Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Здравствените власти во Шпанија објавија дека до крајот на 2025 година се потврдени 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки поврзан со импланти за гради, ретка форма на малигнитет поврзан со овој вид медицински имплант. Според податоците на Шпанската агенција за лекови и медицински производи (Aemps), од 2012 година, кога е воспоставен системот за следење на оваа здравствена состојба, примени се вкупно 146 пријави за сомневање за ...
Познатиот американски режисер Квентин Тарантино упати една од најострите критики кон денешната филмска индустрија, оценувајќи дека повеќето нови холивудски продукции страдаат од лош кастинг, ласкање од публиката и недостаток на креативност. Во авторски текст за британското филмско списание „Sight & Sound“, добитникот на Оскар изјави дека е речиси невозможно денес да гледа нов филм без да забележи бројни недостатоци. „Грешките во ...
Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Секој од нас има право да биде сигурен дека храната што ја купува и јаде е безбедна. Токму таа доверба е најголемата одговорност што ја носиме како институција, порача директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, на настанот по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, и 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната. Како што истакна ...
По серијата неправилности откриени кај млечните производи, јавноста деновиве се соочува со нов скандал, овој пат поврзан со сувомесните производи, што дополнително ја разниша довербата на потрошувачите. Контролите покажале уште посериозни отстапувања отколку кај млечните производи, при што биле утврдени значителни разлики меѓу декларираниот и реалниот состав на дел од производите што се продаваат на пазарот. Според резултатите од анализите, ...
Проблемот со бездомните кучиња е комплексен општествен, институционален и законски предизвик што бара системски пристап, соработка и долгорочна стратегија. Токму поради тоа, јавното претпријатие „Лајка“, утре, од 12:00 до 16:00 часот, во Град Скопје, организира панел-дискусија на тема „Систем, закони и реалност: Справување со уличната популација на кучиња“. –Сметаме дека е исклучително важно да се отвори простор за сериозна, стручна и ...
Општина Кисела Вода континуирано вложува во создавање на современи услови во училиштата, преку редовни инфраструктурни подобрувања и модернизација на објектите. Оттаму велат дека во изминативе неколку месеци се работело на повеќе градежни зафати, реконструкции и набавка на опрема, со единствена цел да се унапреди квалитетот на наставата за секој ученик. -Во ООУ „Партенија Зографски“ се реализираше темелна реконструкција на санитарните јазли, ...
Во голема меѓународна полициска операција, предводена од Франција со силна поддршка од Шпанија и Европол, успешно е демонтиран високософистициран објект за фалсификување документи во Аликанте. Операцијата, која беше изведена кон крајот на мај, им нанесе сериозен удар на организираните криминални групи вклучени во шверцувањето мигранти во Европската Унија (ЕУ). Операциите спроведени на 27 мај резултираа со апсење на едно лице и запленување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша прекинот на огнот на Блискиот Исток како „поумерено пукање“. Трамп синоќа одговараше на прашање од новинарите за да го дефинира прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, објави Скај њуз. „Во тој дел од светот, прекин на огнот е кога се пука поумерено“, рече Трамп. Либанските државни медиуми објавија дека израелски беспилотни летала извршиле повеќекратни напади на различни локации на југот на ...
Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. За ...
Од „Реформите напредуваат и се исполнуваат обврските“ до „реформите стагнираат и напредокот е недоволен“… Вакви контрадикторни оценки од страна на најразлични европски претставници и тела доаѓаат деновиве во однос на состојбата во Македонија за тоа како се работи за исполнувањето на нејзините обврски на евроинтегративниот пат. Кулминација на меѓусебно различни оценки и ставови на претставниците на ЕУ се случува деновиве по разни поводи. Па ...
Под влијание на циклонска активност времето денеска до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во ...
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот, како што информираат ...
Најуспешните и најинспиративните личности од македонската естрада продефилираа на црвениот тепих на „Лазаров авардс“, кој годинава се одржа по втор пат. Во четиричасовната програма, беа доделени признанија на поединци и на проекти кои во изминатиот период оставија значаен белег во спортот, музиката, културата, дигиталниот простор и во јавниот живот. Еден од највпечатливите моменти беше посветен на хуманитарната иницијатива „Нешто добро од ...
Пејачката Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена. Таа го објави синглот „Драма квин“, кој е и прва песна од нејзиниот студиски албум „Кукла жива”. Она што е интересно е дека проектот е првиот визуелен албум создаден во Македонија. Песната е потпишана од Коста Петров и од самата Тамара, а аранжманот е на Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор – што зборува за амбицијата и размерот на проектот. ...
Проф. д-р хаб. Маќеј Кавка, истакнат полски лингвист, славист и македонист, текстлингвист и истражувач на дискурсот и медиумската комуникација од 1976 година па сè до денес, е добитник на годинашното „Почесно Рациново признание за 2026“, кое ќе му биде врачено на свеченото затворање на 63. „Рацинови средби“ на 16 јуни, во Велес. Според проф. д-р Весна Мојсова-Чипишевска, неговото научно дело, создавано повеќе децении, претставува значаен ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, на 5 јуни, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, а во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на ...
