Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Добивај вести на Viber Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната ...
Кога ќе дојде сезоната на пиперките, корнишоните и зелениот домат, во многу домаќинства почнува старата пресметка: да се засукаат ракавите или да се купи готова тегла од маркет. Домашната зимница има вкус што тешко се споредува со индустриската, но кога на хартија ќе се стават зеленчукот, маслото, зачините, теглите и потрошената енергија, разликата во цена понекогаш станува многу мала. Економистите посочуваат дека кај домашното производство ...
Европа сè повеќе се стреми да ја намали својата зависност од американските компании Visa и Mastercard, кои моментално обработуваат поголем дел од плаќањата со картички во ЕУ. Европската централна банка предупреди дека потпирањето на странски платни системи претставува стратешки и геополитички ризици, особено во време на зголемени меѓународни тензии. Според ЕЦБ, Visa и Mastercard сочинуваат околу 61 процент од плаќањата со картички во ...
Добивај вести на Viber Косовската фирма 2хАР Доо Приштина преку оглас барала работници кои ќе работат на изградба на пречистителната станица во Тетово, иако официјалноо пред јавноста уште не е објавена компанијата која ќе биде изведувач на проектот. 2хАР Доо Приштина регистрирала своја филијала-подружница во Скопје во јуни 2026. Сопственик е истоимената фирма за „изградба на комунални објекти за течности“ со Арлинд Металиај како управител. ...
Германската централна банка „Бундесбанк“, ќе престане да ги води бесплатните лични сметки и сметките за хартии од вредност за своите вработени и пензионери. Мерката опфаќа околу 21.000 сметки, објави „Ханделсблат“, а информацијата ја потврди и самата „Бундесбанк“. Досега вработените во централната банка имале право на бесплатна тековна сметка и депозит за хартии од вредност, а оваа поволност продолжувала да важи и по нивното пензионирање. ...
text size „Ербиенби“ (Airbnb) стана омилен кај инвеститорите во туризмот ова лето. Компанијата расте побрзо отколку во 2025 година, проширувајќи го својот бизнис надвор од класичното изнајмување куќи и станови - влегувајќи во хотелскиот сегмент, воведувајќи разни нови услуги и во исто време обидувајќи се да се позиционира како еден од потенцијалните победници во револуцијата на вештачката интелигенција. Тоа би можело да биде добитна ...
Кредитирањето во Македонија повторно забрзува. Во јуни вкупните кредити пораснале за 1,4% за само еден месец и за 13,1% во споредба со истиот период лани. Но бројката од 13,1% не се однесува само на граѓаните, туку на вкупното кредитирање на приватниот сектор, односно и на компаниите. Кај домаќинствата, кредитите во јуни пораснале за 1,3% за еден месец. Податоците на Народната банка покажуваат каде расте задолжувањето најбрзо. Станбените ...
text size За три децении во Македонија се изградени вкупно 209 километри автопат. Според податоците на државната статистика, пред 30 години во земјава имало 138 километри автопатишта, на крајот на минатата година бројката стигнала до 347 километри. Најмногу се гради во последните десет години, кога се завршени нови 88 километри автопатишта. Најмалку се градело во периодот од 2006 до 2015 година, кога во употреба биле ставени само 43 ...
Неготино, 13 август 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. - На состанокот се ...
Кинескиот TMSR-LF1 во пустината Гоби успешно демонстрираше претворање на ториум во нуклеарно гориво во рамките на системот, отворајќи ја вратата кон апсолутна енергетска независност и оставајќи ги традиционалните електрани на ураниум во историјата. Додека глобалните суперсили продолжуваат да се потпираат на конвенционалните нуклеарни централи базирани на ураниум, борејќи се со проблеми со складирање на отпад и безбедносни ризици, Кина тивко ...
Соларните панели се еден од најбрзорастечките сектори во енергетиката, благодарение на ниската цена и брзата изградба. Заедно со батериите, тие веќе се полесни за користење од страна на операторите на електроенергетските мрежи. Но, забрзаниот развој создава и криза на која еколозите одамна предупредуваат – тони отпад од панелите што го завршуваат својот работен век. Нивниот „животен век“ е околу 25 до 30 години. Според процените на ...
Централните банки во азиските земји во развој сè почесто наоѓаат начини да ги поддржат своите валути без да ги користат девизните резерви, бидејќи тензиите на Блискиот Исток и изгледите за повисоки каматни стапки во САД ги држат централните банкари на штрек. Индија привлече речиси 40 милијарди долари од својата дијаспора преку високодоходни доларски депозити, што придонесе за закрепнување на рупијата од рекордно ниското ниво во мај, пишува ...
Сè потешко се обезбедува работна сила за садење, обработка и берба на земјоделските површини во Македонија. Производителите ги зголемуваат дневниците за да привлечат сезонски работници, но ниту повисоката заработка не успева да го зголеми интересот кај младите. Последиците може да бидат најголеми во периодот на бербата, кога недостигот од луѓе може да значи дека дел од производството нема навреме да биде собрано. На земјоделците им останува ...
text size Заживувањето на глобалното тргување со акции на компании поврзани со вештачката интелигенција ги поттурна јужнокорејските акции во технички биковски пазар, означувајќи драматичен пресврт од историскиот пад од минатиот месец. Референтниот индекс Kospi порасна за 3,6 проценти во четврток, продолжувајќи го својот раст од најниското ниво забележано на 30 јули на околу 22 проценти. Гигантите за мемориски чипови „Самсунг“ (Samsung ...
