Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Зоран Љутков, министерот за култура и туризам учествува на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид, Шпанија, една од највлијателните глобални туристички платформи, со фокус на одржливост, иновации и дигитализација. Овогодинешното издание обединува над 9.500 компании од 156 земји и повеќе од 250.000 професионалци и посетители, што ја потврдува централната улога на FITUR во светскиот туристички сектор. Во рамките на Саемот министерот Љутков се ...
Во Националниот музеј на Унгарија во Будимпешта денеска во 15.30 часот ќе биде отворена големата изложба Attila. Horizons of Memory, во чии рамки ќе бидат изложени и артефакти од Македонија. Ќе бидат претставени наоди од богатиот гроб пронајден во Таранеш, Дебарско. Изложбата ќе биде отворена за јавност од утре до 31 јули. Потоа тие ќе бидат вратени во Македонија. На изложбата ќе бидат претставени повеќе европски музеи со делови од нивните ...
Жално е што во Македонија, поготово во Скопје, немаме каде да ги прикажуваме филмовите. Освен мултиплексот „Синеплекс“, чија намена и не е ниту да прикажува типови на филмови што не се блокбастери. Ние создаваме македонска култура. Постојат два типа филмови – теоретски – филмови што забавуваат и тие што отвораат проблеми, социјални, политички и какви било. Јас лично сум повеќе фокусиран на втората група, мене не ме интересира забавата во ...
Со филмот „Мајка Мара“ во режија и главна улога на Мирјана Карановиќ, вечерва во 19 часот во „Синеплекс“ ќе биде отворено зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион. Ревијата на наградувани регионални филмови, вечерва започнува кај нас, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Од утре бесплатно ќе биде достапен избор на наградувани регионални филмови на онлајн-платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba. ...
Холивуд во 2026 година оди на сигурна карта. Наместо нови приказни, филмската индустрија се потпира на проверени хитови, носталгија и веќе познати ликови. Според најавите, дури 37 продолженија, римејкови и продолженија ќе пристигнат во кината и на стриминг-платформите во текот на годината. Како што пренесува Ultimate Classic Rock, оваа стратегија е одраз на зголемените трошоци за продукција и несигурноста на благајните, поради што студијата ...
„Трага-13 ја разгледува сликата како резултат на континуиран процес на работа. Делата се развиваат преку слоевитост, повторување и варијација, при што бојата и линијата постепено се менуваат и се надоврзуваат една на друга, создавајќи јасно структурирани површини. Во рамките на изложбата се застапени различни пристапи, од поинтензивни слоевити композиции до поедноставени и фрагментирани решенија. Практиката на Христов е фокусирана на самиот ...
Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, егејскиот дел на Македонија на 11 ноември 1941 година. Тој беше познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, каде снимал филмови за Вардар филм и Македонската Радио Телевизија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде ...
Режисерката на филмот, Косара Митиќ на денешната прес конференција , рече дека филмот „17“ раскажува еден брутален реализам, отвора некои прашања што обично се чуваат зад затворени врата не затоа што се ретки туку затоа што се многу непријатни. Митиќ истакна дека првиот импулс за да почне да го прави филмот дошол од вистински настан. Прочитав вест за девојка што отишла на апсолвентска екскурзија и се породила на граничниот премин Табановце во ...
Продуцентот Томи Салковски рече дека филмот е нетипичен за домашната кинематографија, ги отвора проблемите и дека сакале да покажат како живееме, односно дека секојдневно премолчуваме некакви работи што се случуваат. Посочи дека во програмата „Перспективи“ на годинешниот 76. Берлински филмски фестивал посебен акцент е ставен на дебитантните филмови, тоа секогаш е интенција на големите фестивали да ги поделат дебитантските филмови, да не се ...
Горан Винчиќ – Винча, еден од најбараните стенд-ап комичари во регионот, пристигнува премиерно во Македонија со своето ново самостојно шоу! Популарниот Винча оваа пролет ја освојува сцената со целосно нов материјал — за времето во кое живееме, кое е истовремено смешно и загрижувачко, за општество што се распаѓа, а се смее – и ја најавува големата регионална и европска турнеја во чии рамки новото шоу на Горан Винчиќ, „Комедијата е сериозна ...
