Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил нов пристап за проширувањето на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добиле статус на „набљудувачи“ во институциите на ЕУ, додека Украина би станала „придружена членка“ без право на глас. Во писмо испратено до лидерите на ЕУ, Мерц наведува дека процесот на проширување трае предолго и создава фрустрации кај земјите кандидати. За Западен Балкан и Молдавија, тој предлага ...
Иран тајно погубил четворица мажи – двајца курдски политички активисти и двајца државјани на Ирак – без да ги извести нивните семејства и без последни посети, јавува организацијата за човекови права Hengaw. Активистите Рамин Зале и Карим Маруфпур биле погубени во затвор во северозападен Иран, а властите тврдат дека биле осудени за „оружана побуна“ и „обид за атентат“. Организациите за човекови права, пак, наведуваат дека процесите биле ...
Албанските студенти најавија организирање протест на 26 мај на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, во знак на солидарност со албанските студенти од Македонија, за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, јавуваат медиумите во Албанија. Според најавата, собирот ќе започне во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш кон Амбасадата на Македонија во Тирана. Организаторите за слоган го избрале „Албанија е со ...
Астролозите најавуваат среќен период од 5 јуни за четири хороскопски знаци: Бик, Рак, Шкорпија и Јарец, со различни промени во финансии, емоции и кариера. Бик добива финансиска стабилност и можен ненадеен прилив на пари околу 11 јуни, но се советува внимателност при потпишување договори. Рак наоѓа емоционален мир, а околу 15 јуни можно е важна поддршка од партнер или личност од минатото. Шкорпија добива признание на работа и нови можности од ...
Црна Гора одбележува 20 години од референдумот во 2006 година, кога со 55,5 проценти од гласовите ја обнови државната независност, додека 44,5 отсто гласаа за останување во заедничка држава со Србија. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека референдумот бил само прв чекор во градењето на државата и дека денес Црна Гора ја зацврстува независноста и се движи кон европска интеграција. Тој порача дека државата не ја прават големината или војската, ...
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле „непрофесионално и паушално“ во случајот „Мазут“. Милошоски рече дека јавноста е сведок дека постои „официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата“. Тој изјави дека ...
Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четврток наутро. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews. Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Како мерка на ...
Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи. Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра. Сега, СДС нека се договори – дали парите кои се ...
Евроинтеграцијата на Северна Македонија зависи од спроведувањето на Европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите од страна на Северна Македонија за заобиколување или предоговарање на условите. Министерството за надворешни работи (МНР) преку мрежата на дипломатски претставништва на Бугарија во земјите членки на ЕУ и во Скопје вложува активни напори за да не дозволи било какво отстапување, ...
Кога станува збор за губење на тежината – процесот генерално мора да биде одржлив за да биде успешен. Се наоѓаме во тој дел од годината кога многу луѓе работат на губење на неколку килограми. Сепак, има и многумина кои го започнуваат овој процес со премногу оптоварување, промени, жртви… а конечниот резултат недостасува затоа што – се откажуваат. Големите и ненадејни промени обично резултираат со брзо губење на мотивацијата и откажување. И ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: -во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата 31, 102 и 103 во Волково, општина Ѓорче Петров; – во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат, општина Петровец. Текстот Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека ...
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска, од 21 до 22 мај 2026 година. Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената ...
Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до ...
„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра“, велат од СДСМ. „Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот што ...
Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието. Овој Кански филмски фестивал, кој трае до 23 мај, не е комплетен без највлијателната српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ, која објави серија фотографии од своите модни изданија на Инстаграм и покажа некои од, како што се очекуваше, внимателно одбраните и стилизирани комбинации. View this post on ...
Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва годишнина. Нејзините песни, автентичен звук и органски прецизниот бенд во мај и јуни 2026 пристигнуваат во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана — еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на NightShifts ...
По медиумските извештаи дека Володимир Зеленски сепак нема да ја посети Србија, Кабинетот на претседателот на Украина објави дека патувањето ќе се одржи на подоцнежен датум. Информацијата ја потврди Дмитро Литвин, советник за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Беше одлучено дека други датуми би биле посоодветни, додека Качка засега ќе патува таму за да подготви терен за одредени прашања“, рече Литвин како одговор на ...
