Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пред денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ семејствата на загинатите јавно алармираа за, како што тврдат, сериозни обиди за влијание врз сведоци во постапката. Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој го загуби животот кобната ноќ во дискотеката „Пулс“, изнесе обвинувања дека располагаат со информации за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството. Според нејзините наводи, лицето Ј.Ј., кое се наоѓа во притвор во скопскиот ...
Аеродромот во Берлин утрово објави дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи регионот на германската престолнина беше погоден од нов снег и замрзнат дожд. „Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин Бранденбург поради временските услови“, објавија тие, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш замрзнал. Прекинот влијае само на заминувањата, а дојдовните летови сè уште можат ...
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните ...
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеничката група на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, со кој се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми. Со Предлог-законот на Левица се прави неопходен и одлучен чекор кон дефинитивно укинување на ...
Соопптение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски. СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар. Но, она коешто е сомнително е како баш овие ...
На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ” во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок”, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. По преземени мерки, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Како во мафијашки филм, Македонија ја тресе огромен картелски скандал до 5 тони дрога, излегуваат слики на Мицкоски во друштв со криминалци, видео како Симе пука од автоматска пушка калашников, фрчат криминални тендери… И додека ова се случува нема одговори за главните прашања. Како 5 тони дрога поминале граница, кој е замешан, кој ќе одговара? Со денови нема одговори ниту на прашањата за поврзаноста на Симе ...
Овен Денес ќе чувствуваш силен внатрешен нагон да ги забрзаш работите, но токму тука лежи замката. На работа може да се појави ситуација што бара трпение и дипломатски пристап, наместо директен судир. Финансиски, избегнувај импулсивни трошоци. Во љубовта, ако си во врска, партнерот очекува повеќе разбирање, а ако си слободен/на, можно е запознавање со личност која ќе те заинтригира интелектуално. Бик Фокусот денес е ставен на стабилноста и ...
Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На минатото рочиште беа сослушани повеќе ...
Володимир Зеленски изјави дека завршувањето на војната е врвен приоритет на Украина и изрази надеж дека мирот може да се постигне во текот на следната година преку активни дипломатски напори и преговори. Во интервју за телевизијата Франс 2, Зеленски ја нагласи посветеноста на неговата администрација на мирно решение. „Навистина се надевам дека за една година ќе има мир во Украина. Ќе направиме сè што можеме. Тоа е наш приоритет, мој и на ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации. Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски. Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во нормални зимски услови, при што на одредени делници коловозите се влажни. Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност, особено во повисоките и планинските предели. Намалена видливост поради појава на магла, до околу 30 метри, е евидентирана на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, што дополнително ги отежнува условите за возење на оваа делница. Надлежните апелираат возачите да ја ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва во 23 часот и 10 минути регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на соседна Република Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците од сеизмолошките станици, земјотресот имал локална магнитуда од ML 3,7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на околу 150 километри југозападно ...
Меки, мирисни и лиснати, овие домашни кифли се совршени за појадок или ужинка. Подготвени со едноставни состојки и малку трпение, резултатот е неодолив – кифли кои ќе ја исполнат кујната со мирис на свежо печено тесто. Состојки: 600 грама брашно 1 коцка (40 г) свеж квасец 200 мл млако млеко 200 мл јогурт 100 мл масло 2 јајца 1 лажица шеќер Прстофат сол 250 грама маргарин или путер (растопен) 1 јајце (за премачкување) Сусам, ленено семе, ...
Во тек е координирана и дискретна полициска операција на повеќе локации во Струмица и Струмичко, како и во Скопје, каде објект во поранешниот индустриски комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од безбедносните служби. Иако официјални соопштенија сè уште нема, неофицијалните информации упатуваат на сериозен институционален ангажман поврзан со случајот на запленета марихуана во Србија и можните врски со македонски компании пишува НетПресс ...
Вашингтон пост“, весник во сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти денеска дека почнал со отпуштања во речиси сите свои новински редакции, во обид да ги намали загубите и да ја врати профитабилноста на весникот, пренесува „Блумберг“. Во соопштението не е прецизирано колку работни места се укинуваат, но претходно се проценуваше дека весникот планира да отпушти околу 300 луѓе, со значително намалување на редакциите за спорт и надворешна ...
Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, потпиша резолуција, одобрена од Советот на министри на крајот на јануари, со која им се дава право на жените да возат мотоцикли и скутери. Жените во Иран сега можат формално да добијат возачка дозвола за мотоцикли и скутери, објавија иранските медиуми. Според сообраќајниот закон, на жените не им било експлицитно забрането да ги возат, но во пракса властите не им издавале дозволи. Поради оваа ...
Кремљ денеска соопшти дека има контакти со Париз за можна средба меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. „Постојат контакти на оперативно ниво, но во моментов не можеме да објавиме ништо конкретно за таа тема“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Макрон вчера изјави дека се подготвува продолжување на дијалогот со Путин, објавија француските медиуми, и потсетија дека францускиот претседател ...
Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија што започнала на ТикТок. Образложението на владата беше дека тоа е „поради ...
Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите, од улица Струма во општина Карпош и дел од корисниците, на, Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во општина Аеродром. Како што соопшти Центар за управување со кризи без електрична енергија од 8:30 до 13:30 ке останат и дел од корисниците, на ул.8 и 11 Белимбегово во општина Илинден. Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите, од улица Струма во општина ...
Рајан Весли Раут (59), човекот кој се обиде да го убие американскиот претседател Доналд Трамп додека играше голф во Јужна Флорида, денеска е осуден на доживотен затвор. На 23 септември 2024 година, Раут беше прогласен за виновен за обид за убиство на тогашниот претседателски кандидат Трамп во голф клубот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич, објави „Ју-Ес тудеј“. За време на инцидентот, агент на Тајната служба го забележал Раут со оружје и ...
Кинески тим претстави хуманоиден робот во природна големина, способен да трча со брзина од 10 метри во секунда, што е побрзо од повеќето луѓе. Роботот, наречен „Болт“ по легендарниот спринтер Јусеин Болт, е создаден од Институтот за хуманоидни иновации при Универзитетот Џеџијанг во источна Кина, во соработка со компаниите „Мирор Ми“ и „Каиерда“. Според програмерите, ова претставува значаен пробив во контролата на движењето на роботите, ...
Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени беа тајно снимени за време на интимни козметички третмани во салони за убавина, а снимките беа дистрибуирани на порнографски страници без нивно знаење или согласност. Жените биле снимени со скриени камери, честопати целосно голи, за време на ласерско отстранување на влакна и други процедури. Некои од снимките датираат од 2023 година и оттогаш се појавија на десетици ...
Од фејсбук статусот на претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, кој денеска јавно го отвори прашањето дали пратениците ќе гласаат во интерес на работниците или ќе продолжат да ги штитат сопствените плати. „Дојдовме по нивните плати. Ќе гласаат за себе, а против работникот, или ќе гласаат за работникот, а против себе? Ќе ги намалуваат нивните или ќе ги зголемуваат работничките плати?“, порача Трендафилов. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата остварил средба со известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, на која акцентот бил ставен врз потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. -Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за ...
Во град каде што секој сообраќаен прекршок може да биде забележан и санкциониран, квалитетната обука станува најважната инвестиција за безбедно и сигурно возење. Скопје повеќе не е исто кога станува збор за сообраќајот. Со воведувањето на Safe City камерите од страна на Министерство за внатрешни работи, започна нова ера во која сообраќајните правила престанаа да бидат „препорака“ и станаа реалност што строго се следи и санкционира. Овој ...
Советот на Европската унија соопшти дека усвоил денеска уште една од потребните одлуки за обезбедување заем од 90 милијарди евра за Украина. Во соопштението се наведува дека се предвидува Киев да почне да ги добива новите средства во второто тримесечје од годинава. На крајот на јануари, Европскиот парламент гласаше за забрзани преговори меѓу европските институции за обезбедување на заемот. Во декември минатата година, Европскиот совет одлучи ...
Според Националниот институт за статистика, Шпанија во 2025 година забележала рекорден број туристи – ја посетиле 96,8 милиони луѓе. Тоа е зголемување од 3,2 отсто во однос на 2024 година кога биле регистрирани 94 милиони странски посетители. Туризмот придонесува со 12,6 отсто во домашниот бруто-производ, што ја вбројува земјата меѓу водечките туристички дестинации во светот. Според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, ...