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал – Берлинале – ја објави официјалната селекција за главната конкуренција на своето 76-то издание, кое од 12 до 22 февруари ќе се одржи во германската престолнина Берлин. За престижната награда Златна мечка ќе се натпреваруваат 22 филма од целиот свет, со силен спој на авторски филмови и продукции со големи меѓународни имиња. Годинешната селекција повторно го истакнува Берлинале како фестивал со изразен ...
Вест што ја пренеле македонските медиуми за апсолвентка која тргнала на екскурзија, се породила на Табановце, го оставила бебето во тоалетот и продолжила на екскурзија, ја вознемирила, но и ја инспирирала режисерката Косара Митиќ за нејзиното дебитантско долгометражно остварување „ 17“ , со кое ќе учествува во програмата „ Перспективи“ на Филмскиот фестивал во Берлин, следниов месец. Со Митиќ на сценариото работел и Хрватот со берлинска ...
Два концерта. Два музички света. Една сцена, најавуваат од Фејмс институтот концерти на 10 и на 17 феврурари. Добредојдовте на FAME’S Institute. Овој февруари ви претставуваме два неверојатни уметници од сосема различни светови – се на една сцена. Најпрвин запознајте го Даниел Роуланд – реномираниот виолинист од Холандија, моментален професор на Лондонскиот Royal College of Music и основач на меѓународниот музички фестивал „Штифт“, кој за вас ...
БИТЕФ, еден од најзначајните светски традиционални меѓународни театарски фестивали во Белград со децениска историја и силно европско влијание, годинава доби своја герилска паралела – „НеБИТЕФ“. Оваа неформална културна платформа се појави како реакција на институционалните компромиси, политичките притисоци и ограничувањата што, според организаторите, сè почесто ја ограничуваат уметничката слобода. На годинешниот „НеБИТЕФ“, театарот целосно ...
Семејството Вишбонови повторно се соочува со нова авантура кога Баба Рога и Краликот вампир се киднапирани од мистериозна девојка со супермоќи. За да ги спасат пријателите, тие мора повторно да се претворат во своите монструозни облици и да тргнат на опасно, но забавно патување низ светот. Во оваа шарена анимирана авантура, семејството учи дека вистинската сила лежи во заедништвото, љубовта и прифаќањето на различностите. Семејството ...
Смртта на неговата мајка го враќа Ричи Браво од неговиот дом во Италија во неговата тинејџерска спална соба. Тој е некогашна успешна поп ѕвезда, а сега ја брка својата избледена слава во зимскиот Римини. Заробен меѓу трајно опиеност и концерти за автобуси со туристи, неговиот свет почнува да се урива кога неговата возрасна ќерка влегува во неговиот живот. Таа му бара пари што ги нема. Смртта на неговата мајка го враќа Ричи Браво од неговиот ...
Зимското издание на мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион ќе се одржува од денеска (22 јануари) до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката ќе има можност да гледа шест наградени регионални филма: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o morte!“ од Игор Безиновиќ, ...
Адвокатката за кривични дела Канан го дели своето време помеѓу утрата во суд и вечерите во болничкиот кревет на нејзината мајка. На денот на рочиштето за изрекување на пресудата на осомничениот за убиство кого го брани Канан, таа мора да направи морален избор што ќе влијае на животите на нејзината мајка, судијата и обвинетиот. Адвокатката за кривични дела Канан го дели своето време помеѓу утрата во суд и вечерите во болничкиот кревет на ...
Маргарит, осамена ѕвезда во математичкиот етер на ЕНС, живее и дише равенки. Но, еден тремор го потресе нејзиниот свет, маана во самата теорема во која ја вложила својата душа. Збунета, таа го напушти ЕНС, прекинувајќи ги врските со животот што го познаваше. Чекорејќи во живописното непознато, таа најде утеха во виорот на реалниот свет. Потоа се нурнува во реалниот свет, открива автономија и играта Маџонг, се спријателува со младата Леа и ...
