&P 500 денес е многу поконцентриран отколку што изгледа на прв поглед, и поради оваа причина сè повеќе инвеститори разгледуваат ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според ...

Русија стана еден од најголемите продавачи на злато во светот во изминатите 12 месеци. Тоа е обид да се соберат пари за справување со буџетските проблеми, но не е нужно знак за претстојна финансиска криза. Русија продава големи количини од своите златни резерви од почетокот на 2026 година, додека Кремљ се обидува да собере пари за да го покрие големиот буџетски дефицит. Централната банка на Русија неодамна објави дека нејзините златни резерви ...

Германското здружение на трговци на мало (HDE) и полицискиот синдикат (GdP) бараат поконкретни мерки за кражби во продавници - видлив видео надзор, специјални гонења и подобра опрема за полицијата. Според заеднички документ на трговците на мало и полицискиот синдикат, малопродажбата трпи штета од околу три милијарди евра секоја година поради кражби. Оваа година, велат тие, кражбите се евидентирани, пишува dpa. Посебна загриженост ...

Руската држава во првата половина од 2026-та година одзела приватен имот и бизниси во вредност од 10,1 милијарди долари, што е 2,5 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, објавува рускиот медиум РБК. Во првата половина од 2025-та година национализацијата опфатила имот вреден 3,95 милијарди долари. Најголемиот бизнис што годинава е одземен е од сопственикот на земјоделската компанија „Русагро“ на Вадим Мошкович, која судот ја ...

Добивај вести на Viber Дури две третини од вкупната вредност на перуанскиот извоз, односно 39,88 милијарди долари, беа испораки на рударски производи, чија вредност се зголеми за 49 проценти во споредба со првата половина од 2025 година. Вредноста на перуанскиот извоз силно се зголеми во првата половина од годината, првенствено благодарение на поголемите испораки на бакар и злато, стимулирани од повисоките цени на светските пазари, објави ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
62%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
65%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
65%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.5
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
70%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58