Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Бугарската влада на премиерот Росен Желјасков, денеска пред гласањето нејзина недоверба поднесе оставка, објави премиерот во кулоарите на Народното собрание. -Нашата коалиција се собра, разговараше за моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што мора одговорно да ги донесеме, рече Желјасков, додавајќи дека не се сомнева дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање недоверба. „Меѓутоа, одлуките на Народното ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ беше домаќин на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела П. Агелер, која првпат во својство на амбасадорка официјално го посети Градот. На средбата присуствуваше и делегација од Амбасадата на САД, а разговорот се одвиваше во отворена, пријателска и конструктивна атмосфера. Средбата, како што соопштија од таму, претставува значаен чекор во продлабочувањето на ...
Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ”, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови придонесувајќи во разубавувањето на празничниот амбиент на градот за време на Новогодишните и Божиќните празници. Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и ...
Соопштение на СДСМ: Само 10 минути по прес конференцијата на претседателот Филипче машинеријата на кујните на ДПМНЕ почнаа да работат. На пример, Vecer.mk, познатиот по Латас, кој очигледно повторно ја преземал улогата на главен и одговорен уредник на кујната на ДПМНЕ. И веднаш, по системот на ВМРО-ДПМНЕ само копи-пејст ја објавуваат и други: https://vecer.mk/makedonija/0ae56692-09c8-444d-80e0-5aba5822d724-1 ...
Со исклучително остра реторика, адвокатот Петре Шилегов – бранител на обвинетиот Шовкет Хазари, поранешен Државен советник во Министерството за економија – денеска сериозно го оспори квалитетот на обвинителниот акт за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. „Ова не заслужува да се носи името ’обвинителен акт‘, туку за жал, морам да кажам, тоа е правно-аналфабетски памфлет,“ изјави Шилегов пред судот. Иако посочи дека се соочуваат со „најтешкиот ...
Македонија е држава каде скандалот трае три дена, а функцијата – три мандати. Во нашата држава, политичката оставка е фантастично суштество: сите слушнале за неа ама никој ја нема видено. Додека во европските демократии една погрешна одлука или пропуст е доволен мотив функционер сам да се повлече, кај нас дури и големи афери завршуваат со реченицата: „Нема потреба од оставка“. Скандалите траат три дена, а функцијата трае три мандати. Да се ...
На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија. Подоцна, во 19:20 часот на влезот во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти. -Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма. Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни аранжмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана, ниту постои политичка намера во таа насока. ...
На 10.12.2025 во 13:00 часот во село Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишија од слобода Б.Е.(30) од с.Жеровјане. Тој се сомничи дека во период од неколку денови извршил кражба во напуштена штала во с.Теново, сопственост на Л.И.(22) од с.Теново, при што одзел повеќе предмети. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Одбраната на обвинетите вработени во Министерството за економија, тврди дека тие вршеле само службена проверка на документацијата за лиценци, без можност да предизвикаат или да придонесат кон пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. Во своите воведни говори пред Судот укажаа дека „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и дека немале ниту можност да вршат проверка дали кој било ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, генералната директорка на Стопанска банка АД Скопје, Хрисула Кутуди, и директорот на Природонаучниот музеј – Скопје, Ивица Заркадов, денеска потпишаа Меморандум за тригодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално збогатување на Музејот. Потпишувањето на Меморандумот се случува во пресрет на 100-годишнината од основањето на оваа музејска институција во ...
Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години. -Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ...
На 10.12.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември” е пријавено дека кај нив дошла 62-годишната Ј.Ф. од Скопје, која на 09.12.2025 околу 16:45 часот на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт” и ул.„Орце Николов” во Скопје била удрена од патничко возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од женско лице. По ударот лицето ја однелo во приватна здравствена установа, а по прегледот заминалo во својот ...
ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижено за здравјето на Венко Филипче. По денешната прес-конференција, увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува. Филипче денес на прес-конференцијата говореше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова го докажува моментот дека господиниот Филипче забегал со своите ставови. Филипче постави прашање за ...