Кантавторот Јон Ајди го објави новиот сингл „Знај го ова засекогаш“ (Know It Always), за кој вели дека е интимна и топла песна снимена за американската издавачка куќа „Нвак колектив“. „Оваа песна ја напишав во момент кога бев вљубен и навистина се чувствував сакан. Сакав да го фатам тој миг и да го зачувам засекогаш. За мене, тоа беше и момент на редефинирање на значењето на љубовта“, вели Ајди. Песната го најавува претстојниот албум, на кој ...
Градовите Оулу во Финска и Тренчин во Словачка се Европски престолнини на културата за 2026 година. Програмата во Оулу почна во минатата недела, а отворањето во Тренчин е закажано за 13 февруари. Иницијативата е поддржана од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“. Скопје е избран за Европски престолнина на културата за 2028 година. Сместен во регионот Северна Остроботнија, Оулу ја оформил својата културна програма во соработка ...
„Снежана“ и „Војна на световите“ добија по шест номинации за Златна малина, награди со кои се одбележува најлошото во Холивуд во изминатата година. За најлош филм конкурираат и „The Electric State”, „Hurry Up Tomorrow” и „Star Trek: Section 31″. За најлош актер се номинирани Дејв Баутиста, Ајс Кјуб, Скот Иствуд, Џаред Лето и пејачот Викенд, а во женска конкуренција оскаровките Аријана ДеБосе, Натали Портман и Мишел Јео, како и Ребел Вилсон и ...
Македонскиот кантавтор со меѓународна кариера, Yon Idy, го објави својот нов сингл „Know It Always“, интимна и топла композиција што претставува јасен стилски исчекор и ново поглавје во неговиот авторски израз. Песната излегува во соработка со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што Yon продолжува да ја гради својата меѓународна приказна како прв македонски артист потпишан со ваков тип американски лејбл. „Know It Always“ е песна ...
Во издание на „Антолог“ е објавен македонскиот превод на сликовницата „Си беше еднаш на Божиќ“ од украинската писателка Надијка Гербиш, илустрирана од Јулија Пилипчатина, во превод на македонски јазик на Вера Чорниј-Мешкова, дело кое на топол и суптилен начин го носи вистинскиот дух на Божиќ и универзалните вредности на добрината, солидарноста и заедништвото. Книгата претставува прекрасна и топла бајка во која живее вистинскиот дух на еден од ...
Објект Крстиќ-Ристиќ „Пеко“ / Иван Артемушкин 1932 21.01.2026 • Информации Фотографија ХХ век / I половина Име на сопственици : Крстиќ Тевда и Bиљбиља, Ристиќ Димитрија и Mаре Kр. Оригинална адреса: ул. Kрал Петар Денешна адреса: ул. Луј Пастер бр. 3 Програма: Станбена + комерцијална Статус: Постои Досие: 161 Сигнатура: 6.1.329.43/634-670 , 6.1.307.14/95-134 Извор: Артемушкин и Скопје, Државен Архив на Република Северна Македонија – ...
На 23 (петок) и 24 јануари (сабота) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот. „Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic. Во срцето на рурална ...
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска понуда за сите возрасти. Почитувана публико, драги битолчани, Кино браќа Манаки ве поканува во нова филмска авантура. Во прилог, неделната филмска програма за сите вкусови. Влезници за сите проекции по цена од 150 денари може да набавите на 1 час пред самата проекција. И во оваа година го овозможуваме семејниот пакет, кој ви овозможува за купени 3 , да добиете 4 -та ...
Новиот македонски долгометражен игран филм 17, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој годинава го одржува своето 76-то издание. Како што информира Црна Мачка Продукција, филмот „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од вкупно 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе се одржи денеска во „Мака бар“ во Скопје. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник. Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски – гитара, Оливер Јосифовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. Влезот е слободен. рп/лв/ Фото: Скопски џез-фестивал Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - ...
Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска радио и тв водителка. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски ...