Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Директорот на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, д-р спец. Ерзен Елези, на 20 мај одржа официјална работна средба со бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков и неговиот заменик Владимир Христов, на која беа разгледани можностите за воспоставување институционална соработка и реализација на заеднички проекти во областа на здравството, објави на својот Facebook профил д-р Елези. Фокусот на средбата беше иницијативата за отворање современ Центар за ...
Претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, на панел-дискусија организирана од медиумската мрежа „Политико“ изјави дека европската интеграција е стратешки приоритет на Србија, нагласувајќи дека земјата успешно се справува со глобалните економски предизвици предизвикани од конфликтите во Европа. Брнабиќ нагласи дека во првиот квартал од 2026 година, Србија постигнала раст на БДП од три проценти, што претставува ...
Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби. „Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку на ...
Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда. На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел ...
Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денес оствари одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата, министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...
Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на ...
Времето утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со ...
Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати, оценуваат од „Вреди“. Европската комисија, додават од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Михаел Лидерс, заменик-претседател на германската партија Сара Вагенкнехт – За разум и правда и експерт за Блискиот Исток, остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, обвинувајќи го дека нема разбирање за дипломатијата и дека дејствува со двојни стандарди во големите меѓународни кризи. „Самопрогласениот канцелар за надворешни работи Фридрих Мерц не разбира ништо од дипломатијата“, рече Лидерс во интервју за „Берлинер Цајтунг“, ...
Центар за дневна грижа за деца и млади со попреченост до 26 години беше отворен во Скопје во присуство на претседателката на државата Гордана Сиљановска, донаторите – амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија Желјазко Радуков, претставници на Светската банка и фондацијата „Мехаџиски“, јавува БТА, пренесува Трибуна. Центарот е прв од таков вид во Северна Македонија. Изградбата на центарот, кој се наоѓа во скопската општина Ѓорче Петров, е ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека европските политичари кои јавно го критикуваат за разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, во исто време се зад затворени врати обидувајќи се да дознаат што рекол рускиот лидер. Фицо оцени дека таквото однесување е доказ за лицемерие во европската политика, наведувајќи дека јавно секој обид за дијалог со Москва е осуден, додека во приватните разговори се покажува голем интерес за ставот на ...
На денешниот брифинг со претставниците на медиумите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, се осврна на актуелните состојби, реформските процеси и идните приоритети на Фондот, при што ја информираше јавноста и за одлуката на Владата со која е именуван за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат. Во своето обраќање, директорот Клековски истакна дека укажаната доверба претставува голема ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот ...
Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот. Општина Битола денеска организираше настан на кој се обрати градоначалникот Тони Коњановски, а беше присутен и претседателот на Советот Бојан ...
Британската влада денес ја објави првата серија документи за назначувањето на Ендру Маунтбатен-Виндзор за специјален трговски претставник во 2001 година, за време на владата на Тони Блер. По објавувањето следеше парламентарна постапка со која се одложи презентацијата на документите до раните попладневни часови. Утрово, на либералните демократи им беше доделено „итно прашање“ на оваа тема, што ќе го принуди министерот за економија и трговија ...
СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче, кој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседава Сања Лукаревска од СДСМ. „Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“ упати повик до власта за заедничко носење на уставните измени. Филипче истакна дека во наредниот период во посета на земјата ќе дојде претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и дека Европската Унија повторно го става проширувањето високо на својата приоритетна агенда. Тој посочи дека веќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид се обрати на настан по повод 10-годишниот јубилеј на германската компанија „Костал“ во земјата, оценувајќи дека станува збор за една од најзначајните странски инвестиции во Македонија. Мицкоски истакна дека „Костал“ е „приказна за успех“ која значајно придонесува за македонската економија и БДП, посочувајќи дека компанијата во изминатата деценија изградила силно присуство во Охрид и вработува повеќе од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил нов пристап за проширувањето на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добиле статус на „набљудувачи“ во институциите на ЕУ, додека Украина би станала „придружена членка“ без право на глас. Во писмо испратено до лидерите на ЕУ, Мерц наведува дека процесот на проширување трае предолго и создава фрустрации кај земјите кандидати. За Западен Балкан и Молдавија, тој предлага ...
Иран тајно погубил четворица мажи – двајца курдски политички активисти и двајца државјани на Ирак – без да ги извести нивните семејства и без последни посети, јавува организацијата за човекови права Hengaw. Активистите Рамин Зале и Карим Маруфпур биле погубени во затвор во северозападен Иран, а властите тврдат дека биле осудени за „оружана побуна“ и „обид за атентат“. Организациите за човекови права, пак, наведуваат дека процесите биле ...
Албанските студенти најавија организирање протест на 26 мај на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, во знак на солидарност со албанските студенти од Македонија, за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, јавуваат медиумите во Албанија. Според најавата, собирот ќе започне во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш кон Амбасадата на Македонија во Тирана. Организаторите за слоган го избрале „Албанија е со ...
Астролозите најавуваат среќен период од 5 јуни за четири хороскопски знаци: Бик, Рак, Шкорпија и Јарец, со различни промени во финансии, емоции и кариера. Бик добива финансиска стабилност и можен ненадеен прилив на пари околу 11 јуни, но се советува внимателност при потпишување договори. Рак наоѓа емоционален мир, а околу 15 јуни можно е важна поддршка од партнер или личност од минатото. Шкорпија добива признание на работа и нови можности од ...
Црна Гора одбележува 20 години од референдумот во 2006 година, кога со 55,5 проценти од гласовите ја обнови државната независност, додека 44,5 отсто гласаа за останување во заедничка држава со Србија. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека референдумот бил само прв чекор во градењето на државата и дека денес Црна Гора ја зацврстува независноста и се движи кон европска интеграција. Тој порача дека државата не ја прават големината или војската, ...
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција изјави дека приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле „непрофесионално и паушално“ во случајот „Мазут“. Милошоски рече дека јавноста е сведок дека постои „официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата“. Тој изјави дека ...
Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четврток наутро. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews. Потресот бил почувствуван низ целата област на Неапол, а многу жители се огласиле на социјалните мрежи. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Како мерка на ...
Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи. Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра. Сега, СДС нека се договори – дали парите кои се ...
Евроинтеграцијата на Северна Македонија зависи од спроведувањето на Европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите од страна на Северна Македонија за заобиколување или предоговарање на условите. Министерството за надворешни работи (МНР) преку мрежата на дипломатски претставништва на Бугарија во земјите членки на ЕУ и во Скопје вложува активни напори за да не дозволи било какво отстапување, ...