По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар, на 5 јуни, ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска. Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за ...
Со настап на виртуозот на балафон, Ласана Диабате, почна 25. издание на „Оффест“, фестивалот на музиката од светот. Тој, иако настапи соло, со нежните звуци на својот балафон ја однесе публиката на едно смирено и тивко речиси хипнотичко патување за што доби силен аплауз од присутните во салата. Следуваше домородната група БЦУЦ која потекнува од Совето во Јужна Африка, која во вториот дел од вечерта со нумерите во кои доминираа моќните вокали ...
Одлуката на Уставниот суд за укинување на ДУП-от во Карпош е само продолжение на практиката на носење урбанистички планови со сериозни процедурни и суштински недостатоци и повторно го отвора прашањето за квалитетот, законитоста и за транспарентноста на урбанистичкото планирање во државата. Ова не е првпат Уставниот суд да интервенира во областа на урбанизмот. Во изминатите години, Судот постапуваше по повеќе иницијативи поврзани со детални ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ја започнува третата фаза од имплементацијата на проектот е-Фактура, со што на деловните субјекти им овозможува пристап до веб-апликација за тестирање на системот за електронска размена на фактури. Како што информираат од УЈП, новата фаза претставува значаен чекор во подготовките за идната примена на системот, овозможувајќи им на компаниите практична тест-околина за креирање, испраќање, прифаќање, одбивање и ...
Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...
Забрзаниот развој на криптосредствата и дигиталните пари отвора ново поглавје во глобалниот финансиски систем, но истовремено наметнува сериозни предизвици за финансиската стабилност, монетарната политика и регулаторните институции. Ова беше една од клучните пораки што ги упати гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на Регионалниот семинар „Криптосредства и дигитални пари“ во Приштина. На собирот, на кој учествуваа гувернери, ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска ги додели решенијата за субвенции за набавка на велосипеди. –Овие субвенции не се само финансиска помош за набавка на велосипед. Тие се инвестиција во поздрав животен стил, почиста животна средина и подобра иднина за нашата општина. Секој нов велосипед на улиците значи помалку загадување, помал сообраќаен метеж и повеќе грижа за здравјето на нашите граѓани. Како локална ...
Основното училиште „Лазо Трповски“ ја доби првата награда за најубав училиштен екодвор на натпревар меѓу општинските основни училишта кој по шести пат се реализираше во рамки на Програмата за образование на Општина Карпош.Како награда, училиштето доби 70.000 денари. Второто место и наградата од 50.000 денари ја поделија ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“, додека третата награда од 30.000 денари им припадна на учениците од ООУ ...
Кисела Вода го до бива својот прв детски фестивал „Киселко“, кој ќе се одржи в сабота, во 13:00 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, во организација на Општината. Децата учесници на фестивалот веќе ја одржаа и генералната проба на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. На фестивалот премиерно ќе прозвучат 13 нови детски песнички. – Со овој настан, Општина Кисела Вода отвора ново ...
Скопјанка до редакцијата на весникот ВЕЧЕР се пожали дека се згрозила од глетката при посета на Македонската филхармонија каде што се одржувал концерт на познати странски изведувачи. „Подземниот премин редовно е затрупан со ѓубре, со остатоци од храна, а во четвртокот минатата недела, освен што имаше отпадоци, капак на сè беа фекалиите кои беа размачкани во преминот пред скалите. Беше многу грдо и недостоинствено. Се прашувам каков впечаток ...
Еден тинејџер е убиен, а три лица се ранети во пукотница што се случила по церемонијата на матура во средно училиште во градот Ферфилд, северно од Сан Франциско. Локалната полиција реагирала на повикот за помош околу 19 часот и 15 минути по локално време, откако во станицата пристигнала дојава за истрели на училишниот паркинг. Меѓу ранетите во престрелката има и едно 11-годишно дете, како и двајца помлади мажи на возраст од 20 и 25 години, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, изјави дека има големи очекувања од самитот во Тиват. „Се надеваме дека ќе има најава за некаква промена во методологијата, но мора да работиме напорно, и затоа е формиран тим предводен од Данијела Апостоловиќ и работи секој ден. Исто така, се надевам дека Кошта ги разбира нашите фрустрации што не сме отвориле ниту еден кластер пет години, ...
Урбани скверови ќе се градат на три локации во Куманово. За таа цел, на последната седница на Советот на Општина Куманово со ребалансот на буџетот беа одвоени 9, 5 милиони денари за уредување на овие простори. – Едната локација е на големиот Градски плоштад, поранешен угостителски објекти, втората спроти Комитет, исто така, поранешен угостителски објект и уште една кај „11 Октомври“ – изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим ...
Како и секоја година, така и годинава, Општина Гостивар ќе организира Летна школа, успешен проект што се реализира веќе петта година по ред, со цел децата да бидат ангажирани во текот на летните месеци. – Имајќи предвид дека во овој период во државава престојуваат и децата на иселениците, за нив ќе бидат организирани и курсеви по мајчин јазик – соопштија од Општина Гостивар. Оттаму додаваат дека Летната школа ќе ги опфати следните предмети и ...