Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица, од Света Гора, в сабота, пристигнува во Штип. Со векови почитуваната Владичица, Пресвета Богородица, првпат ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. Се очекува масовно присуство на верници кои ќе ја пречекаат иконата и ќе бидат дел од свечената литија низ штипските улици. По литијата, иконата ќе биде сместена во црквата „Свети Димитриј“, во штипско Ново Село, каде што ...
Теренските истражувања на биолошката разновидност ги спроведува МЕД, во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Според нив, овие истражувања даваат важни податоци за состојбата на екосистемите, кои се под зголемен притисок од климатските промени и човековите влијанија, но и овозможуваат континуирано следење на ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. -Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. ...
Одбраната на Стефан Богоев ја оцени како неочекувана одлуката на скопскиот Основен кривичен да му определи 30-дневен притвор во рамки на истрагата што ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за сомнежи за злоупотреби во постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија. По распитот пред судија на претходна постапка, адвокатката на Богоев, Сања Алексиќ, изјави дека станува збор за предмет од финансиска природа и дека, ...
Во својата континуирана мисија за масовна промоција на олимпизмот и негување на спортските вредности ширум државата, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) успешно ја организираше спортската манифестација „Олимписки ден“. Овој значаен настан, кој е дел од стратешката програма на МОК за инспирирање на младите кон активен начин на живот, се реализираше со огромна поддршка и во директна соработка со Општина Кичево и основното училиште „Кузман ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје, од 5 до 7 јуни, ќе се одржи четвртото издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност — „Стрип Трип“. Главен гостин на „Стрип Трип“ 2026 е Бобан Пешов, италијански илустратор со потекло од Македонија, актуелен со графичката новела „C’era una volta l’Est“ / „Беше еднаш на Истокот“. Делото е добитник на повеќе признанија, меѓу кои наградата „Gran Guinigi“ на фестивалот Лука Комикс и наградата ...
Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која ја доби поддршката од мнозинството членови на ДПМ присутни на редовното изборно Собранието кое се одржа неодамна при што беше избрано ново раководство. За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета ...
До крајот на годинава не се предвидува издавање нова еврообврзница, а сите планирани активности за обезбедување средства за отплата на доспеаните обврски се реализирани согласно со буџетските проекции, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во телевизиско интервју. Неодамна е целосно исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вредност од 700 милиони евра, а според министерката, финансиските потреби предвидени ...
Советот на Европската Унија донесе одлука за започнување на процес на преговори со земјите од Западен Балкан за проширување на режимот „Роаминг како дома“, што претставува значаен чекор кон дигитална интеграција на регионот со единствениот европски пазар. Во процесот се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, чии граѓани во иднина би можеле да користат мобилни услуги во Европската Унија без дополнителни трошоци, ...
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година, градежниот сектор и натаму има значајна улога во вкупните економски движења, додека реализацијата на патната и железничката инфраструктура останува меѓу приоритетите на Владата во насока на забрзување на развојот и подобрување на условите за стопанството Градежниот сектор продолжува да биде еден од главните носители на економскиот пораст во ...
Четири мигранти кои работеле како берачи на овошје во услови слични на ропство во јужна Италија биле запалени до смрт во грозоморен случај на убиство што повторно ја разгоре националната истрага за експлоатација на работниците. Мигрантите биле пронајдени во понеделник во изгорено комбе паркирано на бензинска пумпа во Амендолара, во јужниот регион Калабрија, објави Ројтерс. Нападот бил снимен со камери за надзор на станицата, а двајца ...
Неколку лица загинаа денес, во пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром Медулин во Хрватска, а околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, објавија хрватските медиуми. Според искусниот пилот Нијаз Делиќ, авионот од непознати причини се вртил спирално за време на приближувањето кон аеродромот и се урнал во областа во близина на депонијата Каштијун. Авионот се урнал во областа Кампанож, објавува „Јутарњи.хр“. Пилотот Делиќ вели ...
Во текот на 2025 година во земјава се склучени 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1% во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, бројот на разводи бележи сериозен раст од 8,0% во споредба со претходната година и изнесува вкупно 2.185 разведени бракови. Според месечната дистрибуција, граѓаните најчесто судбоносното „да“ го кажувале во август каде се склучени ...
Повеќе од 20.000 посетители и преку 5.000 мотоциклисти од земјава и од странство очекуваат организаторите на осмото меѓународно издание на мотофестивал што ќе се одржи од 12 до 14 јуни на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово. Од мотоклубот „Мечки“ информираа дека подготовките за фестивалот се во завршна фаза и најавија дека годинашнава програма ќе биде најбогата досега. Столе Јакимовски, потпретседател и член на мотоклубот, изјави дека, ...
Од изјавите на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“ граѓаните слушнаа признание дека во највисоките државни кругови се разговарало за прашања кои треба да бидат исклучиво во доменот на независните институции и владеењето на правото, оцени денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Партискиот портпарол Никола Мемов на прес-конференцијата рече дека тоа е сведоштво на поранешен шеф на државата за ...
Убедливиот пораз на фудбалската репрезентација на Македонија, на гостувањето во Турција, е тема на интерес и во Босна и Херцеговина. Избраниците на Гоце Седлоски, во понеделникот, одиграа пријателски натпревар во Истанбул кој го завршија со убедлив пораз од 4:0. „Црвено-жолтите“ не знаат за победа на последните осум натпревари, а на последните четири примија осум погодоци и не постигнаа ниту еден. Дуелот против Турција привлече внимание и во ...
Припадникот на српските вооружени сили, виш водник Милован Јовановиќ (36), почина од последиците од повредите здобиени откако ракета паднала врз базата на Обединетите нации (ОН) во Либан, каде што бил ангажиран како дел од мировна мисија, соопшти српското Министерство за одбрана. На постариот водник Милован Јовановиќ му била укажана итна медицинска помош во болницата во базата откако бил ранет, а потоа префрлен со хеликоптер во ...
Неколку лица загинаа во пад на мал авион во четврток околу 11:20 часот во близина на Медулин, потврди истарската полиција, а неофицијално се знае дека четири лица загинале, додека по две лица сè уште се трага. Според моментално достапните информации, полицијата добила пријава за пад на мал авион во областа Кампанож, помеѓу Каштијун и Медулин околу 11:20 часот и сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот. „Во моментов, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе оди во Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан и покрај предупредувањето на БИА дека неговиот живот е во опасност, и нагласи дека е важно за него да ја претставува Србија таму, и дека ќе „каже сè што има“ во Тиват. – Што се однесува до Безбедносната и информативна агенција, добив писмо, го прочитав, одам во Црна Гора и многу ми е важно да ја претставувам Србија, така да сè е нормално – рече ...
Скопје стана центар на нова регионална иницијатива која има амбиција да го стави спортот во служба на дипломатијата, економскиот развој и поврзувањето на земјите од Западен Балкан. На иницијатива на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во Скопје е формиран Регионален хаб за спортска дипломатија, прва ваква формална платформа во регионот која ќе ги обединува националните олимписки комитети, спортските институции и партнерските организации во ...
На пет члена од единицата одговорна за заштита на британското кралско семејство им е забрането да работат во кралските резиденции по внатрешна истрага за несоодветно однесување во Кенсингтонската палата, објавија британските медиуми. Метрополитенската полиција истражуваше обвинувања против пет службеници од Единицата за кралска заштита и посебна заштита поради коментари дадени помеѓу август 2023 и септември 2024 година. Меѓу контроверзните ...
Кувајтските власти го обвинија Иран за напад врз меѓународен аеродром во земјата, што е првиот смртоносен инцидент откако стапи во сила прекинот на огнот, кој во последните денови беше сериозно поткопан од обновените напади на Техеран и Вашингтон во Персискиот Залив. Според официјалните информации, едно лице е убиено, а 63 се повредени во напад со беспилотни летала во среда. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) ги отфрли ...
Скопското пост-панк трио „Мај тиар“ (My Tear) го објави својот најнов сингл „Сонцето грее само над облаците“, прво издание во новата постава на бендот, која покрај Дени Крстев (вокал и гитара) ја сочинуваат и Антони Анев (Преку Ред) на бас и вокал и Иван Димишков (Димиш) на тапани. Песната е најава за истоимениот трет албум на бендот, кој треба да биде објавен до крајот на наредната година. Музиката и текстот ги потпишува Дени Крстев, додека ...
Елон Маск би можел да стане првиот човек во светот што ќе стане билионер ако неговата компанија за вселенски истражувања SpaceX стане јавна и ги исполни проценките на аналитичарите на Morgan Stanley. Според нивната анализа, SpaceX би можел да достигне пазарна вредност од околу 1 трилион долари во иднина, што, во комбинација со другите инвестиции на Маск, би можело да доведе до неговиот финансиски рекорд на сите времиња. Извештајот го објави ...
Протестите во Албанија поради планираната изградба на луксузен туристички комплекс, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, секојдневно собираат сè повеќе луѓе. Демонстрантите ја отфрлија понудата на премиерот Еди Рама за разговори, додека еколошките организации тврдат дека работата веќе е започната во заштитената крајбрежна зона. Илјадници граѓани протестираа на улиците на Тирана трет ден по ред, а некои ...
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Иако ревизорите дале позитивно мислење за финансиските извештаи, за усогласеноста со законите и прописите изразиле мислење со резерва поради низа утврдени пропусти. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила ...
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен за големи промени ова лето, откако и официјално беше ставен крај на соработката со трофејниот холандски стручњак, Арне Слот. Холанѓанецот, кој го предводеше Ливерпул до титулата во Премиер лигата во својата прва сезона, не ги исполни големите очекувања во својата втора сезона и затоа доби отказ пред неколку дена. Раководните лица на „црвените“ решија да не губат многу време во потрагата по неговиот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на својот Инстаграм профил дека не е исплашен ниту фасциниран од заканите, откако БИА го советуваше да не патува во Црна Гора поради, како што наведоа, информациите дека таму е водачот на кланот Кавач, Радоје Звицер. „Отстранете ја главата на Вучиќ – не сум исплашен ниту фасциниран од заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште ...
Пожарот што избувна утрово во зградата на пакистанската амбасада во Дедиње беше изгаснат по интервенцијата на противпожарните екипи. Пожарот избувна околу 8:30 часот на горниот кат од пакистанската амбасада во Белград. Пожарот зафатил дел од покривот, а пламените јазици излегувале од прозорците. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Сè уште не е познато дали има повредени. Три противпожарни екипи беа на ...
Според Nova.rs, група српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале да организираат неколку собири во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват, со цел да создадат впечаток дека српскиот претседател ужива силна поддршка од граѓаните на Црна Гора. Додека црногорската полиција наведува дека кај патниците биле пронајдени транспаренти со натпис „Србија победува“, комуникациски уреди и дека ги чекале ...