Фудбалската репрезентација на Македонија одигра добар натпревар, но остана без бодови кај Шкотска (1-2) во рамки на петтото коло од Б-сегментот од Лигата на нациите. На дуелот во Глазгов, нашиот национален тим успеа да го прекине голгетерскиот пост и го постигна првиот погодок во ерата на Гоце Седлоски, но еден спорен момент и одлука, го одведоа мечот во корист на домашните. Во последното коло на ЛН, Македонија ќе игра дома против Словенија. ...
По пауза од 323 дена, Македонија конечно постигна гол, а човекот кој го прекина голгетерскиот пост беше Елмин Растодер. Шкотите претходно преку Мекгин стигнаа до предност, но одговорот на нашата репрезентација беше брз. По нафрлувањето на Барди од корнер во 54. минута, Растодер скокна највисоко и ја затресе противничката мрежа за 1-1. По пауза од 323 дена, Македонија конечно постигна гол, а човекот кој го прекина голгетерскиот пост беше ...