Соопштение на ВЛЕН: Коалицијата ВЛЕН објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, наш кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта. Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на ...
Соопштение на СДСМ: Британската телевизија Great Britain News го потврдува договорот за мигранти во Македонија. „Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо ...
Денеска се одржа седмата по ред Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните”, која веќе традиционално ги обединува сите засегнати страни секоја година, служејќи како платформа посветена на постојано подобрување на процесот на децентрализација. Оваа година е од особено значење, бидејќи конференцијата се одржува во присуство на неодамна избраните ...
Во Собранието денеска пристигна Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За натамошната процедура, од Собранието најавуваат дека ќе информираат дополнително. Постапката за разрешување на Коцевски, која беше запрена по трагедијата во Кочани, а привремено стопирана во изборниот период, продолжи со одлука донесена од страна на Владата. Владата на завчерашната седница го усвои предлогот за разрешување на државниот ...
Во Париз, на 9 декември 2025 година, се одржа состанок на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која беше усвоена нацрт-резолуција за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Република Северна Македонија, информираат од македонското Собрание. Во заклучокот на нацрт-резолуцијата, која треба да се најде пред пратениците на пленарна седница во јануари 2026 година, се истакнува дека Парламентарното Собрание ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 Декември) и повторно во Недела (14 Декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и ...
Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент. Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување. Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со кои се враќа функционалноста, безбедноста и убавината ...
Соопштение на Левица: Иако е јасно дека директорот на СОЗР – Ивица Томовски важи за близок соработник на премиерот Мицкоски, Левица апелира институциите сериозно да ја разгледаат тендер шемата со компанијата ,,Сити Аутсорсинг”, како и поврзаноста на актуелниот управител на фирмата со директорот на СОЗР. За Левица е скандалозно што претходниот скандал со тендери каде беше инволвиран Ивица Томовски, Антикорупциска комисија го затвори со ...
ВМРО-ДПМНЕ ја издаде и ја предаде Македонија за мигрантски пари, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој посочи дека тоа е причината зошто Влдата ВМРО-ДПМНЕ, не дава конкретен одговор за договорот со Велика Британија, потсетувајќи дека СДСМ со денови бара конкретни одговори од премиерот Мицкоски. „Повеќе денови наназад предупредуваме дека премиерот Мицкоски ...
-Синоќа се случи инцидент. Повиците за насилство, претставници и симпатизери на власта резултираа со најголемиот медиумски инцидент после упадот во А1 телевизија во 2010 година, со физички напад во живо врз новинарите на Инфомакс, додека траеше програмата. Според информациите што ги добивме, напаѓачот е член на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на власта и на моќта синоќа ја видовме на дело, рече претседателот на СДСМ, Венко ...
Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано „Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат службено дејствие и да постапат по ...
Огромна дупка на пешачкиот остров со денови зјае на булеварот „Киро Глигоров“ во населбата Аеродром, непосредно пред црквата „Св Јован Крстител“. Дупката освен што е многу широка, длабока е и повеќе од еден метар па истата претставува сериозна закана за безбедноста на пешаците и велисепдистите кои минуваат тука, особено во ноќните часови. И покрај тоа што ситуацијата е таква повеќе од една недела, сепак ЈП „Улици и Патишта“ се уште ја немаат ...
Предизборната кампања за локалните избори не помина без употребата на религијата и религиските чувства на граѓаните, со цел привлекување повеќе гласови на изборите. Ова го покажува последното истражување „Религијата во политичките кампањи“ спроведено од страна на Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС), интернет порталот Религија.мк и фондацијата Конрад Аденауер (КАС). Речиси секој трет испитаник одговорил дека религијата била ...
По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата. Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот. Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите ќе се одржат во јануари 2026 година. Тимовите кои ќе завршат од првото до осмото место директно ќе ...
Денеска, Центарот за граѓански комуникации ги објави анализата и базата на отворени податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Истражувањето открива дека: · Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија. · Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. · На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место ...
На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната ...