Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Финскиот претседател Александар Стуб предложи прилично амбициозна идеја за идното проширување на Европската Унија, велејќи дека блокот од 27 члена мора да „размислува надвор од рамката“ и да го искористи сегашниот геополитички момент за да го зајакне своето глобално влијание. Неговите пораки доаѓаат во време на зголемени тензии, во кои политиките на администрацијата на Доналд Трамп, во комбинација со војната во Русија и Украина, ги ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за „Известија“ дека преговорите со САД за решение за Украина се во маѓепсан круг од кој нема излез. Според него, Западот долго време води политика на ограничување на Русија, со крајна цел да ја ослабне и подели. Лавров тврди дека Западот се обидува да ги оддалечи соседните земји од соработката со Русија и да ги вклучи во, како што ги нарече, опасни геополитички игри. Додаде дека ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводен криминал и корупција поврзани со Царинската управа во времето кога со неа раководеше Стефан Богоев. Според партиските информации добиени од свиркачи, поранешниот директор на Царина ја договарал сумата за местење на јавната набавка во директна комуникација со претставник на фирмата која го добила договорот. „Митото од 2.000 евра ...
Најмладите, в понеделник, во Општина Ново Село, со своите родители ќе имаат можност да се качат на балон на топол воздух, кој ден претходно ќе лета од манастирот „Свети Ѓоргиј“ до стадионот кај спортската сала во Ново Село. Таму балонот ќе биде фиксиран со сајли, со кои ќе се дозволува подигање до дваесетина метри и панорамски преглед на општинскиот центар. Предност ќе имаат учениците од општината со своите родители. Тие први ќе ја имаат ...
Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕСОСОК) за периодот 2027–2029 година, со поддршка од 174 држави членки, што во дипломатските кругови се оценува како значаен исчекор и потврда за зголемената меѓународна доверба во земјата. Со ова членство, државата за првпат по независноста добива позиција во едно од шесте главни тела на ОН, кое има клучна улога во координацијата на глобалните економски и ...
Да се забрза процесот на проширувањето, тој да биде повидлив и стратешки значаен бидејќи Европската Унија нема да биде комплетна без западнобалканските земји, а сега е момент за тоа, е пораката која денеска беше пратена на почетокот на работата на самитот ЕУ – Западен Балкан во црногорскиот приморски град Тиват. На форумот на кој присуствуваат водечките функционери на ЕУ – претседателот на ЕС Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула фон ...
За неполни две години направивме многу во спортската инфраструктура и тоа мене како поранешен спортист и сега како спортски функционер ме прави особено горд – истакна министерот за спорт Борко Ристовски во интервјуто за Радио Лидер во кое зборуваше на повеќе теми поврзани со работата на Министерството за спорт во изминатите две години, реализираните проекти, како и за плановите и проектите што се во најава. -Резултатите се единствено мерило ...
Денеска во Скопје се одржа Самитот за родова еднаквост во спортот, на кој беа презентирани резултатите од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), здружението „Sport Social Solutions“ и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а е реализиран со финансиска поддршка од ...
Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во Прилеп, во 19 часот со изложбата – 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Патеката ќе започне ...
– Дваесет години е време во кое се создава историја. Во тие две децении, Факултетот за арт и дизајн прерасна во простор на идеи, истражување и слободно креативно изразување. Простор во кој генерации студенти ја градеа својата авторска поетика, ги поставуваа своите први професионални прашања и ги обликуваа своите идни патишта. Овој факултет е резултат на заедничка работа на многу луѓе – сегашни и поранешни професори, асистенти, административен ...
На 12 јуни 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи значаен бизнис форум посветен на промоцијата на Република Северна Македонија како инвестициска дестинација и продлабочување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Турција. Настанот претставува единствена можност на едно место да се поврзат владините институции и бизнис заедниците од двете држави, создавајќи можности за креирање на нови партнерства и економски ...
Белите волци во скопската Зоолошка градина добија подмладок. Станува збор за две мали волчиња кои, како што велат од Зоолошката, веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот нивен тим. –Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и ...
Општина Бутел почна со поставување видеонадзор на јавните површини на нејзината територија. Ова, како што велат од Општината, го правата бидејќи во изминатиот период биле оштетени голем број детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови. –Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Поставувањето на видеонадзорот ќе ...
Вирално видео од американскиот претседател Доналд Трамп како седи со затворени очи предизвика реакција од тимот за социјални медиуми на Белата куќа. Администрацијата возврати во четвртокот откако снимката од 79-годишниот американски претседател како дреме на својот стол за време на настанот во Овалната соба за енергија почна да кружи на интернет. Една вирална објава, која е прегледана повеќе од четири милиони пати, се тврдеше дека Трамп ...
Норвешката принцеза Мете-Марит е ставена на листа на чекање за трансплантација на бели дробови, објави во петокот норвешкиот кралски дворец во Осло, а нејзиниот белодробно-специјалист ја опиша нејзината состојба како сериозна. Докторот Аре Холм изјави дека по сеопфатна медицинска проценка, таа е ставена на листа на луѓе кои треба да добијат трансплантација на бели дробови што е можно поскоро, според соопштението од кралскиот дворец. Лекар во ...
Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за наодите од ревизорскиот извештај за работењето на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за 2024 година, по серијата информации за сериозни неправилности што изминатите денови беа објавени во јавноста. Од Антикорупциската комисија соопштија дека предметот е отворен по сопствена иницијатива и дека ќе се испитуваат наводите за евентуална корупција, злоупотреба на службената ...
Со изведување материјални докази, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13. полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во ...
Европската Унија останува силно посветена на отворањето на пристапните преговори со Македонија, но договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат реализирани, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас. Повикувајќи се на неодамнешната порака на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Рокас нагласи дека обврските преземени во 2022 година мора да бидат исполнети за да продолжи евроинтегративниот процес. – Постои силна определба ...
Мазутот од истрагата и натаму ја разгорува дебатата во јавноста – имало или немало докази пред одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да ја затвори истрагата во Обвинителството за организиран криминал и корупција. На прес-конференција пред Обвинителството, опозицијата го повика републичкиот обвинител, Ненад Савески, да ги побара шокантните докази со кои располага министерот за внатрешни, Панче Тошковски. Реакцијата на СДСМ следува ...
Прекрасна девојка, ќерка на мои пријатели, со име кое речиси и да не било опеано во македонската народна и забавна музика! Популарниот Влатко Миладиноски повторно создава корисна еуфорија. Тој, деновиве, ја израдува многубројната публика со новата песна, која е едноставно насловена по убавото женско име Михаела. Заедно со својот брат, Златко Миладиноски, и неговиот оркестар, создадоа уште една убава песна која му одговара на секое уво, без ...
Цедето „Балкански жубор“ не е само обичен музички продукт кој ќе ги краси витрините во музичките продавници во Белград или во Скопје, туку тоа е нешто што мора задолжително да го имате во вашата домашна ризница на истенчени вкусови Јове Кекеновски – добро познат македонски универзитетски професор, политиколог, колумнист, политичар, но и уште попознат музичар, маестро на хармониката, за српската издавачка куќа ПГП-РТС сними вонсериски авторско ...
Познатиот холивудски актер Џејмс Хенди (81), кого публиката го памети по своите улоги во филмовите „Топ Ган: Маверик“, „Џуманџи“ и „Арахнофобија“, трагично почина откако беше брутално избоден. Според Полициската управа на Лос Анџелес (LAPD), актерот бил пронајден во среда наутро пред куќа во Тарзана со ужасна убодна рана во градите. Хенди бил итно префрлен во болница, каде што лекарите, за жал, можеле само да ја потврдат неговата смрт. Главен ...
Македонија продолжува со интензивно усогласување со европската енергетска регулатива и зајакнување на својата улога во регионалните енергетски процеси, беше истакнато на Енергетскиот форум на Енергетската заедница што се одржа во Атина, каде што учествуваше заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ. Тој ги презентираше реформските активности и напредокот на државата во транспонирањето на европското ...
Непознато лице во раните утрински часови фрлило експлозивна направа врз семејна куќа во Нов Белград, предизвикувајќи значителна материјална штета на објектот, соопштуваат регионалните медиуми. Експлозијата се случила околу 3:20 часот наутро на улицата Нехруова, при што од силината на детонацијата целосно е оштетена фасадата на куќата, скршени се прозорците, а видливи оштетувања има и на самата тераса. Според првичните неофицијални информации, ...
Јавната установа Национален парк „Галичица“ го објави новиот ценовник за надоместоци за влез и користење на услугите во паркот за 2026 година. Ценовникот опфаќа широк спектар на услуги и активности, меѓу кои влез и престој во заштитеното подрачје, паркирање, кампување, посета на туристички и едукативни локалитети, користење на специјални објекти, фотографирање и снимање, како и организирање спортски, културни и други настани. Според новите ...
Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај дивиот пешачки премин во близина на Бит Пазар во Скопје, локација која подолго време се посочува како ризична за пешаците. Автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале булеварот. По несреќата, повредените биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. На местото на настанот пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а се ...
Македонската планинарска сцена се збогати со уште една значајна маршрута откако Асоцијацијата „Македонска бесконечна трансверзала – Самиана“ ја промовираше новата секција Z2, позната како „Балканска небесна трансверзала“ или „Balkan Skyline Trail“. Станува збор за високопланинска патека долга 202 километри, која се протега по највисоките делови на Шар Планина и планинскиот масив Кораб. Со просечна надморска височина од над 2.000 метри, рутата ...
Владата инвестира 4,2 милиони евра за набавка на нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Според вицепремиерот Александар Николоски, ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со состојбата со хигиента. – Се купуваат 49 возила од различен тип, со кои ќе им се помогне на градот Скопје и на останатите општини да ја подобрат состојбата со хигиената – изјави Николоски по средбата во ...
Проектот има за цел унапредување на квалитетот на водоснабдувањето и намалување на загубите во водоводните системи во општините. Се предвидува зголемување на енергетската ефикасност и воведување современи решенија за одржливо управување со ресурсите со што, се очекува граѓаните да добијат подобри услуги и да се зајакне стабилноста на јавните претпријатија. Подобро водоснабдување, намалување на загубите во водоводните системи, пониски трошоци ...
На настанот, кој ќе се одржи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, покрај Дуковски ќе се обратат и уредничката на книгите Оливера Ќорвезироска и Ана Стојаноска (директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“), која е и авторка на поговорот. Изданијата, насловени „ДРАМИ – Книга 1“ и „ДРАМИ – Книга 2“, се објавени во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, под импринтот „Арс Либрис“. Во првата книга се застапени драмите: ...