Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, Македонско здружение за заштита при работа денес го одбележува овој значаен датум со објава на Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и ...
Денеска (28.04.2026) со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија на ул.„11-ти Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот ...
Екипите на Денвер и Минесота синоќа го одиграа петтиот натпревар во плејофот на НБА Лигата. Денвер на домашен терен победи со резултат 125:113 и намали на 2:3 во вкупниот скор. За победата на Денвер најзалужен беше Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени. Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и ...
Денеска во кривичниот суд во Идризово, продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, кое влегува во фаза на изведување материјални докази. Се очекува денеска да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот. Од Обвинителството посочуваат дека по изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, ќе биде ...
НАТО размислува за прекин на своите годишни самити, потег што би можел да избегне потенцијално напната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во неговата последна година од мандатот, соопштија шест извори. Администрацијата на Трамп постојано критикуваше многу од 31-те други членки на одбранбената алијанса предводена од САД, неодамна издвојувајќи некои за тоа што не обезбедуваат доволна поддршка за американските воени операции против ...
Оние кои сакаа да посеат раздор и да го разнишаат руското општество згрешија, бидејќи не ја разбираат Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред Советот на законодавци. Тој истакна дека Русија е соочена со предизвици без преседан и мора достоинствено да ги надмине, но не смее да се фокусира само на забраните. – Нашиот политички систем, сите гранки и нивоа на власта, вклучително и парламентарната институција, ја докажаа својата ...
Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пренесе ДПА. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека секој што не бил даночен резидент во Турција во последните три години, нема да мора да плаќа данок на приходот заработен во странство во период од 20 години по неговото враќање. Говорејќи на конференцијата со наслов „Турција – силна локација за ...
Дуа Липа и Калум Тарнер планираат да се венчаат во септември оваа година, а раскошната церемонија е закажана во Палермо, пишува „Giornale di Sicilia“. Како што понатаму наведува медиумот, Дуа Липа и Калум Тарнер веќе интензивно се подготвуваат за својата венчавка во Палермо, Италија, а лицето кое им помага во организирањето на церемонијата е веќе на локацијата. На венчавката ќе присуствуваат семејството и блиските пријатели и, според ...
Денеска на ул.”Панајот Гиновски” во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР, лишен од слобода е возач на автобус марка “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола. Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје ...
Големите љубители на ќофтиња нема да можат да одолеат на фантастичниот вкус, а сливите им даваат посебен вкус.. Состојки: 400 грама мешано мелено месо 1 парче леб 4 лажици лебни трошки 1 дл млеко 1 јајце 10 суви сливи 2 главици кромид и 2 чешниња лук 100 грама ориз 1 лажичка мелена пиперка, бибер и сол 6 дл говедска супа 40 грама пармезан сирење 2 дл сок од домати 5 лажици масло Подготовка: Потопете го лебот во млеко, исцедете го и издробете ...
Двата финални натпревара на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје македонските селекции (момчиња и девојчиња) ќе ги играат во СЦ „Јане Сандански“ Први на терен ќе се појават кадетките, кои во финалето ќе играат против Хрватска, а почетокот на овој дуел е во 14 часот. Кадетите два часа подоцна во финалето ќе играат против Израел. Во денешните полуфинални дуели кадетите ја победија Србија со 30:19, додека кадетките ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина под строги услови не е прифатлива за САД, ниту за другите земји. – Она што тие го подразбираат под отворање на преминот е тој да биде отворен за пловидба сè додека минувањето низ него се координира со Иран и се добива нивна дозвола, или ќе ве кренат во воздух и ќе ви наплатат – изјави американскиот функционер и повтори ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект. Кратка вербална расправија во угостителскиот објект ...
Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало. Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните се обрати и градоначалникот на ...
„Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието. И тоа е само уште еден спин на премиерот, кој што сака да го прикаже во јавноста како некое наше бегање од работата во институциите. Вистината е дека ние, доколку се донесе тој Закон за влада, шверцерски, и се укине Пржинската влада во ситуација кога целосно е контролирана државата, еднакво како во времето на Никола Груевски, контрола на судството, што го прави истото сега ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Е.(31) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење “. Пријавениот, во текот на 2025 и 2026, ја следел неговата поранешна 34-годишна партнерка, а на социјалните мрежи, преку лажни профили и упатувал закани на неа и на нејзиното семејство. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Е.(31) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја проследи вежбата „Блесок 26″, дел од програмата на НАТО, којашто се реализираше од 19 до 27 април на полигонот „Криволак”. Според неа, уште еднаш се докажа дека највисоките оценки за Лесната пешадиска баталјонска група не се случајни, туку се засновани врз манифестираното знаење, дисциплина, искуство и одговорност на македонската Армија, што ја профилираат како рамноправен, квалификуван и ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно Киев да прифати загуба на некои од своите територии во иден мировен договор со Русија, посочувајќи дека таквите отстапки би можеле да бидат предуслов за членство на Украина во Европската Унија. – Во одредена фаза, Украина ќе мора да потпише договор за прекин на огнот, а се надеваме и подоцнежен мировен договор со Русија. Тогаш можеби ќе биде неопходно некои ...
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, јавија руските новински агенции. – Почитуван господине министер, драги пријатели, дозволете ми срдечно да ве поздравам овој пат во Санкт Петербург. Би сакал на почетокот на разговорите да забележам дека минатата недела добив порака од врховниот лидер на Иран – рече рускиот претседател на почетокот на средбата со иранската делегација предводена ...
Примиерот Христијан Мицкоски денеска, при увид на реконструкцијата на Универзална сала беше прашан за мислење околу одлуката на Апелациониот суд во Скопје за случајот „27 април“. – Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски. Премиерот со жалење ...
На 26.04.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од с.Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „бмв”, Ф.М. и сопатничката ...
Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот. Од Обвинителството посочуваат дека по изведувањето на обдукциските наоди ...
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. “50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена ...
Соопштение на Левица: Денес, на Комисијата за економски прашања, пратениците од Левица започнаа со филибастер, односно долго говорење по претходно поднесените 1.000 амандмани кон предложените измени од ДПМНЕ по скратена постапка за Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, како нужност да се апелира за опасниот законски инженеринг кој треба да го легализира веќе постоечкиот хаос и грабеж во секторот на ...
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката. Станува збор за злонамерна кампања во која од корисниците се бара да внесат податоци за своите платежни картички и лични информации, со цел нивна злоупотреба. Анкетата не е поврзана со Халкбанк и претставува обид за измама. Банката ...
Израелската војска соопшти дека денеска во Либан извршила нови напади врз цели кои му припаѓаат на Хезболах, поддржан од Иран, и покрај тоа што примирјето формално останува во сила. Израел соопшти дека погодил инфраструктура поврзана со групата во јужен Либан, како и во долината Бека на исток, област која Израел не ја гаѓаше откако примирјето стапи во сила. Либански безбедносни извори наведоа дека израелските сили погодиле локации кои се ...
Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир. Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево. Претходно во текот на денот пласман во големото ...
Иран изјави дека е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина ако САД ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и војната против Исламската Република и предлага прашањата околу нуклеарната програма на Иран да се дискутираат во подоцнежна фаза, изјавија регионални претставници. Понудата на Иран дојде откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја посети Русија, клучен сојузник на Техеран, објави американското издание ...
Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал. Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20. Македонската женска репрезентација се ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска е запознаена со случајот на врсничко насилство во училиштето во Ѓорче Петров. Како што изјави денеска, школото веќе постапило, пријавило во полиција и во социјалните служби, а и самото преземало мерки. Таа апелира до родителите, повеќе да внимаваат и повеќе време да минуваат со своите деца. – Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива информации за ваквите настани и ...