Добивај вести на Viber Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека ситуацијата со извозот на ерменски земјоделски производи во Русија не се променила по неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на 27 јули, како и по неговото учество на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет. Роселхознадзор претходно објави дека, почнувајќи од 12 јуни, ќе го ограничи увозот на сите карантински производи од Ерменија, како и ...
Утре истекува ултиматумот што битолските и пелагониските сточари ѝ го дадоа на Владата, со што и официјално започнува одбројувањето до најавената радикализација на нивниот револт. Откако со месеци алармираат за колапсот на млекарството, ниските откупни цени и доцнењето на државната помош, сточарите се децидни – доколку нема конкретно решение и спас за нивната егзистенција, машините и тракторите наскоро излегуваат на протест. Државата во ...
Во значајна пресвртница за Гугл, генералниот директор Сундар Пичаи објави преку платформата Икс дека апликацијата Џеминај стана еден од најбрзо растечките производи на компанијата, неодамна надминувајќи ја бројката од 1 милијарда месечно активни корисници. Пичаи исто така напомена дека ова е 14-тиот производ на Гугл што ја достигнал границата од една милијарда. Со овој брз раст, Џеминај држи чекор со ЧетГПТ на компанијата ОпенАИ, кој достигна ...
По повеќе од три децении најави и застој, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза на конкретна реализација, со обезбедена финансиска конструкција и со јасен план. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја подобри регионалната транспортна поврзаност на земјата. Делницата е долга 22 километри и претставува сериозен инженерски ...
Македонскиот минималец останува меѓу најниските во регионот и покрај тоа што од април 2026 година е зголемена минималната плата на 26.046 денари нето, односно околу 423 евра. Додека кај нас работниците со најниски примања чекаат ново зголемување, соседните земји продолжуваат да ја зголемуваат минималната плата, а разликата станува сè повидлива. Најнов пример е Србија, каде што се најавува ново зголемување на минималецот. Според најавите од ...
Добивај вести на Viber Азербејџан има за цел да го претвори извозот на калинки во клучен неенергетски бизнис, потпирајќи се на повеќе од 200 автохтони сорти и производи со повисока додадена вредност. Азербејџан ги претвора калинките во глобален извозен бренд. Минатата година, земјата извезе калинки и производи од калинки во вредност од 48,2 милиони евра, ставајќи ја цврсто рамо до рамо со најголемите светски производители, како што се Иран, ...
Домаќинствата во кои живеат родителите со своите деца и внуци, а понекогаш дури и родителите на родителите, веќе одамна се минато. Современиот начин на живеење, продолжувањето на животниот век, како и работниот ангажман на жените, наметнуваат сè поголема потреба од згрижување на возрасните. Ова создаде една нова стопанска дејност „Социјална заштита со сместување на стари и изнемоштени лица“, шифра под која се евидентирани 36 установи. Цените ...
Добивај вести на Viber Вицепремиерот Александар Николоски на 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор најави дека деновиве ќе започне изградбата на автопатот Скопје - Блаце. „Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. Градиме модерна инфраструктура: За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – ...
„Тисенкруп“ ја зголеми долната граница на својата прогноза за профит за 2026 година во четврток, поттикната од нејзините единици за челик, поморство и трговија со материјали, како и намалувањето на трошоците поврзани со тековната програма за ефикасност. Германската компанија, која произведува сè, од делови за автомобили до фабрики за ѓубрива, моментално е во процес на драстично менување на својата структура, одвојувајќи ги сите свои ...
Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени ...
Да имаш за леб, сметки и превоз не значи дека живееш добро. Тоа значи дека си успеал да го истуркаш месецот. Нормален живот е нешто повеќе. Да можеш да отидеш на стоматолог без да пресметуваш која сметка ќе ја одложиш. Да му платиш екскурзија на детето. Да замениш расипан фрижидер без заем. Да заминеш неколку дена на одмор. Да излезеш на вечера, да купиш книга, да заштедиш нешто и да не се плашиш дека еден непланиран трошок ќе го урне целиот ...
Добивај вести на Viber 96 дена неизвесност, страв и солзи, а потоа 269 дена исполнети со радост, прегратки и среќа. Малата Рита, најмалото бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наполни една година. За својот прв роденден таа повторно дојде на местото каде што ја започна својата најголема животна битка, на Одделот за неонатална интензивна нега. Но овојпат не како пациент, туку како весело, разиграно и насмеано девојче кое со ...
Готовината останува најшироко прифатениот начин на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, покажува ново истражување на Европската централна банка. Според резултатите, готовина прифаќаат 92 отсто од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации, наспроти 90 отсто во 2024 година. Од ЕЦБ оценуваат дека со тоа е запрен падот на прифаќањето на готовината ...
Недоволните инвестиции во геолошките истражувања со децении го ограничувале развојот на нови рударски проекти во Европа, оценува Европската инвестициска банка. Во најновиот технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, Банката укажува дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но дека недостигот од истражувања и подготвени проекти претставува пречка за негово искористување. Од нашата мрежа ДЗС: ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Иран наскоро ќе стане членка на Новата развојна банка (NDB), финансиска институција основана од земјите-членки на БРИКС, соопшти гувернерот на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати. Хемати, кој учествува на состанок на гувернерите на централните банки на земјите од БРИКС во Индија, оцени дека формирањето на Новата развојна банка е еден од најзначајните резултати од соработката во рамките на групата. Тој посочи дека соработката меѓу ...