Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против две лица – Б.М. (45) од Германија и Џ.А. (54) од тетовското село Шипковица. Тие се осомничени за сторување на кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Според информациите од полицијата, во текот на 2023 година, Б.М. како инвеститор и Џ.А. како изведувач на градежните работи, изградиле викенд-објект на катастарска парцела во катастарската општина ...

Военото лице е уапсено за оддавање доверливи воени информации на Кина. Тој е припадник на грчкото воено воздухопловство со висока позиција. Денеска беше изведен пред Воен суд, каде што побарал и добил рок до вторник за подготовка на исказот , јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на Националната одбрана на Грција вчера соопштија дека апсењето било во воен објект, во соработка и координација со други државни служби „поради јасни ...

Локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег не очекуваат во недела претпладне. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат и дека поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно ...

Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Екплозијата била предизвикана од зголемена концентрација на плин. „Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и жена која е преземена од ...

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а во истиот период со Велика Британија трговијата значително се зголемила за 18,9 отсто, покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика објавени денес. Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто повеќе во однос на претходната 2024 година. Трговскиот дефицит изнесуваше 3,5 милијарди ...

Претседателпот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ . Тој очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена ...

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Валентина Радуловиќ реагираше по информациите дека нејзиното име се поврзува со случај поврзан со издавање лични документи, категорично отфрлајќи каква било вмешаност во незаконски активности. Во објава на социјалните мрежи, Радуловиќ наведува дека станува збор за погрешно толкување на приватна комуникација, посочувајќи дека единствено што направила било да упати порака до пријател вработен во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко. На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците. Ќе се ...

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели. Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели, се наведува во ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека четири лица се осомничени за вмешаност во корупциска шема поврзана со посредување при издавање лични документи. Меѓу осомничените се поранешната македонска ракометна репрезентативка Валентина Радуловиќ, двајца полициски службеници и еден пожарникар. Според информациите од истрагата, во периодот од февруари до април 2024 година осомничените наводно посредувале за забрзано издавање на лични ...

Еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, кој е во бегство повеќе од 20 години, ќе биде екстрадиран во САД за да се соочи со судење. Даниел Андреас Сан Диего (47) е обвинет дека извршил два бомбашки напади во областа на Сан Франциско во 2003 година, за кои одговорност презеде група за права на животните. Сан Диего беше уапсен во ноември 2024 година на рурален имот во близина на шумата Конви во Северен Велс, каде што живеел под лажниот ...

Сега веќе и официјално граѓаните можат да видат како директно Алфа ТВ и Богдан Илиевски го бранат Орбан. Поинаков и подиректен начин од ова не постои. Како што кажавме, Петер Шац е сопственик на 99% од „CHS Invest Group” со мнозинство удели во телевизијата Алфа ТВ. Заедно со Агнес Адамик, сопственичка на речиси 40% од порталите, дел од медиумската мрежа за промоција на анти-ЕУ кампањата, авторитарните идеи но и црна кампања против ...

Кривично ќе се гонат двајца скопјани кои нападнале маж со остар и тврд предмет. – СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х. (25) и Е.Х. (20), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 28.09.2025 во село Чифлик, пријавените физички нападнале 34-годишен маж, користејќи остар и тврд предмет, а му го оштетиле и неговото возило, информираа од МВР. Кривично ќе се гонат двајца ...

Почина Коста Балабанов на 96 годишна возраст. Посмртните останки ќе бидат изложени на утре (07.02), сабота од 14:30-15:30 часот во капелата на градските гробишта Бутел. Д-р Коста Л. Балабанов (1929-2026) е една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство. Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави длабока трага во проучувањето, ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување. „Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази ...

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти во ...

Mинистерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји. Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се ...

Вкупната трговска размена во периодот јануари – декември 2025 година изнесува 19.553,6 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот на стоки достигнал 8.008,2 милиони евра и бележи пораст од 2,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот 11.545,4 милиони евра или 4,4 проценти повеќе. Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, ...

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом наспроти 32 % што живеат во изнајмени станови. Во Македонија речиси 87 % живеат во свој дом, а 12,9 % под кирија, покажуваат податоците на Евростат. Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини (68 %) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69 % во 2023 година. ...

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без трајни вработувања во Клиничка болница Тетово продолжува процесот со цел и за нив да се обезбеди решение за постојан работен статус. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу за тоа што ќе се случува со 40-тина лица медицински персонал и технички кадар кои во јануари и февруари одат на работа и без договор на дело. – Процедурите после Нова година значи во новата фискална ...

На националниот регистар на прописи (ЕНЕР) се поставени предлозите за новиот закон за високото образование и за законот за квалитет во високото образование, а деновиве ќе биде ставен и законот за научноистражувачка дејност. Ќе може да се доставуваат коментари и предлози за новите законски решенија, со кои МОН најави реформи во високото образование и во науката. Најзначајните новини денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за ...

Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, ...

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ. Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти. – По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Тој, претходно, вработен како инженер – агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, ...

Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи. На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, М.И.(45) од с.Палиград, општина Зелениково, пријави дека во 13:00 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син, додека се превезувал во автобус на ...

Американската војска соопшти дека вчера погодила брод за кој се сомнева дека се занимава со трговија со дрога во источниот Тихи Океан, објави ДПА. „Двајца наркотерористи се убиени во оваа операција“, соопшти Јужната команда на САД на социјалната мрежа „Х“. „Бродот го користеле одредени терористички организации и пловел по познати рути за трговија со дрога“, соопшти командата. Информацијата не може да се потврди независно, додаде ДПА. Од ...

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул. „Октомвриска Револуција” во Куманово, патничко возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”. Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
57%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
52%
1026
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
52%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
6.69
49%
1031
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.17
66%
1031
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
65%
1024
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
63%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1025
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
67%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1033
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
54%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
7.72
70%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Калај

50.61

Платина

68931.20

Паладиум

52052.06

Бакар

11.57

Злато

164352.04

Иридиум

231355.22

Родиум

374556.20

Сребро

2696.16

Цинк

3.24

Кобалт

66.14