Велика Британија одобри нова помош за развој во вредност до 20 милиони фунти за справување со епидемијата на ебола во источна Демократска Република Конго, соопшти Министерството за надворешни работи во четврток. Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги проценува ризиците од внесување на ебола од патници од погодените области и активираше програма за заштита и следење на здравјето на луѓето што патуваат од Велика Британија ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четврток се закани дека ќе ги поништи визите за палестинската делегација во Обединетите нации доколку амбасадорот Ријад Мансур не ја повлече својата кандидатура за потпретседател на Генералното собрание, дознава Ројтерс од интерен меморандум на Стејт департментот. „Би било жално ако мораме да ги преиспитаме нашите опции“, се вели во меморандумот, осврнувајќи се на повлекувањето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека Соединетите Американски Држави „ја ослободуваат Куба“, нагласувајќи дека Вашингтон мора „да му помогне на кубанскиот народ“. „Куба е земја што се урива, не знам што ги чека. Размислуваме за Куба“, рече Трамп, но додаде и дека нема да има ескалација во ова прашање, откако обвинението против поранешниот претседател на таа земја, Раул Кастро, беше поднесено порано денес во САД, пренесува ...
Одлуката на Соединетите Американски Држави да повлечат околу 5.000 војници од Германија нема никакво влијание врз способноста на НАТО да се одбрани, изјави денес во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. „Знаеме дека ќе има прилагодувања, но тоа ќе се прави постепено и на структуриран начин“, изјави Марк Руте пред новинарите. Тој спомена дека наскоро би можеле да бидат претставени „Модел на сили“, збир на воени сили достапни ...
Украина ќе испрати засилување во северните региони на земјата и ќе го зголеми притисокот врз Белорусија со цел да се спротивстави на руските планови за започнување нова офанзива северно од Киев, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Детално ги анализиравме информациите достапни од нашите разузнавачки агенции за руското планирање на офанзивни операции во правец Чернигов-Киев. Нашите сили во овој сектор ќе бидат зајакнати“, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара извинување од Израел за третманот на италијанските активисти уапсени за време на пресретнувањето на флотилата со хуманитарна помош за Газа. Израелските одбранбени сили во неделата пресретнаа флотила од околу 50 бродови, користејќи гумени куршуми, се качија на бродовите и приведоа околу 400 активисти од 40 земји, кои потоа беа однесени во Израел. Мелони објави во средата дека министерот за ...
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави во средата висок функционер на администрацијата на Трамп, а овој потег означува ескалација на кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на карипскиот остров, пренесуваат светските медиуми. Обвинението доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок за промена на режимот на Куба, каде што комунистите на Кастро се на ...
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата. Во разговорот, Филипче се осврна на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека обвинувањата на Русија дека балтичките земји го отвораат својот воздушен простор за украински беспилотни летала да ја нападнат Русија се бесмислени. „Ако беспилотните летала доаѓаат од Украина, тие не се таму затоа што Украина сакала да испрати беспилотно летало во Латвија, Литванија или Естонија. Тие се таму поради неодговорниот, нелегален и тотален напад на Русија“, изјави Руте ...
Владите на земјите од Европската Унија ја разгледуваат можноста поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, да ја претставуваат ЕУ во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објави денес британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Бидејќи Соединетите Американски Држави не успеваат да преговараат со Владимир Путин, ...
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Северна Македонија. Овие средства ги добија сите земји кандидати во регионот како дел од Планот за раст за Западен Балкан, освен Србија. Зошто Србија не ги доби? Затоа што сестринската партија на ВМРО – СНС на Вучиќ – со години ги блокира реформите. Не ја спроведоа реформата на правосудството, туку воведоа закони во целосна спротивност со препораките на ЕУ, велат од СДСМ. Според ...
Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.(општина Центар) Текстот Утре прекинато водоснабдување на дел од улицата „Дане Крапчев 26“ е превземен од МАКФАКС. Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато ...