ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. -Полицијата поднесе ...

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли приказните што кружат во западните земји за наводен претстоен руски напад врз НАТО, опишувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и „намерна манипулација“, а во исто време рече дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно некој што е неутрален да посредува во преговорите со таа земја. „Која е поентата да се напаѓа Европа и да се бориме против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 ...

Грчките возачи се меѓу најопасните во Европа во однос на нивното однесување зад воланот, објави денес „Катимерини“, повикувајќи се на најновите резултати од анкетата за одговорно возење. Клучните наоди покажуваат дека 66 проценти од грчките возачи ги користат своите телефони додека возат, 41 процент возат многу уморни, а 10 проценти возат под дејство на алкохол. Сепак, се наведува дека 97 проценти од нив го опишуваат своето однесување при ...

Во приморскиот град Тиват во Црна Гора денеска се одржува Самитот Европска Унија-Западен Балкан, во чиј главен фокус ќе биде проширувањето на Унијата. Се очекува лидерите на Европската Унија да испратат порака до земјите од Западен Балкан дека нивните изгледи за членство остануваат реални, и покрај несогласувањата меѓу земјите-членки околу идното проширување на Унијата. На самитот ќе присуствуваат повеќе од 30 европски лидери, вклучувајќи го ...

Ранјо Неро, католички (францискански) монах од 14 век, е познат по своите неверојатно точни пророштва запишани во „Вечната книга“. Во неодамна дешифриран ракопис, тој најавил појава на крвава месечина и сонце без круна во јуни 2026 година, што експертите го поврзуваат со целосно затемнување на Месечината. И додека сите претежно се држат до познатиот Нострадамус, кого го цитираат на многу места, друг средновековен монах, чии ракописи сè уште ...

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да се сретне со Путин. „Имав прилика да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков, според ТАСС. ...

Француски борбени авиони минатата недела пресретнаа 11 руски авиони како дел од мисијата на НАТО за воздушно набљудување долж источното крило на алијансата, потврди портпарол на француската војска. Полковникот Гијом Верне изјави дека француските „Рафали“ полетале од Литванија неколку пати за да пресретнат руски авиони што летале без планови за летање или радио комуникации. Меѓу нив биле транспортни авиони како што се „Иљушин Ил-18“ и „Антонов ...

Во романското пристаниште Констанца во тек е тревога, поради експлозија на морски дрон. Властите го активираа планот „Црвена интервенција“, а според првичните информации, нема жртви, објавува романскиот портал Диги 24. Диги 24 наведува дека дронот, веројатно од украинско потекло, бил во близина на нафтениот терминал. Областа е изолирана од раните утрински часови, а полициски и истражи екипи се на лице место. Објектот е забележан утрово околу ...

Предизборната трка за претседател на Реал (М) доби нова димензија откако Енрике Рикелме се појави пред јавноста со смели ветувања. Негов главен противник е актуелниот претседател Флорентино Перес, но Рикелме не ги крие своите амбиции да го преземе раководството на „кралскиот клуб“. На самиот почеток од својата кампања, Рикелме го привлече вниманието на медиумите и на навивачите, појавувајќи се во дресот на Ерлинг Халанд со бројот 9. Рикелме ...

Челниците на Атлетико (М) се надеваа дека нема да дојде до тоа и дека ќе можат да го убедат да се премисли, но ништо нема да произлезе од тоа бидејќи Хулијан Алварес има тим од соништата и сака да игра за него веќе од ова лето. Имено, станува збор за тимот на Барселона, а Аргентинецот сака да стане дел од каталонскиот гигант што е можно поскоро, но Атлетико (М) прави голем проблем. Раководните лица на популарните „јорганџии“ се обидуваат на ...

Форбс проценува дека американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт станала најбогатата музичарка во историјата со богатство од две милијарди долари, што е зголемување од 100% во споредба со 2024 година. Свифт (36), пејачката зад големите хитови како „Shake it Off“, постигна статус на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras“. Форбс ја нарече Свифт една од комерцијално најуспешните текстописци на сите времиња. Свифт ја ...

Англискиот портал Гив ми спорт состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Интересно, место во авионот за СП 2026 би имало и за двајца репрезентативци на Македонија, Столе Димитриевски и Елиф Елмас. Освен конечниот список со фудбалери, порталот даде детално објаснување зошто тие играчи би го носеле дресот на Југославија на најважниот спортски ...

Случајот што го објави МВР за нелегална продажба на бебе, не само што е идентичен во шемата за посредување – сиромашна мајка, брачен пар што посакува дете, и двајца посредници, со случај од минатата година туку и во двете соопштенија на полицијата, тогаш од март 2025 година и сега, се повторуваат иницијали Ф. А. и Ѓ. К. од кои првите иницијали се на згрижувачка на деца без родители. Имено, новата кривична пријава опфаќа шестмина осомничени – ...

Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот достигна рекордни 98,3 билиони долари минатата година, што претставува раст од 8,7 проценти во споредба со претходната година, според ново истражување на „Капџемини“. Според анализата, главните двигатели на растот биле закрепнувањето на финансиските пазари, растот на берзите и зголемувањето на вредноста на инвестициските портфолија, вклучувајќи акции, обврзници и приватен капитал. Минатата ...

Научниците од Универзитетот во Кембриџ развија „фундаментално нов“ тип на вакцина чија клучна состојка е целосно дизајнирана од вештачка интелигенција и тестирана на луѓе за прв пат. Вакцината е дизајнирана да делува против сите коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на Ковид и вирусите што се пренесуваат од животни на луѓе, со цел да се спречат идни пандемии. Истражувачите ги анализирале генетските кодови на различни коронавируси и ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави вчера дека Русија е подготвена и има волја да преговара со Украина мирно, врз основа на преговорите дискутирани на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Анкориџ, Алјаска. Путин изјави за време на состанокот со раководителите на меѓународните новински агенции на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ) дека предлозите на Трамп за Украина би можеле да бидат ...

Австриските медиуми известуваат за вчерашниот ден во Хрватска како „црн четврток“ за нивната земја. Шокот и тагата во Австрија сè уште не се смирени по ужасната несреќа во Хрватска, каде што четворица Австријци загинаа во пад на мал авион во близина на Медулин вчераутро, а истиот ден се случи уште една трагедија во која учествувале двајца австриски државјани кои биле на одмор во Хрватска. Како што објави доцна синоќа австрискиот весник ...

Ситуацијата на граничните премини меѓу Црна Гора и Србија се нормализираа доцна синоќа откако службениците од Српската безбедносно-разузнавачка агенција (БИА) се повлекоа од граничните премини, дознава ТВ Вијести. Поради враќањето на авионот со 87 мажи блиски на Вучиќ од аеродромот Тиват во средата, Србија од вечерта во 19:30 часот спроведуваше детални проверки на црногорските граѓани на граничните премини, па имаше чекање од над шест часа за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати отворено писмо до Путин, во кое му упатува лична покана и му нуди средба лице в лице за да се стави крај на војната. Писмото е објавено еден ден откако Украина започна голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи големо нафтено складиште и воени цели, истото утро кога Путин беше домаќин на светските лидери во градот за неговиот клучен економски форум, објави „Киев Индепендент“. Во писмото, ...

Претставничкиот дом на САД гласаше за запирање на војната на претседателот Доналд Трамп со Иран, која сега е во четвртиот месец, додека страните не успеваат да постигнат заедничко решение во мировните преговори. Гласањето одржано во средата беше првиот успешен обид на пратениците да ги принудат Соединетите Држави да го прекинат конфликтот кој има сè покатастрофални последици, од илјадници цивилни жртви до прекини во глобалната трговија. Исто ...

На Француско-иранската авторка, уметница и филмска режисерка Марџан Сатрапи, која стекна светска слава со графичкиот роман и филмот „Персеполис“, почина на 56-годишна возраст, потврдија луѓе блиски до уметницата, пренесе „Би-би-си“. „Марџан Сатрапи почина од тага нешто повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот“, се вели во соопштението, според „Ле Монд“. Сатрапи, гласен критичар на ...

Околу 26 проценти од Французите му веруваат на претседателот Емануел Макрон да ги реши проблемите со кои се соочува Франција, покажуваат резултатите од објавената анкета во која се наведува дека ова е најдобриот рејтинг за Макрон во последната година. Емануел Макрон доби шест проценти поголема популарност меѓу Французите во споредба со истиот барометар објавен во мај, кој ја мери довербата на Французите во способноста на Макрон „ефикасно да ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи вечерва директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти украинското претседателство. Зеленски го обвини својот руски колега дека речиси половината од своите 26 години на власт ги посветил на водење војна против Украина и додаде дека судирот на Путин е „личен избор“. Зеленски изјави дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи отворање на директни ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Гренланд е дел од Данска „засега“, но во исто време нагласи дека Вашингтон останува активно вклучен во разговорите за идната улога на овој остров. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Рубио избегна директно да одговори на прашањето дали на Вашингтон му е потребна сопственост врз територијата што е во рамките на НАТО алијансата за да може да ја брани, ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Москва ќе ја зајакне својата воздушна одбрана поради неодамнешните напади од страна на Украина. Одговарајќи на прашања од новинарите, Путин рече дека имало штета предизвикана од украинските беспилотни летала. „За жал, некои од нив продреле. Русија има систем за воздушна одбрана, треба да го подобриме, да го зајакнеме и тоа ќе го направиме“, рече Путин. Путин, исто така, додаде дека Русија е ...

Швајцарија ќе распореди околу 4.000 војници по границата со Франција за време на самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен од 15 до 17 јуни, соопшти швајцарската војска. Се очекува лидерите на големите светски економии, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, да присуствуваат на самитот на брегот на Женевското езеро, заедно со други високи делегации. Размерот на настанот и неговата близина до швајцарската граница бараат тесна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека би било „одлично“ ако претседателите на Русија и Украина се сретнат и постигнат договор за прекин на конфликтот. Коментирајќи го отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ја поддржува идејата за директен дијалог. „Не знам. Мило ми е што можеби зборуваат за состанок. Мислам дека имавме многу врска ...

Голема бура го тресе светското скијање само неколку дена пред претседателските избори во ФИС. Најголемите ѕвезди на спортот отворено го нападнаа актуелниот претседател Јохан Елијаш, обвинувајќи го за недостаток на транспарентност, неисполнети ветувања и сомнително управување со финансиските средства. Прв се огласи најдобриот скијач на денешницата, Марко Одермат, кој без двоумење порача дека сака промени на врвот на организацијата. Немам ништо ...

Холивудската актерка Шерон Стоун откри дека нејзиниот втор брак завршил откако нејзиниот тогашен сопруг реагирал негативно на нејзината одлука да се подложи на сериозна медицинска процедура за време на здравствената криза во раните 2000-ти. Појавувајќи се во подкастот „Лицето кое веруваше во мене“, Стоун рече дека лекарите откриле тумори во нејзините гради, од кои еден бил поголем од целата нејзина лева града, објави „Дејли бист“. Според неа, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54