Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на Хаити, објави Амбасадата на САД на Хаити на платформата Икс. Американската флотила е испратена на Хаити по наредна на министерот за одбрана Пит Хегсет, како дел од „Операцијата Јужно копје“ насочена против ...

Со денешниот настан се одбележува официјалното отпочнување на проектот „Грантова шема за поддршка на зелени бизниси 2026–2030″, кој го имплементира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Проектот претставува една од најзначајните инвестиции во зелена економија досега и има за цел да ја забрза зелената транзиција на малите и средни претпријатија во Република Македонија. На свеченото отворање на настанот се ...

Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и најнемилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права, оценува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи. „Ќе се памти по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението и ги сподели проекциите, според кои, македонското население може да се намали од ...

Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица поради измените на ЗБСП, на крстосница за село Ореовец на планинскиот превој Плетвар, на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско. Патниот сообраќај е во прекин во двата правца. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ. Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје кон Охрид. Возилата се пренасочуваат преку регионалениот ...

На 03.02.2026 во 13:50 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода А.М.(23) и С.М.(47), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека на неколку локации во Велес извршиле кривични дела „тешка кражба” и „кражба”. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настаните, по што против нив ќе бидат поднесени ...

Ако минималната плата се зголеми на 600 евра, тоа ќе донесе затворање на голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. – Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра. И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите. Владата вели за работниците „нема пари”. Но има пари за ...

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев. „Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави: „Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата.” Претседателот на Владата ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер, Гоце Делчев. “Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност. Делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и ...

На 04.02.2026 околу 00:30 часот на ул.„Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода А.Л.(28) и А.Л.(23) двајцата од Дебар. Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што А.Л.(28) со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а потоа побегнале. Набргу, по преземени мерки, ...

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари. Бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога бeше поднесена 91 кривична ...

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ. Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на ...

Министерството за внатрешни рабпти информира дека во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило. „Апелираме до сите ...

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото” таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашата. Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба. На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност. ...

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Излезе цел албум со слики на Мицкоски со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија”, излегоа повеќе. Од тогаш молк. Молчи ВМРО, молчат институциите. Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе? Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, ...

Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, почина, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали. Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен. Саиф ал-Ислам е убиен во „предавнички и кукавички“ чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан, соопшти кабинетот. Неговиот адвокат Халед ал-Заиди ...

Најмалку 15 лица го загубија животот, а 24 се повредени во тешка поморска несреќа што се случи во близина на грчкиот остров Хиос, соопштија грчките власти. Меѓу повредените има 11 деца, како и двајца припадници на грчката крајбрежна служба. Потрагата по евентуални исчезнати лица продолжува и денеска. Според официјалните информации, од морето биле извлечени телата на 14 мигранти, додека една жена починала подоцна во болница како последица на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…? Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта. Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во ...

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците. „Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и венецуелското раководство се сложуваат многу добро и дека приближно 50 милиони барели венецуелска нафта се на пат кон Хјустон, Тексас. На прашањето на новинарите во Овалната соба дали планира да соработува со колумбискиот претседател Густаво Петро за борба против терористичките организации во Венецуела, Трамп рече дека ќе го стори тоа затоа што тоа е она што тие го сакаат. „Се ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека е јасно кој ќе ја добие војната во Украина и дека е сосема непотребно Европската Унија, како што рече, да „го продолжува убивањето“ со испраќање милијарди евра и оружје во Киев. По средбата со тајландскиот министер за надворешни работи Сихасак Фуангкетке, Сијарто истакна дека Тајланд е еден од клучните партнери на Унгарија во Југоисточна Азија и нагласи дека двете земји го ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Првата половина од февруари 2026 во Македонија ќе биде многу променлива и често врнежлива. Постојано ќе бидеме под влијание на циклонски активности (поле со нисок воздушен притисок) со центар над Џеновскиот залив. Во ваква ситуација кај нас во Македонија ќе имаме често врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од ...

Вечерва транзитниот пат во Струмица, во близина на Ромското маало, беше блокиран од група граѓани кои јавно го искажаа својот револт поради казните што Министерството за внатрешни работи ги изрекува со новиот закон за прекршоци во сообраќајот. Дел од учесниците протестот го пренесуваа во живо на социјалните мрежи, упатувајќи критики кон новиот режим на санкционирање. Граѓаните запалија гуми на коловозот, поради што во овој дел од градот беа ...

Популарните смирувачки звуци, познати како „розов шум“, како дожд, бранови или ветер, всушност може да го намалат квалитетот на сонот, покажува студија на Универзитетот во Пенсилванија. Истражувањето спроведено на 25 млади возрасни покажало дека умереното изложување на „розов шум“ го скратува длабокиот сон за просечно 19 минути фазата важна за меморијата, емоционалната регулација и развојот на мозокот. Експертите предупредуваат дека ефектот ...

Непријатните мириси во домот често не доаѓаат однадвор, туку се резултат на секојдневни навики на кои ретко им обрнуваме внимание. Оставањето валкани садови во мијалникот подолго време создава идеални услови за развој на бактерии и брзо ширење на непријатни мириси во кујната. Истото важи и за готвењето без соодветна вентилација – мирисите од храната лесно се задржуваат на ѕидовите, мебелот и ткаенините. Чест проблем се и влажните пешкири. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1029
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
7.72
62%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
86%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.37
83%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.22
71%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
6.69
71%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1033
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
66%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Родиум

374556.20

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Сребро

2696.16

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Калај

50.61

Паладиум

52052.06

Платина

68931.20

Злато

164352.04

Бакар

11.57